Мото трка на моторџии од Делчево, Берово, Виница, Кочани и Македонска Каменица - Канал 5

Мото трка на моторџии од Делчево, Берово, Виница, Кочани и Македонска Каменица

 Во организација на мото клубот Ендуро тим од Делчево, денеска на локацијата Манастирски ендек се одржа мото трка со учество на моторџии од Делчево, Берово, Виница, Кочани и Македонска Каменица.

Мото трка на моторџии од Делчево, Берово, Виница, Кочани и Македонска Каменица

Учесниците се натпреваруваа во три категории, а за најдобрите тројца во секоја категорија беа доделени пехари и парични награди.

Дел од настанот беше и Јован Костадинов од Виница, момче кое за време на несреќата во Кочани помогна при извлекувањето на над дваесет млади лица спасувајки ги нивните животи.

Тој како што изјави за МИА, во мотокрос спортовите е од најмала возраст, а денес во во мотори со средна кубикажа, во која дисциплина се натпреваруваше го освои второто место.

-Патеката е добра, има доста места кои го креваат адреналинот на натпреварувачите. Честитки до организаторите на кои им посакувам уште многу вакви трки, изјави Костадинов за МИА.

Претседателот на Мото клубот Ендуро Тим Виктор Стојановски се заблагодари на сите кои придонесоа трката да помине без несакани последици.

-Денес имавме одличен настан на кој учествуваа околу 50 моторџии од горенаведените градови. Најдобрите во својата категорија добија награди и пехари. Честитки до победниците, а ние продолжуваме овде на оваа локација со заедничка дружба, рече Стојановски.

Мото клубот Ендуро Тим од Делчево постои пет години и досега има организирано повеќе вакви трки во Делчево.

Откриена комета - три милијарди години постара од Сончевиот Систем

Мистериозно меѓуѕвездено летечко тело е откриено од научниците од Универзитетот Оксфорд минатата недела, и веројатно се работи за комета што е три милијарди години постара од нашиот Сончев Систем.

Откриена комета - три милијарди години постара од Сончевиот Систем

Ова би можело да биде најстарата комета некогаш забележана, проценуваат астрономите.

Кометата, научно именувана „3-И / Атлас“ (3I/Atlas), првпат е забележана на 1 јули од телескопот „Атлас“ во Чиле, кога беше оддалечена околу 670 милиони километри од Сонцето. Во мигов, телото може да се види само со помош на многу моќни телескопи и е речиси исто толку далеку од Земјата колку и Јупитер, според првичните наоди претставени денеска на националниот состанок на Кралското астрономско друштво на Велика Британија во Дархам. Ова е само трет вакв откриен објект со потекло вон нашиот планетарен систем.

YouTube video

- Сите сме многу возбудени за „3-И / Атлас“... Брзината на кометата посочува дека е стара повеќе од седум милијарди години и дека можеби е најзначајниот „меѓуѕвезден посетител“ досега, изјави астрономот Метју Хопкинс.

Научниците веруваат дека, бидејќи „3-И / Атлас“ веројатно се обликувал околу постара ѕвезда, таа комета е составена од голема количина воден мраз. Ова значи дека како што се приближува кон Сонцето подоцна оваа година, топлината од нашата ѕвезда ќе ја загрее површината на телото, па така би можело да се создаде и карактеристичната светлечка опашка зад него.

Прво финале за Синер на Вимблдон

Ова беше петта последователна победа на Синер во мечевите со Ѓоковиќ.

Прво финале за Синер на Вимблдон

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер од Италија успеа да се избори за своето прво финале на Вимблдон откако во второто годинашно полуфинале го совлада седумкратниот победник на Вимблдон, Србинот Новак Ѓоковиќ. Синер мечот го доби со 3:0 во сетови (6:3; 6:3 и 6:4) за 1 час и 55 минути игра.

Во првите два сета Синер беше доминантен. Во првиот сет имаше два брејка, а во вториот еден и двата сета ги доби идентично со 6:3. Нешто повеќе неизвесност имаше во третиот сет. Ѓоковиќ поведе со 3:0 во гемови и пропушти брејк топка за 4:0. На тоа возврати Синер, кој ја поврати играта од првите два сета и поведе со 5:3 во гемови, а потоа ја искористи четвртата меч топка за 6:4 во гемови и конечни 3:0 во сетови.

Ова беше петта последователна победа на Синер во мечевите со Ѓоковиќ.

Во неделното финале Синер ќе игра против Карлос Алкараз, кој со 3:1 во сетови го совлада Тејлор Фриц. /МИА

Британски „стелт“ ловец Ф-35Б заглавен во Индија

Суперсовремениот британски авион ловец Ф-35Б, кој заглави на цивилен аеродром во Индија пред речиси еден месец, предизвикувајќи потсмев на социјалните мрежи, можеби ќе одлета дома следната недела – или можеби не, изјавија индиски официјални лица.

Британски „стелт“ ловец Ф-35Б заглавен во Индија

Ловецот со „стелт технологија“, еден од најнапредните во светот, кој чини 115 милиони долари, остана на Меѓународниот аеродром Тируванантапурам во јужната држава Керала поради дефект и веќе некое време го поправаат британски мајстори.

Овој авион на 14 јуни бил на редовна патрола над Арапското Море, но поради лошото време не можел да се врати на својот матичен носач на авиони „Принц од Велс“, па бил пренасочен кон Тируванантапурам. Но, потоа бил откриен дефект поради кој не можел никаде да полета.

Продолжениот престој во Индија на овој моќен авион, кој е гордост на угледната американска компанија „Локид Мартин“, предизвика потсмев на социјалните мрежи.

Дури и Туристичката служба на градот Керала се придружи на шегите со слика на авионот опкружен со палми и оцена од пет ѕвездички, со текст во кој се вели: „Керала е толку добра што не сакам да си одам. Секако ви ја препорачувам!“

- Тоа е нашиот начин да покажеме дека ги цениме Британците и да им се заблагодариме бидејќи се најбројни посетители на Керала“, изјави шефот на градската Туристичка служба, К. Бижу.

На Х беше направена и карикатура на која авионот ужива со грицки со група локални жители, со живописна позадина.

Во Индија се шпекулира дека, доколку не успее поправката на авионот, тој би можел да биде демонтиран и така превезен дома, но Министерството за одбрана на Велика Британија го негираше тоа.

притисни ентер