Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)
1Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)
КултураМОТ со 18 претстави, почнува со филмската пародија „Блокбастер" Редистрибуција на богатството во општество поделено на многу богати и многу сиромашни е тема која ја отвора претставата „Блокбастер“ на белгискиот „Колектив Мензуел“ која утре во МНТ ќе го отвори 43. Млад отворен театар. - Го поставуваме прашањето дали таа ситуација може да продолжи така или треба да се направи конфликт. Претставата третира проблеми за екстремната сиромаштија во светот, но и еколошки проблеми на планетата. Сакавме да создадеме сценарио во кое народот е разлутен, се разбудил и прави нешто во врска со тоа. Нашиот театар е ангажиран и политички афирмиран, зашто сметаме дека токму театарот е место за дискусија и дебата, рече денеска на прес-конференција Рено Рига, еден од петтемина учесници во проектот кој нема режисер. Тие се колектив во кој сите заедно (музичари, актери и уметници што се занимаваат со видео и кино) колегијално донесуваат одлуки. Рига истакна дека се обидуваат да бидат што популарни и пристапни до целата јавност, и до тие што немаат познавања за театарот и уметноста, и затоа користат хумор како инструмент за протест. Нивната 80-минутна претстава е филмска пародија, создадена со повеќе од 1400 кадри извадени од 160 холивудски филмови. Баптист Исаја, член на колективот, истакна дека со конструкција на деловите создаваат филм. За време на претставата, рече тој, филмот се прикажува во заднина, а на сцена ги произведуваат сите звуци и шумови, дијалози и целата музика. - Почетна точка на „Блокбастер“ е еден филм направен од водечките класи наменет за народните слоеви во општеството. Одлучивме да направиме еден аикидо чекор - го земаме оружјето од нашиот противник и го користиме против него, додаде Исаја, нагласувајќи дека се носат со политичката димензија на театарот и дека самото постоење на театарот е политички чин. Проектот е продуциран пред точно три години и имал повеќе од 200 гостувања. Технички невозможно било да ги добијат авторските права за сите филмови од кои извадиле елементи за претставата, особено затоа што за американските филмови нема застапници во Европа. - Но постои право на пародија, што значи може да се користи одреден дел или филм доколку целта е пародија и да направите публиката да се смее, а притоа не му штетите на самото дело или на авторот. Тоа ни овозможи да функционираме беа авторски права, рече Исаја. МОТ ќе трае до 28 септември и на програмата се 18 претстави со повеќе од 200 артисти кои ќе настапат на сцените во Скопје. Меѓу нив се и три македонски премиери. - Жанровски, естетски и програмски МОТ е можеби најразличен досега како целина. Девет фестивалски вечери со претстави од многу европски земји, во придружните програми и од Египет и Русија, рече Русе Арсов, директор на Младинскиот културен центар кој го организира фестивалот. Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на прес-конференцијата рече дека МОТ секогаш одел против стереотипите и ги кршел бариерите и границите на свој начин, со што, рече, е фестивал-предвесник на револуции во општеството. - И денес МОТ треба да го има тоа значење - да биде различен од конвенционалното. Очекувам многу инспиративни моменти на годинашниот Млад отворен театар, рече скопскиот градоначалник. Во деветте фестивалски дена МОТ ќе се одржува на осум сцени во главниот град - Македонски народен театар, Македонска опера и балет, Кино Култура, Македонска филхармонија, Универзална сала, Кино Фросина – МКЦ, Дансинг сала во МКЦ и Драмски театар. Програмата е веќе обајавена на mot.mk. До денес билетите се продаваат по цена од 200 денари, а од утре ќе бидат по 300 денари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиДрама во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)По одличната квалификациска сесија, Марк Маркез доживеа вистинска катастрофа на самиот почеток од спринтерската трка.Шпанскиот мотоциклист и десеткратен светски шампион сакаше да ја започне Спринт трката во Валенсија, во својот последен викенд во шампионатот Мото ГП, но неговиот мотор се запали на самиот почеток и тој мораше да ја напушти трката. Беше многу драматична сцена. Непосредно пред да се изгаснат стартните светла, возачите зад Маркез почнаа да мавтаат со рацете бидејќи видоа пожар. Потоа Маркез сфати дека нешто се случува, а чадот брзо се претвори во оган. Шпанецот се обиде да го турне моторот во боксот, но пламенот веќе зафатил добар дел од моторот, а тој беше малку изгорен. На крајот, стјуардите излегоа со противпожарни апарати и го изгаснаа пожарот на моторот. Марк Маркез ќе се збогува со шампионатот Мото ГП во недела во 13:00 часот, кога е закажана последната трка од сезоната во Валенсија. Lights ou...OH NO! MARC'S BIKE IS ON FIRE! 🔥😱 #ValenciaGP 🏁 https://t.co/njzVbiQmQ8 — MotoGP™🏁 (@MotoGP) November 28, 2026 Тагови: Валенсија Марк Маркез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
МакедонијаОбвинителството отвори истрага за претепаната жена од Гостивар- притвор за сопруготОсновното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство .Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. На 27 ноември, при вршење на семејно насилство, осомничениот 52-годишник со умисла се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга. При расправија во семејниот дом во селото Топлица, осомничениот употребил физичка сила и остар предмет со кој повеќепати ја удирал оштетената во главата, лицето и телото. На жената и нанел повеќе тешки телесни повреди, убодни рани и скршеници на повеќе ребра од кои таа паднала во бесзонание. Настанот во полициска станица го пријавил таткото на осомничениот, а кога полициските службеници пристигнале на местото, ја пронашле жената без свест. Ценејќи ги сите околности, тежината на стореното кривично дело, опасноста од бегство и влијание врз сведоци, како и можноста да го доврши делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
ЕвропаПодготвени за вонредна состојба: Три четвртини од Словенците дома имаат залихи од храна и пијалоци Околу три четвртини од Словенците имаат тридневна залиха од храна и пијалоци дома во случај на вонредна состојба, според анкетата на Националниот институт за јавно здравје на Словенија (NIJZ).Во онлајн анкетата, спроведена во септември како дел од студијата SI-PANDA, учествувале 1.502 возрасни лица на возраст од 18 до 74 години, објави денес RTV SLO. Резултатите покажаа дека девет од 10 испитаници имаат батериска ламба или свеќи дома, како и комплет за прва помош. Околу 61 процент од испитаниците имаат залиха од заштитни маски, средства за дезинфекција или сапун, додека 42 проценти имаат копии од најважните документи или пристап до нивните дигитални верзии. 41 процент од испитаниците поседуваат радио на батерии. Сепак, помалку од 40 проценти од жителите имаат тридневна залиха од вода за готвење и лична хигиена, или најмалку три литри по лице дневно. Околу 20 проценти од испитаниците имаат план за евакуација, додека само 15 проценти се договориле со семејството и пријателите за тоа како да се контактираат едни со други во случај на несреќа или вонредна состојба. Само околу 10 проценти имаат подготвена торба или ранец со најпотребните работи за брзо да го напуштат домот. Анкетата, исто така, покажа дека жителите на руралните средини се генерално подобро подготвени за вонредни ситуации од оние во градовите. Исклучок се копиите од најважните документи, кои се почести кај жителите на урбаните средини. NIJZ потсети дека во последните години Словенија се соочи со бури, поплави и други катастрофи кои влијаеле на секојдневниот живот на населението, но дека вонредните состојби можат да се појават и поради социјални и технолошки настани. Институтот ја нагласи важноста на планирањето, меѓусебната помош и подготовката на основните залихи, особено во случај на привремени прекини во снабдувањето со вода, електрична енергија, греење или храна. Европската комисија неодамна објави упатства за зајакнување на подготвеноста на населението, кои, меѓу другото, препорачуваат поединците и домаќинствата да бидат самоодржливи најмалку 72 часа во случај на прекини во снабдувањето или функционирањето на јавните услуги. Меѓу препораките е подготовка на торба или ранец со најпотребните работи во случај на итна евакуација.Тагови: вонредна состојба Словенците Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter