Јаневска: Стануваат видливи резултатите од научните проекти што ги поддржавме минатата година со буџет од 6 милиони евра
2Јаневска: Стануваат видливи резултатите од научните проекти што ги поддржавме минатата година со буџет од 6 милиони евра
3Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на Вучиќ
Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
2Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
КултураМОТ на 20 септември ќе почне со „Блокбастер"Со „Блокбастер“ - претстава со филмски кадри од 160 холивудски филмови, на 20 септември во Македонскиот народен театар ќе почне 43. Меѓународен театарски фестивал Млад отворен театар (МОТ) кој ќе се одржува до 28-ми месецов. Младинскиот културен центар, кој е организатор на МОТ, соопшти дека „Блокбастер“ или т.н. театарско НЛО, е претстава филм-пародија, создаден со повеќе од 1400 кадри извадени од 160 холивудски филмови. - Од таа гигантска монтажа се раѓа блокбастер со оригинално сценарио. „Блокбастер“ е приказна за насилството од доминантната класа на обичните луѓе каде што хуморот се користи како инструмент за протест, соопшти МКЦ најавувајќи ја програмата на фестивалот. Ќе гостува и Словенско младинско гледалишче со „Идиоти“ според сценарио на познатиот дански режисер Ларс фон Трир, претстава која едновремено е и смешна и критична, промислена, лесна и возбудлива. Германската претстава „Има уште“, пак, е експеримент и ново колективно кореографско искуство. Новосадско позориште ќе го претстави на сцена текстот на Данило Киш „Гробница на Борис Давидович“ во режија на Александар Поповски на унгарски јазик. На програмата е и „Странци“ во режија на Нела Витошевиќ за која МКЦ наведува дека е претстава што ги отвора дилемите колку соочувањето со вистината нѐ прави подобри луѓе. Португалската театарска компанија на Жоа Гарсија Мигуел ќе се претстави со „Го убивме шугавото куче“ - дел од проектот „Африкански бранови“, кој ги спојува Португалија и Африка,. „Балканската рута“ ќе ја прикаже рутата по која се движел театарскиот и филмски режисер Франц фон Столхен, по чие сценарио рутата почнува како театарски перформанс, во кој документарното и фикцијата се неделиви. Во претставата учествува и македонската актерка Наталија Теодосиева. На фестивалот ќе биде изведена и „Чудна шума“ на кореографката Искра Шукарова која ја поставува со студентите на ФМУ, како и премиерата „Шииит“ на домашната независна театарска трупа „Артопија“ во режија на Ирем Ајдим. На 43. МОТ ќе биде изведена и најновата претстава на Битолскиот народен театар „Но(е)ва Македонија“ во режија на Кокан Младеновиќ, ангажирана општествена сатира која реферира на историската мегаломанија на поранешната македонска власт. Дел од МОТ ќе бидат и соло-проектот на Словенецот Марко Булц „Прва алтруистичка приказна“, „Болница“ на Јо Стромгрен Компани од Норвешка, „Над земја под облаци // некаде помеѓу” во режија на Ирем Ајдим на „Ентропи студио“ од Истанбул. Веднаш по премиерата и отворањето на театарската сезона на Босанското народно позориште во Зеница, на 20-ви и 21 септември претставата „Буре барут“ на Дејан Дуковски, во режија на Нина Николиќ, доаѓа на МОТ како дел од културната соработка меѓу Босна и Херцеговина и Репубика Македонија. Ќе гостува и корејската претстава „(Во живо) БЈ Фауст“ на театарската компанија „Сисифе“ од Сеул, а фестивалската програма на 28 септември ќе заврши со „Црнила ремикс“ според класичното драмско дело на Коле Чашуле, музичко-драмски перформанс поставен од Јордан Симонов во продукција на Младинскиот културен центар. Во деветте фестивалски денови Млад отворен театар ќе се одвива на осум сцени низ Скопје - Македонски народен театар, Македонска опера и балет, Кино Култура, Македонска филхармонија, Универзална сала, Кино Фросина – МКЦ, Дансинг сала во МКЦ и Драмски театар. Цената на билетите во претпродажба до 19 септември е 200 денари, а потоа за сите претстави ќе чинат по 300 денари. Фестивалот ќе има и богата придружна програма - два концерта, изложба „Сценографии 35“ - ретроспектива на 35-годишната сценографска кариера на авторот Крсте С. Џидров, одбележување 70 години на меѓународната мрежа на Интернационалниот театарски институт на УНЕСКО со претставување на драмската авторка, филмски сценарист и актерка од Русија, Јарослава Пулинович и промоција на електронската книга „Сирота мала богата драма“. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинчев од Приштина: Ставаме крај на нефункционалноста, со професионални кадриСтаваме крај на нефункционалноста, со професионални кадри, јасни правила и одговорност до институции што испорачуваат резултати!Јавната администрација е оперативниот мотор на државата, а нејзината сила се мери според способноста да решава проблеми, да презема одговорност и да испорачува резултати. Ова беше пораката на министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на Министерскиот панел во рамки на меѓународната конференција „Косово ПАР 2026“ во Приштина. Тој истакна дека реформата на јавната администрација подразбира суштинска промена во функционирањето на институциите, од бирократски процедури и формално исполнување обврски кон професионално работење, јасни правила и мерливи резултати за граѓаните. „Со реформите во Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор воспоставуваме систем во кој професионалноста, компетентноста и одговорноста ќе бидат мерило за сечија работа. Оние што работат квалитетно, покажуваат посветеност и постигнуваат резултати мора да бидат препознаени и соодветно наградени, но исто така, оние што не ги исполнуваат работните обврски и не ги оправдуваат очекувањата мора да сносат соодветни последици. Не може да бараме ефикасни институции без јасни критериуми и без систем во кој секој административен службеник знае дека неговиот труд ќе биде вреднуван, а неговото непрофесионално работење нема да биде толерирано. Само така градиме администрација во која заслугите се наградуваат, а неодговорноста има последици“ порача Минчев. Професионализацијата на раководните позиции и функционалното организирање на институциите се следните клучни алки во реформскиот процес. Со примената на законската рамка за високи раководители, започната на 1 октомври 2026 година, се зајакнуваат основите за професионално и одговорно управување, додека подготовката на новиот Закон за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ) е насочена кон појасни надлежности, отстранување на преклопувањата и подобра координација. „Државата не смее да губи енергија во институционални преклопувања и нејасни одговорности. Секоја институција мора да има прецизно утврдена улога, а секоја одговорност мора да има носител. Само така создаваме систем што работи во интерес на граѓаните, а не граѓаните да се приспособуваат на слабостите на системот“ истакна министерот. Како важен инструмент за професионализација на администрацијата, Минчев го посочи почетокот на работата на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници, планиран за јануари 2027 година. Академијата ќе овозможи континуирано унапредување на стручните знаења, развој на лидерските компетенции и јакнење на професионалните капацитети. Целта е знаењето да стане двигател на институционалниот напредок, а професионалниот развој, директна инвестиција во поквалитетно управување и резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат. Учеството на „Косово ПАР 2026“ ја потврди важноста на регионалната соработка и размената на искуства во спроведувањето на реформите. Сепак, вистинскиот успех не се мери со бројот на донесени закони или спроведени активности, туку со промените што граѓаните ги препознаваат во секојдневниот контакт со институциите. Професионалноста ги движи реформите, јасните правила го зајакнуваат системот, а конкретните резултати ја градат довербата. Тоа е насоката на Министерството за јавна администрација, администрација што не ја забавува државата со непотребни пречки, туку ја придвижува напред со знаење, ефикасност и одговорност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈаневска: Стануваат видливи резултатите од научните проекти што ги поддржавме минатата година со буџет од 6 милиони евраСо шест милиони евра, минатата година Владата на Македонија ја финансираше имплементацијата на 50тина научно истражувачки проекти од јавен интерес, кои ги реализираат јавните научни и високообразовни установи.Со шест милиони евра, минатата година Владата на Македонија ја финансираше имплементацијата на 50тина научно истражувачки проекти од јавен интерес, кои ги реализираат јавните научни и високообразовни установи, Македонската академија на науките и уметностите и бизнис заедницата. Видливо ја раздвиживме науката и денес веќе почнуваме да ги гледаме резултатите од тие проекти. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на отворањето на меѓународна научна конференција на ЈНУ Институт за интелектуална сопственост - „Интелектуалната сопственост и дигиталната трансформација во македонското општество“, која се организира во рамки на проектот „Фактори на управувањето со интелектуалната сопственост и дигиталната трансформација во Македонија“, финансиран од Министерството за образование и наука. „Во фокусот на овој проект е влијанието на дигиталната трансформација врз правната рамка за заштита на интелектуалната сопственост. Ова е важно да биде предмет на истражување, затоа што брзиот технолошки развој и забрзаната дигитализација отвораат нови можности, но истовремено поставуваат и сериозни предизвици пред постојните правни и регулаторни рамки. Заштитата на авторските права, трговските марки, патентите, трговските тајни и личните податоци добива нова димензија и неопходно е овие процеси да се анализираат системски, научно и во согласност со современите европски и светски тенденции“, рече Јаневска. Министерката нагласи дека истражувањето веќе ја зацврсти релацијата помеѓу науката и носителите на одлуки, со правната професија и со институциите што имаат важна улога во заштитата на интелектуалната сопственост. „Од позиција на министер за образование и наука, горда сум не само на овој, туку и на сите други проекти кои ги поддржавме како Влада во изминатата година. Важни се, затоа што ја потврдуваат улогата на науката како двигател на развојот и како значаен партнер во креирањето јавни политики засновани на научни сознанија и докази“, додаде Јаневска. Потенцираше дека целта на Владата е научноистражувачката работа да создава резултати што ќе имаат реална вредност за институциите, за економијата и за граѓаните. И затоа буџетот за наука е двојно зголемен. Дополнително, овозможен е бесплатен пристап до најпознатите глобални научни бази „Web of science“ и „Scopus“ за сите македонски научници и академски професори. МОН ги покрива трошоците за објава на научни трудови во списанија со импакт фактор, за организација на домашни и за учество на меѓународни научни конференции, како и трошоците за објава на зборници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаВиктор Петровски е нов селектор на женската сениорска репрезентација на МакедонијаКошаркарската федерација на Македонија започнува ново поглавје во развојот на женската сениорска репрезентација, со именувањето на младиот и трофеен тренер Виктор Петровски за нов селектор на националниот тим.Со оваа одлука Федерацијата ја потврдува својата определба за постепено подмладување на репрезентацијата, воспоставување континуитет меѓу младинските и сениорската селекција и создавање нова генерација кошаркарки кои во наредните години треба да бидат носители на македонската женска кошарка. Именувањето на новиот селектор следува по повлекувањето на досегашниот предводник на женската сениорска репрезентација, Александар Ашаданов, кој од лични причини одлучи да ја заврши својата селекторска функција. Ашаданов ја предводеше репрезентацијата во изминатите пет години, почнувајќи од 2021 година, период во кој со посветеност, професионалност и одговорност работеше на зачувување на репрезентативниот континуитет и развојот на женската кошарка. Кошаркарската федерација на Македонија му изразува искрена благодарност за вложениот труд, професионалниот однос и придонесот во работењето со националниот тим. Федерацијата ја почитува неговата одлука и му посакува многу здравје, лична среќа и понатамошни професионални успеси. ВИКТОР ПЕТРОВСКИ – МЛАДОСТ, АМБИЦИЈА И ВЕЌЕ ДОКАЖАНИ РЕЗУЛТАТИ Новиот селектор Виктор Петровски, роден во 2001 година, и покрај својата младост, зад себе веќе има исклучително успешна тренерска кариера, исполнета со значајни резултати во младинските и сениорските натпреварувања. Неговата тренерска биографија претставува потврда дека возраста не мора да биде пречка за постигнување врвни резултати, доколку е проследена со знаење, посветеност, амбиција и професионален пристап. Уште во 2019 година, како тренер на селекцијата до 14 години, Петровски освојува бронзен медал на завршниот турнир, додека во 2021 година со селекцијата до 18 години стигнува до златниот медал. Во 2022 година првпат ја презема функцијата главен тренер на сениорски тим, а уште во својата дебитантска сезона е прогласен за најдобар тренер во регуларниот дел од првенството, остварувајќи серија од девет последователни победи. Во наредните сезони продолжува со континуирани успеси. Во 2023 и 2024 година обезбедува пласман во полуфиналето на националното првенство, а во 2025 година го предводи својот тим до финалето. Круна на неговата досегашна работа е 2026 година, кога ја освојува титулата национален шампион на Македонија, како и трофејот во Суперкупот. Во сезоната 2025/2026 го добива и признанието „Тренер на неделата“ во регионалната WABA лига. Петровски е носител и на посебни признанија како најмлад главен тренер во македонската кошарка кој освоил сениорска национална шампионска титула, како и најмлад тренер освојувач на Суперкупот. Но, за Кошаркарската федерација, покрај неговите трофеи, особено значајна е неговата досегашна успешна работа со младите кошаркарки. Петровски веќе има воспоставено соработка со генерацијата до 18 години, од која дел од кошаркарките во наредниот период ќе бидат вклучени и во сениорската репрезентација. Токму тој континуитет, познавањето на нивните квалитети, можности и потенцијал, претставува една од клучните причини за довербата што Федерацијата му ја укажува. Веруваме дека со изборот на Виктор Петровски не добиваме само нов селектор, туку и тренер кој има можност да расте и да се развива заедно со новата генерација македонски репрезентативки. БЛАГОДАРНОСТ ДО КОШАРКАРКИТЕ КОИ ГО ЗАВРШУВААТ СВОЈОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН АНГАЖМАН Покрај промената на селекторската позиција, женската сениорска репрезентација се соочува и со значајни промени во играчкиот состав. Пет кошаркарки кои во изминатиот период беа дел од националниот тим одлучија да го завршат својот репрезентативен ангажман. Станува збор за: Анџелика Митрашиновиќ Александра Стојановска Мерит Хемпе Ивана Кметовска Илина Селцова Кошаркарската федерација на Македонија на сите пет кошаркарки им изразува искрена и голема благодарност за нивниот придонес во националниот тим. Носењето на репрезентативниот дрес претставува особена чест, но и голема одговорност, која подразбира бројни одрекувања, патувања, подготовки и натпревари во интерес на националната селекција. Нивното искуство, вложениот труд и годините поминати во репрезентацијата заслужуваат почит и признание. Без оглед на резултатите и предизвиците низ кои минувала репрезентацијата, нивниот придонес останува дел од историјата на македонската женска кошарка. Федерацијата им посакува многу здравје, лична среќа и успех во нивните понатамошни спортски и животни предизвици. Вратите на македонската кошарка секогаш треба да останат отворени за оние кои со чест и посветеност го носеле националниот дрес. ГЕНЕРАЦИСКА СМЕНА – ХРАБРА, НО НЕОПХОДНА ОДЛУКА Со повлекувањето на дел од поискусните репрезентативки, како и со привремената недостапност на одредени кошаркарки кои настапуваат и се школуваат во Соединетите Американски Држави, македонската женска репрезентација влегува во период на значително подмладување. Во претстојниот ноемвриски квалификациски прозорец, националниот тим ќе настапи со состав во кој важна улога ќе добијат млади кошаркарки, од кои дел сè уште немаат доволно меѓународно сениорско искуство. Свесни сме дека ваквата промена носи сериозни предизвици. Свесни сме дека младоста сама по себе не гарантира резултати, дека искуството не се стекнува преку ноќ и дека на новата генерација ќе ѝ бидат потребни време, трпение и многу работа. Но, истовремено сме убедени во една едноставна вистина: ЗА ДА СЕ СТИГНЕ НЕКАДЕ, МОРА ОДНЕКАДЕ ДА СЕ ПОЧНЕ! А секој почеток, особено во спортот, е тежок. Ниту една успешна репрезентативна генерација не е создадена преку ноќ. Зад секој голем спортски резултат стојат години систематска работа, вложување, доверба, дисциплина, но и подготвеност да се помине низ периоди на неизвесност и резултатски неуспеси. Затоа, одлуката за подмладување не треба да се толкува како откажување од спортските амбиции. Напротив, таа претставува определба за создавање нова, долгорочно конкурентна репрезентација. Не бараме од младите кошаркарки веднаш да ги достигнат резултатите на своите претходнички. Бараме од нив со работа, дисциплина и љубов кон националниот дрес да создадат услови еден ден да ги надминат. За тоа ќе биде потребна поддршка не само од Федерацијата и стручниот штаб, туку и од клубовите, спортската јавност и сите оние кои искрено ја сакаат македонската женска кошарка. НОЕМВРИСКИОТ КВАЛИФИКАЦИСКИ ПРОЗОРЕЦ – ПРВ СЕРИОЗЕН ТЕСТ ЗА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА Првиот предизвик за новиот селектор Виктор Петровски и подмладената репрезентација ќе бидат двата натпревара во ноемврискиот квалификациски прозорец. Македонија најпрвин ќе гостува на селекцијата на Романија во Букурешт, а потоа на домашен терен ќе ја пречека репрезентацијата на Естонија. Овие натпревари ќе претставуваат сериозен тест, но истовремено и исклучително значајна можност за младите кошаркарки да го почувствуваат вистинскиот предизвик на сениорската меѓународна кошарка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00