Тој е еден од најфреквентните во Скопје кој ги поврзува населбите Влае и Карпош 4, но со години стои пред нови предизвици.
И покрај тоа што мостот во минатото беше делумно затворен за пешаци поради санации, сепак неговата состојба и понатаму е загрижувачка.
Стотици автомобили, автобуси и тешки товарни возила го користат овој мост, а ова е нивното секојдневие.
Нерамни делови по бочните страни, искорнат асфалт, кој претставува сериозна опасност за автомобилите, кои со крајни маки се обидуваат да ги избегнат.
Дел од граѓаните се жалат на состојбата во која се наоѓа мостот. Сметаат дека треба итна санација на одредени делови од асфалтот.
Дали и што ќе се преземе со оштетениот асфалт, поставивме прашања и до Град Скопје. Сепак, до ова информативно издание не добивме одговор.
Инаку, проблемот со мостовите низ земјава не е новитет. Уште пред две години првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов алармираше за лошата состојба во која се наоѓаат тие.
Тогаш експерти од ЦУК и градежници констатирале дека од 14 проверени мостови низ земјава, повеќето од нив биле небезбедни за граѓаните.
Еден од покритичните е тој кај Башино село, кој подолго време е затворен за сообраќај, откако почна целосна негова санација.
Дополнителен проблем за овој мост претставуваа и товарните возила кои со поголем товар од дозволеното преминувале преку мостот, па дополнително ја оштетиле конструкцијата.