Москва и Санкт Петерсбург имаат рекорден дневен број на починати од корона

Руските власти објавија дека Москва и Санкт Петерсбург, два града каде се шири делта варијантата, имале рекорден дневен број на смртни случаи од коронавирус.

Според официјалните податоци, руската престолнина имала 124 смртни случаи во последните 24 часа, а вториот по големина руски град 110, со што е срушен рекордот поставен викендов. На ниво на цела Русија, дневниот број на новоинфицирани е 21.650, а од почетокот на пандемијата имало 5,4 милиони заболени. Во последните 24 часа починале 611 лица, со што вкупниот број достигнал 133.893 лица.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјави дека 2.000 луѓе се хоспитализираат секој ден во градот и дека се пополнети 75 проценти од достапните легла.

Тешка состојба е и во Санкт Петербург, кој во петок е домаќин на четвртфиналниот натпревар на Европското фудбалско првенство. Тој натпревар ќе се одигра, соопшти денеска Организацискиот одбор на Евро 2020.

Портпарол на УЕФА за Франс прес изјави дека здравствената состојба во Русија не сменила ништо во врска со тимовите и дека европската фудбалска организација не планира да ја смени локацијата на натпреварот. Русија последните неколку недели се бори со ширењето на поинфективната, делта варијанта на вирусот, откриена за прв пат во Индија.

За борба против епидемијата, Москва ја вратила работата од дома за приближно 30 проценти од вработените кои не биле вакцинирани и вовеле задолжителни вакцини за вработените во услужниот сектор и санитарните коридори за влез во рестораните.

Карантин во градот, како во пролетта 2020 година, во моментов не е планиран за тој град со 12 милиони жители, со цел да се зачува економската активност.

Де Роси за пресметката со Баер: Има од што да се плашиме, но Рома верува во успех

Тренерот на Рома, Даниеле де Роси, ги искажа своите очекувања за првиот меч со Баер Леверкузен во полуфиналето од Лигата на Европа.

- Возбудени сме што ќе доживееме уште една незаборавна вечер со нашите фанови. Има од што да се плашиме, начинот на кој игра Баер, нивната долга серија без пораз. Имаат интересни играчи и многу го почитувам нивниот тренер. Но, Рома верува во успех и ќе се бори, изјави Де Роси за сајтот на УЕФА.

Натпреварот помеѓу Баер Леверкузен и Рома ќе се одигра вечер од 21 часот на „Олимпико“ во Рим.

Серијата без пораз на германскиот клуб изнесува 46 натпревари.

Во другото полуфинале во второто по квалитет клупско натпреварување во Европа се среќаваат Марсеј и Аталанта (вечер 21 часот). /МИА

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност направи измени на тарифникот

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност направи измени на тарифникот и ги достави до Владата

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност утврди потреба од измени на тарифата за премии за осигурување и подготви предлог-измени со кои се враќа цената на осигурувањето за аавтоодоговорност на ниво како пред 25 април годинава.

- Предложените измени се насока на утврдување на опсег од 15 отсто до 30 проценти, во кој друштвата за осигурување можат да го определат делот на премијата за вршење дејност на осигурување од автомобилска одговорност, а за секој износ на овие трошоци над 30 отсто, да побараат претходна согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување. Ова значи враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на ниво од пред 25 април 2024 година. Дополнително беше утврдено дека Комисијата најдоцна до 30 септември секоја година до Владата да доставува предлог за минимална и максимална стапка на техничка премија за осигурување за следната година, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Предлог-одлуката на Комисијата, како што информира Министерството за финансии, е доставена на усвојување до Владата.

Одлуката се заснова на анализата на Агенцијата за супервизија на осигурувањето со која се укажува дека на 23 април, 11 друштва за осигурување кои вршат работи на осигурување во групата на неживотно осигурување, доставиле известувања до АСО за донесени одлуки за зголемување на премиите за задолжително осигурување од автоодоговорност, при што се повикале на одредбите од тарифата на премии за осигурување од АО, објавена во „Службен весник на РМ“ број 191/2018, според кои одредби имаат можност самостојно да одлучат за висината на делот од премијата за спроведување на дејноста, односно т.н. режиски додаток при одредувањето на крајната премија по договор за осигурување - член 3 од тарифата.

- Притоа, известувањата на друштвата до АСО не содржат финансиски анализи за изминати периоди, ниту пак конкретни проекции за очекуван развој на ризиците кои ги преземаат во осигурување. Единствен аргумент, на кој се повикуваат друштвата за осигурување се растечките трошоци од работење, кои не се непосредно поврзани со настанување на ризиците, односно со настанатите и очекуваните штети, се појаснува во соопштението.

Ставот на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност е поткрепен со мислењето на АСО како регулатор дека ваквото постапување на друштвата за осигурување влијае врз стабилноста, сигурноста и предвидливоста на функционирање на целиот систем на осигурување во насока на штета на осигурениците, односно сопствениците на моторни возила.

- Состојбите на пазарот ќе се следат и во наредниот период и ќе се преземаат соодветни одлуки, врз основа на анализи и во еден отворен и транспарентен процес. Во врска со донесените одлуки од страна на осигурителните компании за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност во втората половина од април 2024 година, Министерството за финансии ја свика Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која одржа седници на 26, 29 и 30 април и 2 мај 2024 година, со цел да ги разгледа сите аспекти од носењето на овие одлуки, потенцираат од Министерството за финансии.

Претходно, денеска АСО ја повика Владата, согласно своите законски надлежности, да ги заштити правата на осигурениците и преку измени во тарифникот да ги намали цените на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.

ВЛЕН: Влада и Бадентер ДА, без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено за џебовите на нивното раководство и ним блиските роднини. 

Кога од партија се претворија во Коза Ностра.

Сега кога доаѓа време за одговорност за коруптивните скандали се обидуваат како штит да го користат целиот Албанскиот народ и помалите етнички заедници кои ги користат како заложници. Тие веќе видени трикови не поминуваат. После 8-ми мај ќе има и Влада со ВЛЕН како единствен легитимен политички репрезент на Албанците, ќе има и Бадинтерово мнозинство, ќе бидат обезбедени и фундаментите на Охридскиот Рамковен договор и ќе има одговорност за сите што се огрешиле пред законите.

Не може и не смее одењето во опозиција ДУИ да го претставува како проблем за опстанокот на државата. Тоа е крајно неодговорно и кукавички. Затоа ги повикуваме да престанат да ги срамат Албанците и славните борци на УЧК.

Не е крај на светот ако отидат во опозиција. Гарантираме дека нема да има политички реваншизам туку ќе само одговорност утврдена во фер правосудни постапки.

Коалиција ВЛЕН

притисни ентер