ЖивотМошти од Свети Василиј пристигнаа во манастирот во Рајчица, дар од Православната црква на Романија Дел од моштите на Свети Василиј Велики, еден од најголемите личности во историјата на Црквата Христова, доби манастирот „Свети Ѓорѓиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица. Тие, како што објави Бигорскиот манастир, чиј метох е манастирот во Рајчица, се дар од јеромонахот Стефан Симион од Православната црква на Романија, игумен на манастирот на светиот пророк Илија во Италија, во регионот Лацио. „Овој чин е плод на искрената духовна љубов и почит на јеромонахот Стефан Симион од православната Црква на Романија, игумен на манастирот на светиот пророк Илија во Италија, регионот Лацио, стои во објавата. Се додава дека самата историја на оваа светиња го потврдува нејзиното големо значење. Имено, своевремено, светите мошти му биле подарени на отец Стефан од ризницата на реликвии на католичката црква, што низ историјата биле донесени од Истокот. За нејзината автентичност сведочат оригиналните ватикански печати, втиснати под самите мошти, како и на задната страна од реликвијарот во кој тие почиваат. Со ова, дел од моштите на овој голем светител трајно ќе престојуваат во манастирот во Рајчица каде верниот народ отсега ќе има можност да побара молитвено застапништво пред моштите на овој велик Христов јерарх. Свети Василиј Велики, роден во 330 година во Неокесарија, во Понт, а починал во 379 година, во црквата се смета како голем поборник за православната вера, пристаниште на моралната чистота и столб на Црквата. Како светец бил прогласен по неговата смрт. Дел од останките на Свети Василиј се наоѓаат и во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕвропа трча по критични минерали, Македонија сè уште ги мери можните ризициБез сигурно снабдување со критични минерали, зелената транзиција и намалувањето на зависноста на Европа од увоз ќе бидат тешко остварливи, предупредуваат од Европската асоцијација на рударската индустрија „Euromines“. Во тој контекст, се погласни се повиците Македонија да го искористи својот минерален потенцијал и да се приклучи кон европскиот пристап за одговорно искористување на критичните суровини. Според професорот Благој Голомеов од Рударско-геолошкиот факултет, минералните ресурси меѓу кои златно-бакарниот рудник Иловица, се една од економските предности на Македонија, но нивното искористување и натаму е ограничено поради стравувањата од влијанието врз животната средина. Тој смета дека современите технологии овозможуваат безбедна експлоатација, со контролирани процеси и заштита на природата. -Постојат технолошки процеси кои се бенигни, кои се недеструктивни кон природата. На пример за бакарот технолошкиот процес е многу едноставен, се користат само ксантати, пеначи и регулатори на средината, односно вар. Околу 90 проценти од тие реагенси се извлекуваат заедно со концентратот, а малото количество што останува за кратко време се разградува и станува целосно безопасно за пошироката околина,- Благој Голомеов - професор на Рударско-геолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“. Голомеов посочува дека Македонија има две значајни економски предности, земјоделството и минералните ресурси, но вели дека економскиот ефект од нивното користење е различен. Според него, рударството може да создаде значаен економски придонес без долгорочни државни субвенции како кај земјоделството. Сепак, професорот предупредува дека минералното богатство е необновлив ресурс и мора да се користи внимателно. Приходите од него смета треба да бидат насочени кон развој на инфраструктурата, образованието и енергетската независност, за придобивките да останат и за идните генерации. - Треба да се напомене дека 120.000 луѓе вработени во земјоделието даваат ист економски ефект како 6000 луѓе вработени во рударството. Притоа, за субвенционирање на земјоделството се трошат некаде 100 милиони евра од буџетот, додека во рударството не се вложува ништо додатно и не треба.. Претседателот на „Euromines“, Јан Мострјом, нагласува дека иако Европа не може целосно да биде независна од увозот, има сериозен потенцијал да изгради поотпорен синџир на снабдување и да развие сопствено производство. Според него, ограничувањата за извоз на одредени суровини, особено од големите производители како Кина, покажуваат дека зависноста од увоз може да стане економски, но и безбедносен ризик за земјите на европското тло. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГРОМ: Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казнаГРОМ и соопштува на македонската јавност дека нивниот претседател Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци.„Граѓанската опција за Македонија - ГРОМ и соопштува на македонската јавност дека нашиот претседател Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци. Длабоко сме разочарани од Кривичниот суд кој го осуди нашиот претседател затоа што поставил две времени градби (бараки), во кои општината функционираше 13 години. Не направи никому штета, туку општината за сите тие години заштеди милион и пол евра кирија доколку користеше простор под закуп и она што е најбитно тој е единствениот случај во Европа кој ќе одлежува ефективна казна затвор за ова исмислено кривично дело за поставување на времен објект со одлука на Совет на општина, со потврдена програма за работа од истиот, програма за јавни набавки и обезбедено пари од Буџет на општината. Тој бараките не ги постави за своите деца и своето семејство, туку за граѓаните на Карпош. На случајот Стевчо Јакимовски судот дефинитивно се потврди како параполитичка организација, која не и служи на правдата, на законите и на Уставот, туку на политичката партија која е на власт. Жално е што во замолкнувањето на нашиот претседател Стевче Јакимовски, покрај Христијан Мицкоски, учествува и правосудниот систем и со ова уште еднаш пред очите на јавноста покажаа дека правдата е селективна, не важи за дивоградбашите кои граделе на државно земјиште за своја сметка без платени комуналии и заработиле милиони, туку во затвор ќе оди најнаградуваниот градоначалник не само во Република Македонија туку и пошироко. Не земајќи ја во предвид неговата здравствена состојба дека тој е онколошки неизлечен пациент, оперативниот зафат извршен пред 12 дена само ја покажува нечовечноста, нехуманоста и флагрантно кршење на човековите права. Не не’ зачудуваат политичките противници и нивната крволочност, но нека им служи на чест на сите оние од правосудниот систем кои оркестрирано во служба на власта учествуваа во замолкнувањето на Стевче Јакимовски. Воедно им благодариме на сите граѓани, знајни и незнајни кои во изминативе дваесетина дена му даваа сесрдна поддршка на претседателот Јакимовски. Цениме доколку ова наше соопштение биде споделено со пошироката јавност со помош на вашиот медиум.“ Со почит, Центар за комуникации ГРОМТагови: гром Стевчо Јакимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаД-р Дудучки: Криминалци кои со лажни дијагнози наместо во затвор одат во психијатриски болнициНема место ни во мизерни услови за престој и работа кои во дел од псијатриските болници се под секакво човечко достоинство, а ова е резултат на тотална негрижа од сите досегашни власти за менталното здравје, смета д-р Мице Дудучки.Нема место ни во мизерни услови за престој и работа кои во дел од псијатриските болници се под секакво човечко достоинство, а ова е резултат на тотална негрижа од сите досегашни власти за менталното здравје, смета д-р Мице Дудучки, невропсихијатар со повеќедецениско искуство и меѓународен судски вештак. Тој во изјава за Канал 5 вели дека од „здравственото ќесе“ со децении се извојува многу малку, па и не е чудо што нема место за луѓе на кои навистина им е неоходна таква грижа кога таму се сместени и криминалци кои со лажни дијагнози се спасуваат од затвор. Лошата здравствена политика е виновна за состојбата, но решенија има, смета Дудучки. Ако постои стратегија и план на сите нивоа и ако тоа се спроведе ќе има и превенција и ред и сегашната слика на соби без прозорци, мувла, живот во хорор и мизерија, и лекување со ограничен број на застарени лекови, ќе станат минато. И од канцеларијата на Народниот правобранител кои во континуитет ги следи условите на психијатриските болници нотираат дека неопходен е системски пристап кон подобрување на состојбите кој подразбира доволен број стручен кадар, стабилно финансирање, подобрување на условите, развивање современи терапевтски и рехабилитациски програми, континуирана едукација на персоналот и создавање безбедна терапевтска средина во која ќе се почитуваат достоинството и човековите права на пациентите. Исклучок во однос на условите е психијатриската болница во Гевгелија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИстекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36