СДСМ: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме трета економија туку една третина од Европа
1СДСМ: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме трета економија туку една третина од Европа
Меѓународна поддршка на македонскиот пинг понг, Мохамед Атум од Јордан ќе тренира со најмладите пинг понгари
1Меѓународна поддршка на македонскиот пинг понг, Мохамед Атум од Јордан ќе тренира со најмладите пинг понгари
ЖивотМорнари се насукале на пуст остров, јаделе само кокос- ги пронашле по порака на плажатаОперација на американската морнарица и крајбрежна стража во вторникот спаси тројца морнари заглавени на мал остров во Тихиот Океан.Поминала повеќе од една недела откако триото напишале „HELP“ (помош) користејќи листови од палми поставени на плажа со бел песок, пишува CNN. Мисијата, исто така, неочекувано се претвори во семејно обединување. На 31 март, тројцата мажи планирале да ловат риба во водите околу Атолот Пикелот, кој припаѓа на Микронезија, кога нивниот шестметарски брод бил зафатен од бранови и му бил оштетен надворешниот мотор. Тие се насукале на брегот на ненаселениот Пикелот, но радио батеријата се испразнила пред да можат да повикаат помош. Изгубените собрале палми од островот од 31 хектар, ги рашириле така што на плажата напишале „ПОМОШ“ и чекале. Една недела мажите живееле на кокос. Имале свежа вода од мал бунар на островот, кој понекогаш го посетуваат рибари, изјавија претставници на крајбрежната стража. Потрагата по мажите започнала на 6 април, кога еден од нивните роднини ги повикал спасувачките служби на американската пацифичка територија Гуам, велејќи дека не се вратиле во Атолот Половат, оддалечен повеќе од 170 километри, каде што тројцата го започнале своето патување во неделата на Велигден. . Тешко е да се објасни колку е оддалечен и изолиран Пикелот. Островот е дел од Сојузните држави на Микронезија, пацифичка нација лоцирана помеѓу Филипините и Хаваите, која се состои од повеќе од 600 острови расфрлани на околу 2,5 милиони квадратни километри океан. Крајбрежната стража објавила дека извидувачки авион на американската морнарица P-8A, испратен од воздухопловната база Кадена во Окинава, Јапонија на 7 април, го забележале апелот од палмини лисја на плажата. Потполковник Челзи Гарсија, координатор за пребарување и спасување на денот кога триото било лоцирано, вели дека знакот бил клучен за нивно пронаоѓање: „Овој чин на генијалност беше инструмент за насочување на спасувачките напори директно до нивната локација“. Авион на морнарицата им фрлил комплети за преживување на тројцата мажи и ја пренел нивната локација до центарот за спасување. Еден ден подоцна, авион на крајбрежната стража HC-130 кој пристигнува од воздухопловната база Бербер Поинт на Хаваи преку радио ги испратил луѓето кои успеале да му кажат на екипажот дека се во добра форма и дека им е потребна помош да се вратат во Половат. Кога бродот на крајбрежната стража Оливер Хенри стигнал до Пикелот на 9 април, приказната добила друга димензија. Еден од првите спасувачи што пристигнал на плажата бил подофицерот Јуџин Халишлиус. Тројцата изгубени биле изненадени кога виделе дека Халишлиус е микронезиец и го зборува локалниот јазик. Кога му се претставил на првиот од изгубените луѓе што стигнал до чамецот за спасување, тој останал запрепастен: тие биле во роднинска врска. „Ова е неверојатно, сфатив дека сме братучеди“, рече Халишлиус. Интересно е тоа што ова не било прво спасување на бродоломци од Пикелот. Тројца други мажи кои патувале меѓу два микронезиски атоли во 2020 година завршиле таму откако нивниот брод останал без гориво за време на патувањето. Тројцата напишале „SOS“ на плажата, што било забележано од екипажот на авион на американското воено воздухопловство кој доаѓал од воздухопловната база Андерсен во Гуам. Екипажот веднаш ги известил крајбрежната стража и австралиската морнарица. Како може ова да се случи на ист остров двапати во четири години? „Тоа може да биде случајност. Микронезијците често патуваат од остров до остров. И тие се вешти и искусни во тоа. Но, понекогаш се случуваат несреќи. Како и неочекуваните семејни собири“, рече Сара Муир, службеничка за односи со јавноста на американската крајбрежна стража.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеМЗ: Комисијата за имунизација донесе заклучок за времено одложување на имунизацијата со вакцина БСЖВо однос на информациите од хрватските медиуми за несакани реакции од вакцина БСЖ, веднаш заседаваше Комисијата за имунизација во рамки на Министерството за здравство. Имајќи предвид дека станува збор за ист производител, веднаш е контактирана Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) и се побарани информации за сериите на вакцини што се користат во нашата држава. Потенцираме дека имунизацијата со оваа вакцина во нашата држава е задолжителна имајќи предвид дека земјата е со висок ризик од туберкулоза. Во моментот, на Институтот за ТБЦ има 95 пациенти со туберкулоза од кои 83 се од годинава, а во Детската болница Козле во 2025 се евидентирани 15 случаи, а во 2026 се евидентирани 12 нови случаи. Врз основа на наведеното, Комисијата за имунизација донесе заклучок за времено одложување на имунизацијата со оваа вакцина до добивање комплетни информации во однос на сериите, нивниот квалитет и асоцираноста со појавата на несакани реакции. Воедно, потенцираме дека во изминатите десет години до МАЛМЕД е пристигната само една пријава за сомнеж на несакана реакција од БСЖ вакцина (во август 2022 година), која се однесувала на појава на апцес на местото на апликација на вакцината, што како реакција е опишано во упатството за употреба на вакцината,стои во соопштението од Министерсвото за здравство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Се соблече „српската Шакира“ „Српската Шакира“ се соблече во супер минијатурни бикини.Раперката Диа Костиќ важи за една од дамите со најатрактивна фигура насрпската јавна сцена, а сега се појавија и жешки фотографии од нејзиниот одмор. Атрактивната русокоса на фотките позира на тераса во минијатурно бикини со интересен дезен, истакнувајќи ја својата извајана фигура во прв план. Посебно внимание кај фановите предизвикал нејзиниот раскошен задникот, како и тесниот струк и долгите нозе. Диа позира пред луксузниот хотелски комплекс и базенот, а нејзиниот изглед дефинитивно не помина незабележано. Во опуштено издание, со брановидна руса коса и минимален накит, Костиќ уште еднаш покажа зошто привлекува големо внимание каде и да се појави.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
МакедонијаСДСМ: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме трета економија туку една третина од ЕвропаАрамијата денеска седнува на извештај што сам не би го нарачал. „Македонија: излез од стапицата на среден доход“. Светска банка не му честита. Му вели дека земјата со години стои во истата категорија. БДП по жител е околу една третина од просекот на Европската Унија. Не трета економија. Третина од стандардот. Новите работни места се во ниска продуктивност и ниска плата. Дијаспората е над половина милион. Што ќе црта сега? Бајката „трети во Европа“, пропадна. Најбрз раст, падна. Пензии 16 пати повеке, падна. Фон дер Лајен му ја зеде лагата за идентитетот. Македонскиот јазик и културата се заштитени. Преспанскиот договор го нарече самиот ремек-дело. Сиљановска потврди дека идентитетот е заштитен. Тоа го зачува претходната влада. Не тој. Нема сега каде да бега. Веќе призна дека во буџетот фали милијарда евра. Потпиша нови 1,3 милијарди евра за нови долгови. За две години ги задолжи граѓаните за 4 милијарди евра. Повеќе од половина од долгот од независноста. Сега му треба алиби за избори. Не реформи. Излез. Затоа дефокус. Руска партија на далечински. Платформа за 1,6 милиони. Гета замина со 5,53 милиони народни. Нема друга бина. Мора да се обвини претходната влада. Народот не вели за џабе: лагите имаат кратки нозе. И кој лаже, тој и краде. Затоа бега од ЕУ. Затоа што бега од европско обвинителство и од Лаура Ковеши. Затоа се кара со Бугарија пред да се седне на разговор. Арамијата разговара. Не преговара. Изолацијата му одговара. Таа му носи слобода и луксуз. А авионот? Останаа ли пари во буџетот, или и тој ќе се црта на табла, да ни објасни како го болат колената од клечење. Нема бегање. Таблата е празна. Касата е празна. Време е арамијата да им положи сметка на граѓаните - за нивните пари и нивните интереси. Скопје, 06.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter