Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски
МОН: Се доградуваат училници во ОУ „Александар Македонски“ во Аеродром, инвестицијата ќе овозможи едносменска настава
1Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски
2МОН: Се доградуваат училници во ОУ „Александар Македонски“ во Аеродром, инвестицијата ќе овозможи едносменска настава
КошаркаМорнар избори мајсторка со АБА шампионотПредводени од екс кошаркарот на МЗТ Скопје, Немања Врањеш и Дерек Нидам, црногорскиот претставник Морнар синоќа во Бар ја совлада Црвена ѕвезда со 88:84 и се избори за мајсторка во полуфиналето на регионалната кошаркарска АБА лига. Иако домаќините беа ослабени со отсуството на повредениот центар Урош Луковиќ, сепак стигнаа до триумф против бранителот на трофејот и ја изедначија серијата на 1-1 во победи. Врањеш средбата ја заврши со 29 поени, еден помалку постигна Нидам. Кај ѕвезда најефикасен беше Тејлор Рочести со 16 поени, додека македонскиот интернационалец Перо Антиќ реализира шест коша. Решавачкиот натпревар кој ќе го даде патникот во големото финале се игра на 2 април во Белград. Мајсторка ќе се игра и на втората полуфинална пресметка каде Будуќност ќе ја има предноста домашен терен во дуелот со Цедевита. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалПрвиот Јапонец во Астон Вила – голман, засилување и на бековската позиција Поранешниот голман на Парма и јапонски репрезентативец, Зион Сузуки, потпиша договор со Астон Вила, соопшти англискиот фудбалски клуб.Деталите од договорот не се објавени, но британските медиуми пренесуваат дека Астон Вила потрошила околу 35 милиони евра за трансферот на јапонскиот голман. Сузуки (23) е член на Парма од 2024 година и има одиграно вкупно 59 натпревари. Пред Парма, тој бранел за Сент Труден и Урава. За јапонската репрезентација има одиграно 28 натпревари. Денес Астон Вила се засили и со досегашниот бек на Атлетико Мадрид, Матео Руџери кој пристигна во Бирмингем за 25 милиони евра плус бонус од 1,5 милиони евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска СтрезоскиНа средбата се разговараше за актуелните состојби и предизвици со кои се соочува Академијата, како и за новиот Закон за Академијата за судии и јавни обвинители, кој е во владина процедура. Со предложеното законско решение ќе се создадат услови за непречено функционирање на Академијата, вклучително и за надминување на досегашниот застој и продолжување на процесот за прием и обука на новата генерација слушатели на Академијата. Предложениот закон предвидува унапредување на нормативната рамка за функционирање на Академијата, со цел поефикасно спроведување на постапките за прием, обука и практична подготовка на идните судии и јавни обвинители, како и обезбедување континуитет во спроведувањето на програмите за почетна и континуирана обука. Посебно внимание на средбата беше посветено на просторните и техничките услови за работа на Академијата, како и на потребата од зајакнување на нејзините капацитети, имајќи го предвид обемот на активностите што следуваат. Министерството за правда и Академијата продолжуваат со заедничка работа за унапредување на квалитетот на обуките и зајакнување на капацитетите на правосудството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМОН: Се доградуваат училници во ОУ „Александар Македонски“ во Аеродром, инвестицијата ќе овозможи едносменска наставаВо основното училиште „Александар Македонски“ во Реонски центар во општина Аеродром се доградуваат три нови училници кои треба да овозможат едносменска настава за сите ученици. Инвестицијата е поддржана од Министерството за образование и наука во вредност од 2,2 милиони денари и треба да биде завршена за три месеци. Увид во градежните работи денес извршија министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и градоначалникот Дејан Митески. „Две години се заложуваме за воведување на едносменска настава во сите општини и училишта кадешто тоа е возможно. Придобивките се повеќекратни - децата ја започнуваат наставата наутро, кога се повеќе концентрирани за учење. Се задржуваат подолго на училиште и треба да се задржуваат, бидејќи имаа 900 часа помалку од нивните врсници до 15 годишна возраст. Повеќе се социјализираат што е важно особено за мултиетничките средини и училишта и се заштедуваат средства при работењето на училишните објекти“, рече министерката Јаневска, додавајќи дека досега концептот го прифатиле над 200 училишта. Посочи дека Владата дава поддршка на општините овој процес да се забрза, преку проширување на капацитетите на постојните училишни објекти. „Во моментов инвестираме во доградба на училници во 6 училишта, а едно од нив е токму ова. Во меѓувреме се изработуваат, а дел се и изработени, вкупно 15 проекти за доградување училници во други училишта и активностите на терен етапно започнуваат отприлика од ноември месец годинава, а сите треба да бидат започнати до пролетта следната година“, нагласи министерката. Градоначалникот на Аеродром, Митески информираше дека сите училишта во општината интензивно се подготвуваат за стартот на новата учебна година. Пристигнати се учебниците за сите ученици и ќе им бидат распределени на првиот училишен ден, а четвртоодделенците ќе добијат и таблет уреди кои веќе неколку години наназад се обезбедуваат од страна на локалната самоуправа и општинскиот буџет. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook