Морбилите не стивнуваат – ќе биде ли прогласена епидемија во целата земја?

Бранот на новозаразени од морбили не стивнува, Комисијата за заразни болести гради став – дали утре да биде прогласена епидемија на ниво на целата територија.

Во првите три месеци од годинава Државниот санитарен и здравствен инспекторат поднел 20 пријави за родители кои не ги вакцинирале своите деца против мали сипаници. Сепак, од таму велат дека 9 од пријавените не ги исплашила глобата и платиле сума која може да изнесува до максимални 600 евра за да не го вакцинираат своето дете. Од ДСЗИ велат дека за останатите 11 кои не се одѕвале на повикот да дојдат во инспекторатот, поднесени се прекршочни пријави.

,,Во 1 квартал од годинава до Државниот санитарен и здравствен инспекторат пристигнале 20 пријави за невакцинација на деца од вакциналните пунктови, сите родители се повикани во инспекторатот. Од нив само 9 се појавиле и платиле казна, додека за 11 поднесена е прекршочна пријава. “

Велат од инспекторатот. Комисијата за заразни болести утре ќе ја разгледува актуелната состојба со мали сипаници во земјава, а врз основа на тоа велат дека ќе се разгледува како да се постапува понатаму, не е исклучена и можноста да биде прогласена епидемија на целата територија на државата. Минатата недела во земјава беа регистрирани рекордни 126 заболени, од кои само половината се во главниот град. Според податоците од Институтот за јавно здравје, во земјава има 19.000 невакцинирани деца. Во исто време зголемен е бројот на вакцинирани возрасни лица кои претходно биле вакцинирани само со една доза вакцина.

Во меѓувреме, во соседна Србија која се соочува со сличен проблем, се зголемува бројот на пресуди за лица кои не ги вакцинираат своите деца. Тамошните медиуми пренесуваат дека за една година, прекршочниот суд во Белград изрекол 119 осудителни пресуди, а од нив 36 добиле парични казни од 5 до 50.000 динари.

Премиерот на Австралија семејното насилство по протестите го нарече „национална криза“

 Австралискиот премиер Ентони Албанез го нарече семејното насилство „национална криза“, откако илјадници луѓе ширум земјата се собраа да протестираат против насилството врз жените.

Илјадници луѓе од цела Австралија вчера протестираа за да привлечат внимание на смртта на 27 жени во текот на оваа година во земјата со 27 милиони жители. Се верува дека секоја од нив починала како резултат на родово засновано насилство.

„Митинзите се повик за акција на сите нивоа на австралиската влада за да направи повеќе за да се спречи родовото насилство“, рече Албанез.

„Сосема е јасно дека треба да направиме повеќе. Не е доволно само да покажеме емпатија“, нагласи премиерот за телевизијата „Најн Нетворк“ (Nine Network).

Тој додаде дека „фактот што во просек на секои четири дена една жена умира од рацете на нејзиниот партнер е едноставно национална криза“.

Во текот на викендот низ Австралија се одржаа 17 собири, а на протестот во Мелбурн учествуваа околу 15.000 луѓе.

Албанез рече дека во среда ќе организира состанок на лидерите на австралиските држави и територии за да разговараат за координиран одговор од властите. /МИА

Додик: Ќе побарам од Србија и Вучиќ поддршка за разидување на Република Српска од БиХ

Претседателот на Република Српска Милорад Додик синоќа изјави дека ќе побара од Србија да разбере дека Република Српска мора да оди по патот на одвојување од Босна и Херцеговина, поради Резолуцијата за Сребреница.

Додик рече дека, без разлика што резолуцијата на Генералното собрание на ОН не е обврзувачка, таа ќе биде отфрлена бидејќи нејзината содржина бидејќи ја сметаат за политички мотивирана. Да се ​​биде политички мотивиран на овој начин не придонесува за стабилизација на односите во Босна и Херцеговина, особено за стабилизација и нормализирање на бошњачкиот и српскиот народ, изјави Додик за сараевската телевизија „Фејс“.

„Мислам дека Вучиќ работи добро, дека е одговорен државник на Србија и дека го разбира контекстот во кој секоја осуда на српскиот народ ја затвора можноста за некои идни развојни позиции на самиот народ“, рече Додик.

Претседателот на Република Српска најави дека ќе му предложи на Вучиќ РС и Србија заеднички да ја отфрлат резолуцијата на Соборот на српскиот народ, што ќе се одржи веднаш по гласањето на резолуцијата.

Дoдик најави и дека ќе побара Србија, како меѓународно призната земја и членка на ОН, формално да продолжи да ги оспорува елементите на таа резолуција.

Сакаме Србија да разбере дека треба да одиме по патот на одвојување во Босна и Херцеговина, рече Додик, а на забелешката на новинарот дека бара Србија да ги поддржи во отцепување, тој одговори дека тоа не е отцепување, туку разделување.

На повтореното прашање дали од Вучиќ на Саборот јасно ќе биде побарано да ја поддржи РС во отцепување, тој рече дека немаат план за отцепување, туку дека сакаат да одат на раздвојување.

„Има ентитетска линија... Раздвојување е да ги преземеме сите функции што ги имаме, да обезбедиме пари во буџетот за сите вработени што работат во Министерството за одбрана, да ги повлечеме војниците, да ги повлечеме луѓето што работат во Централната изборна комисија, да прогласиме дека нема да се спроведуваат одлуките на судот и обвинителството и кој и да е орган на Босна и Херцеговина на територијата на Република Српска“, посочи Додик. /МИА

Австрија домаќин на конференција посветена на системи за автономно оружје

Во Виена денеска почнува дводневна меѓународна конференција за системи за автономно оружје, јави ДПА.

Министерството за надворешни работи испрати покани за конференцијата на тема „Човештвото на крстопат: Автономни системи за оружје и предизвикот на регулативите“ откако експертските разговори под покровителство на Обединетите нации во Женева во последните 10 години не доведоа до разговори на дипломатско ниво.

На форумот се очекува да присуствуваат претставници од околу 130 земји, како и од Обединетите нации, невладини организации и истражувачки институти. Системите за оружје, кои самостојно таргетираат и ангажираат цели користејќи вештачка интелигенција, се во центарот на дискусијата, особено со оглед на конфликтите во Газа и Украина.

На дневен ред се и прашања како што се употребата на технологии за вештачка интелигенција од страна на терористите и опасностите од трка во вооружување со системи за вештачка интелигенција.

Ќе биде подготвен извештај до генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за следната седница на Генералното собрание на ОН. /МИА

притисни ентер