Морбилите не стивнуваат – ќе биде ли прогласена епидемија во целата земја? - Канал 5

Морбилите не стивнуваат – ќе биде ли прогласена епидемија во целата земја?

Во првите три месеци од годинава Државниот санитарен здравствен инспекторат поднел 20 пријави за родители кои не ги вакцинирале своите деца против мали сипаници.

Морбилите не стивнуваат – ќе биде ли прогласена епидемија во целата земја?

Сепак, од таму велат дека 9 од пријавените не ги исплашила глобата и платиле сума која може да изнесува до максимални 600 евра за да не го вакцинираат своето дете. Од ДСЗИ велат дека за останатите 11 кои не се одѕвале на повикот да дојдат во инспекторатот, поднесени се прекршочни пријави.

Во 1 квартал од годинава до Државниот санитарен и здравствен инспекторат пристигнале 20 пријави за невакцинација на деца од вакциналните пунктови, сите родители се повикани во инспекторатот. Од нив само 9 се појавиле и платиле казна, додека за 11 поднесена е прекршочна пријава-Државен санитарен и здравствен инспекторат.

Комисијата за заразни болести утре ќе ја разгледува актуелната состојба со мали сипаници во земјава, а врз основа на тоа велат дека ќе се разгледува како да се постапува понатаму, не е исклучена и можноста да биде прогласена епидемија на целата територија на државата. Минатата недела во земјава беа регистрирани рекордни 126 заболени, од кои само половината се во главниот град. Според податоците од Институтот за јавно здравје, во земјава има 19.000 невакцинирани деца. Во исто време зголемен е бројот на вакцинирани возрасни лица кои претходно биле вакцинирани само со една доза вакцина.

Во меѓувреме, во соседна Србија која се соочува со сличен проблем, се зголемува бројот на пресуди за лица кои не ги вакцинираат своите деца. Тамошните медиуми пренесуваат дека за една година, прекршочниот суд во Белград изрекол 119 осудителни пресуди, а од нив 36 добиле парични казни од 5 до 50.000 динари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Нема политички договор со Бугарија, опозицијата има координација со одредени структури таму

Нема договор со Бугарија за да се предаде Ива Михаилова, изјави   вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во вечерашното Само Интервју на Канал 5.

Николоски: Нема политички договор со Бугарија, опозицијата има координација со одредени структури таму

Тој ги отфрла опозициските тврдења за политички договор со Бугарија..

Николоски случајот со Михаилова го гледа во контекст на претстојните избори кај нив а на жалбите на бугарската вд претседателка Јотова и до Обединетите Нации одговори дека тоа секако не оди во нивниот прилог, и си го нарушуваат сопствениот имиџ бидејќи се работи за бегство на осомничена за тешко кривично дело...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче од Брвеница му одговори на Мицкоски: СДСМ не можеш и нема да ја уништиш!

„Мицкоски, нека не те лаже умот. Ние сме како пиреј. СДСМ нема да ја уништите!“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Брвеница, одговарајќи му на Христијан Мицкоски по неговата изјава дека СДСМ треба да се уништи.

Филипче од Брвеница му одговори на Мицкоски: СДСМ не можеш и нема да ја уништиш!

„Пред неколку дена арамијата Мицкоски дојде во Брвеница, во Милетино, и на својот митинг кажа дека СДСМ треба да се уништи. Еве, да му одговорам од овде: Знам сѐ што правиш, Мицкоски. Знам дека сакаш да ја уништиш СДСМ. Знам дека сѐ што правиш е за да нѐ уништиш. Затоа што се плашиш. Се плашиш затоа што СДСМ не ти е под контрола. Затоа што сме единствената вистинска опозиција во земјата“, порача Филипче.

Филипче посочи дека нападите врз СДСМ, црната кампања, навредите и ширењето омраза нема да ја сменат улогата на партијата како единствена вистинска опозиција.

„Се плашиш затоа што знаеш дека ќе одговараш за криминалот пред Европското јавно обвинителство. Се плашиш затоа што ти паѓа поддршката, а СДСМ расте.

Затоа ровариш. Затоа е црната кампања, затоа ме правите убиец на деца на вашите медиуми.

Затоа се навредите, заканите, омразата – „талог“, „мочуриште“, „медиокритети““, рече Филипче.

Филипче од Брвеница упати директна порака до Мицкоски дека СДСМ нема да се повлече и дека ќе продолжи да се бори за граѓаните и за Македонија.

„СДСМ е народот, СДСМ се граѓаните. Работниците, земјоделците, пензионерите, младите што сакаат да останат во оваа земја. СДСМ е Европа, напредок, развој, патриотизам, државништво. СДСМ е искреност и вистинска љубов кон татковината и кон сите наши граѓани. СДСМ е соживот, почитување на различностите. СДСМ е поддршка за ранливите. СДСМ е партија што постои за народот и за Македонија.

Не можеш да нè уништиш и нема да нè уништиш. Христијан, на крај ќе ти порачам една стара поговорка: кој на друг гроб му копа, сам во него паѓа. Доаѓа времето на вистината и правдата. Ќе одговарате! Сите до еден!“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Изградбата на брзата пруга на терен започнува на пролет

Во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 телевизија, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски зборуваше за договорот за стратешко партнерство со Велика Британија.

Николоски: Изградбата на брзата пруга на терен започнува на пролет

Во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 телевизија, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски зборуваше за договорот за стратешко партнерство со Велика Британија, финансирањето на брзата пруга и очекуваниот почеток на градежните работи на овој значаен инфраструктурен проект.

„После подолго време, првпат во Македонија се испочитува рок. Имено, сите шест студии требаше да бидат готови до 31 август и ние на истиот датум ги добивме. Што значи дека сега влегуваме во финалната фаза и, ако е сè добро, рокот ќе го запазиме, а тоа е да ги имаме веќе и градежните работи од пролет“, рече Николоски.

Одговарајќи на прашањето дали промената на премиерот во Обединетото Кралство може да влијае врз динамиката на реализација на проектот, Николоски нагласи дека станува збор за стратешко партнерство со држава чија политика во оваа област не зависи од промените на владата.

„Во однос на политичкиот контекст, се работи за пресериозна држава, втора најголема сила во НАТО, држава членка на Советот за безбедност на ООН, и таму овие одлуки не се променуваат со промената на влада“, посочи Николоски.

Како потврда за континуитетот на стратешкото партнерство, тој најави дека во втората половина на ноември и на почетокот на декември повторно ќе се одржат средби на високо ниво во Лондон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер