Морбидно: Секои четири го откопува телото на починатата ќерка, ја мие и пресоблекува - Канал 5

Морбидно: Секои четири го откопува телото на починатата ќерка, ја мие и пресоблекува

Народот Тораја од Јужен Сулавеси во Индонезија спроведува еден од најбизарните обичаи за да го слави култот на мртвите.

Морбидно: Секои четири го откопува телото на починатата ќерка, ја мие и пресоблекува

Имено, на секои неколку години, овој народ ги обединува минатото и сегашноста преку необичен ритуал, а во рамките на церемонијата наречена „Ma'nene“, членовите на оваа заедница ги откопуваат телата на своите починати роднини, ги капат и ги облекуваат во нова облека, објави Лајфстајл.

Овој ритуал не е само симбол на почит кон мртвите, туку и длабоко вкоренето верување на овој народ дека душата постепено се преселува во задгробниот живот.

Секој август „Манене“ е време кога семејствата се собираат да ги исчистат и исушат телата на нивните предци, а потоа во духот на славењето често се фотографираат со нив. И ова е дел од верувањето дека присуството на покојникот е благослов за домот и семејството.

Според легендата, оваа необична традиција ја започнал извесен ловец Понг Румасек пред повеќе од еден век. Според легендата, тој пронашол напуштено тело во џунглата што му се згадило, па решил да го облече и да го закопа. Оттогаш, се вели дека бил благословен со обилен улов и плодна жетва.

Овој настан го иницираше верувањето кај народот Торај дека смртта не е крај - туку процес. Затоа со грижата за телата на покојниците обезбедуваат духовна блискост и континуитет меѓу живите и мртвите генерации. Ритуалот, според нив, станал мост меѓу живите и мртвите, со што е зачувана безвременската врска.

Некогаш, не толку ретко, се гледаат родители како поминуваат време со своите починати деца, па фотографијата на таткото кој на секои четири години го ископува телото на својата ќерка, го мие, облекува и го враќа во гроб го обиколи светот. На тој начин не само што го одржува жив народниот култ, туку и нивната нераскинлива врска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царинските службеници добија 30 телесни камери

Царинските службеници добија 30 телесни камери со кои директно ќе се следи нивното постапување, но и однесувањето на граѓаните при минување на граница. 

Царинските службеници добија 30 телесни камери

Камерите ќе се користат на три гранични премини - Табановце, Ќафасан и Блаце. Првиот човек на царинската управа Бобан Николовски рече дека камерите кои веќе од денеска се пуштени во употреба, претставуваат значаен чекор напред во борбата против корупцијата.

– Ова е заштита за двете страни во постапката – камерите ќе го забележат секое можно несоодветно однесување од царинскиот службеник, но исто така ќе го забележат и односнот од страна на патниците, превозниците и економските оператори. Второ, добиваме превенција и борба против корупција. Царинската управа има јасна определба – нема место за корупција и злоупотрба на службените овластувања. Телесните камери се уште една алатка во исполнување на оваа определба,- Бобан Николовски, директор на Царинска управа.

Телесните камери се донација од американската меѓународна програма за обука и помош при водење на криминалистички истраги, а американските претставници во земјава очекуваат камерите дополнително да го зајакнат интегритетот на царинските службеници.

– Царинските службеници се на првата одбранбена линија кога станува збор за нелегални супстанци, криминални стоки и криминални дејствија кога се преминуваат границите. Опремувајќи ги царинскиет службеници со модерна технологија, ги оспособуваме да ги извршуваат своите должности со поголем интегритет и ефикасност,- Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија.

Овој тип на телесни камери за царинските службеници беа презентирани денеска на настан на граничниот премин Табановце, каде голем број на службеници на лице место ја тестираа новата опрема, а дел нив од започнаа и да ги применуваат камерите во текот на редовниот преглед при влез и излез на возила во земјава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Националниот дата центар ќе се гради на државно земјиште во близина на ТИРЗ Скопје

Државниот дата-центар ќе се гради во близина на Скопје, веднаш до една од индустриските развојни зони, а во тек се разговорите за обезбедување меѓународен финансиски партнер. 

Националниот дата центар ќе се гради на државно земјиште во близина на ТИРЗ Скопје

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека проектот е во финална фаза на дефинирање на локацијата, која посочува дека е на неискористено државно земјиште, во близина на автопат и оптичка инфраструктура. Во втората фаза од проектот се планира и изградба на фотонапонска централа, која како што објаснува Андоновски, би обезбедувала 30 до 40% од потребната електрична енергија..

-Имавме многу квалитетни разговори во изминатите неколку дена со потенцијални финансиери на на овој проект и исто така разговараме со Министерството за транспорт за утврдување на потребната процедура за употреба на таа конкретна локација и изработка на проект. Веќе ја спомнав локацијата ќе биде во близина на Скопје, веднаш до една од индустриските развојни зони, тоа е државно земјиште кое што не се употребува за земјоделство или за нешто друго, неискористено е, така што овој простор ќе го искористиме,- Стефан Андоновски – министер за дигитална трансформација.

Паралелно, Андоновски вели дека се работи и на воспоставување законска рамка која ќе го следи забрзаниот развој на ВИ и ќе обезбеди нејзино безбедно, етичко и одговорно користење. Првата нацрт-верзија Националната стратегија за вештачка интелигенција ќе биде презентиран утре, а планот е документот да биде донесен до крајот на годинава. Како што посочува Андоновски, Националната стратегија ќе содржи и акциски план со конкретни задачи за институциите. Како една од активностите за 2027 година се разгледува и носење посебен закон за употреба на ВИ, област која во земјава во моментов не е уредена со посебна законска рамка.

- Се надевам дека потоа ќе го, ќе ја закачиме истата на ЕНЕР и ќе организираме неколку јавни расправи. Очекувам дека до крајот на годината ќе ја донесеме и една од активностите на стратегијата ќе биде и можеби, размислуваме за донесување на еден закон за употреба на вештачката интелигенција, значи не регулирање на производство или на создавање на вештачка интелигенција, туку повеќе на правилно, етичко и принципиелно користење за добро на вештачката интелигенција, така што тоа е нешто на што размислуваме за 2027 година,- Стефан Андоновски – министер за дигитална трансформација.

Инаку, според претходните најави на Андоновски, изградбата на Националниот дата-центар во првата фаза би чинела околу 20 милиони евра и би траела околу две години, а крајната цел е на едно место да се обединат системите и податоците на државните институции и да се обезбеди поголема безбедност и контрола врз нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јотова тврди дека официјална Софија ги спровела сите препораки од Советот на Европа

Бугарската претседателка Јотова тврди дека официјална Софија ги спровела сите препораки од Советот на Европа поврзани со македонското здружение ОМО „Илинден“. 

Јотова тврди дека официјална Софија ги спровела сите препораки од Советот на Европа

Јотова ваквиот став за предметите поврзани со македонската организација како што кажа, му го пренела лично на генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, на вчерашната средба што ја имале во Стразбур. Според Јотова, проблемот за регистрација на ОМО Илинден не бил кај бугарските власти туку во пропусти од македонското здружение, а оваа тема, како што изјави, исклучително многу се користела против Бугарија. Јотова тврди дека Бугарија нема билатерален спор со Македонија, а земјава според неа не ги почитува обврските од францускиот компромис.

– Втората тема беше, се разбира за движењето на досието ОМО „Илинден“ и многу се надеваме дека на една од наредните седници таа сага ќе заврши. Се разбира, јас го потцртав бугарскиот став уште веднаш, за да чуе тој (Берсе) од прва рака, дека ние сме ги спровеле сите нивни препораки до овој момент. Го променивме законот заедно со Агенцијата за регистрација, за да можат таму да се регистрираат. За жал, тие секојпат пропуштаат по некој документ, изјави Јотова.

Од ОМО ,,Илинден-ПИРИН’’ тврдењата на бугарската претседателка ги оценија како целосни невистини и манипулација. Стојко Стојков за Канал 5 вели дека бугарските судови организирано измислуваат непостоечки грешки за да ја одбиваат регистрацијата на македонските организации.

-Ова е директна лага што го кажува. Вистината е дека тие немаат исполнето ништо бидејќи исполнувањето значи да ги регистрираат организациите. Комитетот на министри ги натера да запрат да користат аргументи од типот нема македонско малцинство затоа нема да ве регистрираме и нив им остана само да се повикуваат на технички грешки. Комитетот на министри побара од Бугарија да даде пример бидејќи беше хаос и никој не можеше да разбере што точно е грешка, а што не, да дадат пример на три организации кои што се регистрирани и чиишто документи се перфектни и нема никакви грешки и бугарските власти дадоа три организации минатата година. Од тогаш наваму има десетици обиди на наши организации да се регистрираат користејќи ги документите на овие организации и секој пат, секој суд си измислува нови грешки во документите., изјави Стојков, – ОМО Илинден Пирин.

Европскиот суд за човекови права во повеќе наврати утврдуваше повреди на правото на слобода на здружување и мирно собирање на македонските здруженија во Бугарија, а во моментов има околу 14 пресуди кои Софија не ги спроведува, на што неодамна за време на посетата на Македонија укажа и самиот Берсе. Да се биде членка на Советот на Европа не значи само да се биде дел од клубот, туку и да се прифати обврската на сите пресуди на овој суд, изјави Берсе во мај годинава.

Токму пресудите од судот во Стразбур се еден од главните аргументи и барање на македонската Влада – Бугарија да ги спроведе пресудите како израз на добра волја за подобрување на добрососедските односи, а во услови кога Софија настојува Бугарите да се внесат во македонскиот устав.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер