Мората за поразот во финалето на Лигата на нации: Многу сум депримиран - Канал 5

Мората за поразот во финалето на Лигата на нации: Многу сум депримиран

Шпанскиот фудбалер Алваро Мората е разочаран поради загубеното финале во Лигата на нации против Португалија (2:2, 3:5 - пенали).

Мората за поразот во финалето на Лигата на нации: Многу сум депримиран

- Благодарен сум на тренерот за довербата, и очигледно дека можев да изведам подобар пенал, но сега нема што да се направи. Затоа сум многу депресивен. Немаше солзи, но сакав да плачам. Треба да се извлече поука од ова, рече Мората по синоќешниот натпревар.

Португалија по втор пат во историјата ја освои Лигата на нации. Првиот трофеј го освои во 2019 година.

Шпанците по втор пат го загубија финалето на турнирот. Претходно во меч за трофејот беа поразени од Франција во 2021 година. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ќе направи ли Мис Бум Бум нова тетоважа со ликот на Меси

Поранешната Мис Бум Бум, инфлуенсерката Сузи Кортез, позната како една од најверните и најконтроверзните обожавателки на Лионел Меси, е блиску до исполнување на ветувањето што неодамна го даде. 

Фото: Ќе направи ли Мис Бум Бум нова тетоважа со ликот на Меси

Аргентинската фудбалска репрезентација ќе игра против Шпанија во финалето на Светското првенство, а доколку го освојат трофејот, провокативната Сузи ќе мора да направи нова тетоважа со ликот на Меси но сега како што најави самата на нејзинтимното место на нејзиното тело.

Со тој потег Сузи уште еднаш ќе покажа колу го обожува својот омилен фудбалер.

„Веќе имам седум тетоважи посветени на најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, а една од нив е на интимен дел од телото. Сепак, ако Аргентина освои уште едно Светско првенство, ќе исполнам уште едно ветување – ќе направам нова интимна тетоважа во чест на Меси. И бидете сигурни... таа ќе го шокира целиот свет. Сите што ме следат знаат дека секогаш го исполнувам она што го ветувам. Напред, Аргентина!“, изјави Сузи.

Поранешната победничка на натпреварот „Мис Бум-Бум“ во Бразил претходно се поврзуваше со контроверзиите околу Жерар Пике. Според нејзините тврдења, таа била меѓу жените на кои поранешниот шпански репрезентативец наводно им испраќал експлицитни фотографии додека сè уште бил во врска со пејачката Шакира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Honda Super EV: Мал електричен автомобил

Honda Super EV: Мал електричен автомобил за голема забава. .

Honda Super EV: Мал електричен автомобил

На традиционалниот фестивал на брзината „Goodwood“ во Англија, Honda го претстави новиот Super EV – мал електричен градски автомобил инспириран од јапонските „кеи“ (kei) автомобили, но со јасен фокус на уживањето во возењето.

Со должина од само 3,6 метри и тежина помала од 1,1 тон, Super EV се движи со помош на електромотор со моќност од 64 коњски сили. Посебната функција „Boost“ привремено ја зголемува моќноста на 95 коњски сили, овозможувајќи му на автомобилот да забрза од 0 до 100 км/ч за приближно 8,8 секунди.

Honda вклучи и неколку интересни карактеристики, како што се симулирано менување брзини преку рачки на воланот и вештачки звук на моторот што го засилува спортското чувство. Британскиот автомобилски новинар Мет Вотсон истакна дека Super EV е еден од најзабавните мали електрични автомобили што некогаш ги возел. Што се однесува до практичноста, Super EV располага со батерија од 30 kWh, која нуди автономија до 206 километри според WLTP стандардот.

Со максимален капацитет за брзо полнење со еднонасочна струја (DC) од 50 kW, автомобилот е првенствено наменет за градско возење. Нуди багажен простор со капацитет од 210 литри.

Продажбата веќе започна во Обединетото Кралство, каде што почетната цена изнесува околу 22.650 евра, додека датумот за лансирање на другите европски пазари останува непознат, пренесува b92.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Луксузната вила на разведената двојка Џенифер Лопез и Бен Афлек се уште без купец

Луксузната вила што светските ѕвезди, Џенифер Лопез и Бен Афлек ја купија за време на нивниот брак повторно не успеа да најде купувач, иако, според извештаите на американските медиуми, заинтересирано лице веќе имало уплатено капар. 

Луксузната вила на разведената двојка Џенифер Лопез и Бен Афлек се уште без купец

Имотот во Беверли Хилс, кој располага со 12 спални соби и 24 бањи, првично беше понуден за 68 милиони долари; подоцна цената беше намалена на 52 милиони долари, а последната барана цена изнесуваше 49,95 милиони долари. Тоа е значително помалку од 60,85 милиони долари што поранешните сопружници ги платија за овој огромен имот во 2023 година.

Џенифер Лопез и Бен Афлек официјално го финализираа својот развод на почетокот на 2025 година, по обновената романса и двегодишниот брак што привлече големо внимание во јавноста.

Според извештаите на американските медиуми, Афлек веќе го пренел својот сопственички удел на својата поранешна сопруга, што значи дека приходот од евентуална продажба ќе ѝ припадне нејзе, иако е речиси сигурно дека притоа ќе се претрпи финансиска загуба.

Вилата – која меѓу другото располага со базен, терени за кошарка и пиклбол, боксерски ринг, теретана, луксузен пентхаус за гости и паркинг за 80 возила – моментално повторно е повлечена од понудата, па не се знае кога повторно ќе се најде на пазарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер