Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
2Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
ФудбалМората пред сензационално враќање во Шпанија – ќе игра во втора лига?Долгогодишниот капутен нна Шпанија, Алваро Мората можеби е пред еден од најнеочекуваните потези во својата кариера. Шпанскиот напаѓач е блиску до трансфер во Леганес, клуб што се натпреварува во втората шпанска лига. Договорот предвидува позајмица од Комо, а клубовите допрва треба да ги финализираат последните детали. Мората пристигна во Комо минатата сезона, но не успеа да фати ритам. Тој не постигна ниту еден гол во Серија А, иако одигра 26 натпревари и забележа вкупно 924 минути игра. За 33-годишниот напаѓач – кој настапувал за Реал Мадрид, Јувентус, Челзи, Атлетико Мадрид и Милан – преселбата во шпанската втора лига би претставувала сосема поинаков вид предизвик. Леганес го гледа Мората како големо засилување во обидот да се вратат во Ла Лига. Клубот од предградието на Мадрид не може да ја покрие платата што тој моментално ја заработува во Италија, па за реализација на позајмицата ќе биде потребно Комо да покрие дел од неговите примања. За Мората, ова би значело враќање во позната средина. Роден во Мадрид и производ на младинската школа на Реал Мадрид, тој во текот на кариерата играл на највисоко ниво и за Реал Мадрид и за Атлетико Мадрид. Тој исто така ја предводеше шпанската репрезентација како капитен до титулата на Европското првенство во 2024 година. Неговото доаѓање би донесло едно од најголемите имиња во историјата на клубот во Леганес. Во текот на својата кариера, Мората освои две титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид, титула во италијанското првенство со Јувентус, англиски ФА Куп со Челзи и европска титула со Шпанија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУХМР: Топол продолжен викенд со изолирани невремињаПродолжува топлотниот бран, со температури кои во Скопје ќе достигнат и до 36 степени во делови од државата температурата ќе биде и до 39 степени.Продолжува топлотниот бран, со температури кои во Скопје ќе достигнат и до 36 степени во делови од државата температурата ќе биде и до 39 степени, можно е изолирано невреме во делови од земјата, велат од УХМР.. Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и ЗелениковоВо моментот се активни четири пожари, 24 се изгаснати, а под конторла се 24 пожари, објаснуваат од ЦУК..Активни се пожарите во општините Студеничани и Зелениково општините Гостивар и Македонски Брод Општина Чашка – над с. Нежилово, и делови во општина Струга. Од ЦУК со апел за внимателност, да не се палат огнови на отворено..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисНа Синер не му е дозволено да тренира!Најдобриот тенисер во светот Јаник Синер, по препорака на лекарите, нема да може да тренира најмалку до 6 септември. По новите прегледи на десното колено, му беше препорачан целосен одмор од сите видови тренинзи, додека Италијанецот истовремено продолжува да закрепнува од проблемот поради кој мораше да го откаже учеството на УС Опен. Имено, Синер беше подложен на нови прегледи во Торино, каде што му беше наложено да мирува во текот на наредните десет дена. Според информациите од италијанските медиуми, прегледот не покажал пукнатина, но воспалението на десното колено сè уште не е целосно санирано. „Газета дело Спорт“ пишува дека резултатите од прегледот наложиле Синер целосно да мирува оваа недела, а не е исклучено периодот без тениски тренинзи да се продолжи и во текот на наредната. Најраниот датум за враќање на тениските тренинзи моментално е 6 септември. Тогаш Синер би требало повторно да започне со работа на теренот, доколку состојбата на неговото десно колено се подобри.Тагови: Јаник Синер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook