ФудбалМората би можел да се пресели во МиланФудбалерот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората може да направи трансфер во Милан, објави „Goal.“Раководството на актуелниот италијански шампион е заинтересирано да ангажира играч кој има искуство со играње во Серија А. Мората двапати играше за Јувентус, од 2014 до 2016 година и од 2020 до 2022 година. Триесетгодишниот Шпанец оваа сезона забележа 42 настапи за мадридскиот клуб постигнувајќи 15 голови и три асистенции. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во БугаријаСлучајот со бегството на Ива Михаилова ќе биде презентиран и пред меѓународните партнери во НАТО, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.Случајот со бегството на Ива Михаилова ќе биде презентиран и пред меѓународните партнери во НАТО, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои се следните чекори на државата по бегството на Михаилова во Бугарија. Запрашан како го коментира негирањето на бугарското Министерство за надворешни работи дека бугарските власти учествувале во изнесувањето на Михаилова од Македонија, Мицкоски одговори со контрапрашање. „А, што очекувате, да кажат дека учествувале во такво нешто?“ Дел од тие докази коишто ќе ги имаме во истрагата прво ќе ги презентираме прво пред нашите меѓународни партнери во НАТО, за да покажеме како партнерски земји во НАТО се однесуваат. Овој упад којшто е направен и буквално е киднапирано лице коешто сега е бегалец од правдата, нема вака да заврши. Вака едноставно нема да заврши. Но, ние исто така нема да дозволиме, да бидеме жртва на емотивни реакции. Ние ќе продолжиме со она што е нас интерес, а тоа е процесот на евроинтеграција и нема да ги напуштиме преговорите, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски уште еднаш испрати порака дека случајот со бегството на Михаилова ќе добие правна завршница, и ги отфрла обвинувањата од опозцијата за договор со бугарските власти за нејзиното пуштање. „Со одговорот на бугарските власти најпрво паднаа во вода координираните напади што доаѓаа оттаму и од нашата опозиција дека нешто било договорено. Имаме потерница и очекуваме родителот на Ива, кој е осуден, да биде вратен, а Ива да дојде и да ја докажува невиноста пред судовите во Македонија“, изјави Мицкоски. Мицкоски рече и дека истрагата околу бегството на Михаилова на 11 октормври е во тек, но не сакаше да открива повеќе детали од истата. Веќе на 12 септември беше распишана потерница за неа, но бугарското МВР преку соопштение навести дека нема наемра ниту да ја приведен, ниту да ја екстрадира, повијувајќи се на уставот на Бугарија. По првичните изјави што ги даде по доаѓањето во Софија, Михаилова не се појави веќе во јавноста, а нема информации ниту каква дијагноза и утврдиле лекарите во Пирогов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРоманија бара помош од НАТО по нападите врз бродови во Црното мореРоманија побара поголема поддршка од сојузниците за заштита на пловидбата во Црното море, по серијата напади со дронови врз трговски бродови во близина на романскиот и бугарскиот брег.НАТО разгледува дополнителни мерки за намалување на ризиците за поморскиот сообраќај. Според извештајот на „Асошиејтед прес“, во октомври биле погодени најмалку седум товарни бродови, а во нападите имало загинати и исчезнати членови на екипажите. Инцидентите ја зголемуваат загриженоста за безбедноста на транспортните правци преку кои се извезуваат украинско жито и други стоки. Меѓу опциите што се разгледуваат се зајакнување на одбраната од беспилотни летала и воспоставување заедничка команда на нато во Црното море, со учество на Романија, Бугарија и Турција. Во дискусиите е вклучен и предлог за мораториум на нападите врз цивилни и трговски бродови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаКривична пријава за Костадин Костадинов за легализација на објектПолицијата поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, и уште две лица, поради сомневања за злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување исправа.Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, и уште две лица, поради сомневања за злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување исправа при легализација на бесправно изграден објект во струмичкото село Куклиш. Од министерството за внатрешни работи информираат дека пријавите се поднесени до Основното јавно обвинителство во Струмица. Покрај Костадинов, опфатени се и поранешната раководителка на секторот за урбанизам во општина Струмица и управител на правно лице од Битола, кое во меѓувреме е ликвидирано. Според МВР, во 2022 година Костадинов и поранешната раководителка, злоупотребувајќи ги своите службени овластувања, му овозможиле на физичко лице од Куклиш да легализира објект изграден без соодветна документација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter