Монтгомери: Ситуацијата на Балканот станува потенцијално насилна - Канал 5

Монтгомери: Ситуацијата на Балканот станува потенцијално насилна

Ситуацијата на балканот станува потенцијално насилна, бомбардирањето на Србија беше грешка, вели поранешниот амбасадор на САД во Србија, Вилијам Монтгомери.

Монтгомери: Ситуацијата на Балканот станува потенцијално насилна

Тој во интервју за Данас посочува дека постојат многу ситуации, особено во Косово, но и во Босна, каде што луѓето се многу лути едни на други и може да избувне насилство, и смета дека треба да се обрне поголемо внимание на тоа. Искрено, западот имаат други проблеми на кои треба да се фокусираат. Тие имаат огромни проблеми во Франција, Германија и САД, насекаде. И затоа, мислам, до одреден степен, го занемаруваат овој регион. И мислам дека тоа е грешка“, вели Монтгомери.

Монтгомери изразува надеж дека администрацијата на Доналд трамп во преостанатите три години би можела да преземе нови позиции за да ги проимени работите во овој ргион.

Запрашан за бомбардирањето на Србија во 1999 година тој вели дека тоа било грешка. Мислевме дека бомбардирањето ќе трае еден или два дена. И тогаш Милошевиќ ќе се освести и ќе рече: „добро, ќе го направиме тоа“, наведува меѓудругото Монтгомери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Узбуна во Келн, наредена итна евакуација! Пронајдена огромна бомба

Узбуна во Келн, наредена итна евакуација! Пронајдена огромна бомба, вработените во двете најголеми тв-куќи преместени на безбедно! 

Узбуна во Келн, наредена итна евакуација! Пронајдена огромна бомба

Во германскиот град Келн е пронајдена американска бомба од Втората светска војна, поради што е наредена евакуација на дел од градот, вклучително и на седиштата на телевизиските станици RTL и NTV.

Бомбата е пронајдена во реката Рајна, во близина на паркот „Рајнпарк“ во квартот Дојц, а експертите планираат да ја отстранат и деактивираат во текот на денот.

Поради опасноста, градските власти на Келн воспоставија зона за евакуација со дијаметар од 400 метри околу местото каде што е пронајдена бомбата.

Жителите, како и вработените во компаниите и институциите лоцирани во таа област, мораа привремено да ги напуштат зградите. Меѓу нив беше и големиот емитувачки центар на телевизиските компании RTL и NTV.

Поради вонредната ситуација, беше изменета и програмата на RTL. Вечерната информативна емисија „RTL Aktuel“ не се емитуваше од Келн, туку од студио во Берлин.

Истовремено, дневната емисија „Punkt 12“ првично продолжи да се емитува според планот и се водеше во живо сè додека тоа беше можно. Надлежните служби соопштија дека станува збор за американска авионска бомба тешка околу 250 килограми, која потекнува од периодот на Втората светска војна.

Специјалистите за отстранување експлозивни направи го одредија моментот за почеток на деактивирањето во зависност од брзината на евакуација на населението и целосната евакуација на загрозеното подрачје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-Трагедија: Гром усмрти фудбалер! Повредени се уште 12 играчи!

Ужасна трагедија се случи во Тајланд за време на фудбалски турнир.

Видео-Трагедија: Гром усмрти фудбалер!  Повредени се уште 12 играчи!

Млад фудбалер почина откако беше погоден од гром за време на натпревар во Тајланд.

Трагедија се случи на стадионот „Сантипап“ за време на полуфиналето од регионалниот турнир „ФА Голок Куп 2026“.

Гром удри во теренот на стадионот во Наративат.

Крилниот играч на ФК Јала, Софван Аве (24), бил пренесен во болница во критична состојба откако на теренот била извршена реанимација, но тој не преживеал.

Во несреќата се повредени уште 12 фудбалери кои се задржани на болничко лекување. Некои од нив се здобиле со тешки изгореници по целото тело.

Софван Аве потпиша договор со третолигашкиот тим само неколку дена пред трагедијата. Фудбалската асоцијација на Тајланд изрази сочувство до неговото семејство и пријателите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Две нови комори се приклучија кон семејството на Сојузот на стопански комори

Две нови комори се приклучија кон семејството на Сојузот на стопански комори

Две нови комори се приклучија кон семејството на Сојузот на стопански комори

Со новите членки ЕнергоКом - Стопанска комора на компании од енергетиката и Комората за превенција, заштита од пожари и кризен менаџмент, ССКМ го заокружи процесот на пререгистрација и организациска консолидација. ССКМ денес обединува вкупно десет комори и три групации, а последното окрупнување претставува значаен чекор во понатамошното јакнење на најголемата деловна мрежа во државата и проширување на секторите што добиваат организирано коморско застапување за поефикасно застапување на интересите на компаниите. Организациското прегрупирање и новиот начин на управување доаг а по редовното Годишно собрание, одржано кон крајот на јуни годинава во Скопје. „Сојузот на стопански комори на Македонија продолжува да расте и да ја зајакнува својата мрежа. Визијата за посилен, поконкурентен и подобро организиран коморски систем век е добива конкретна потврда преку проширувањето на семејството на Сојузот. Со приклучувањето на двете нови комори се заокружува процесот, а новата организација овозможува поефикасно секторско организирање, посилно застапување на интересите на компаниите и дополнително јакнење на коморскиот систем. Приклучувањето на новите комори е уште една потврда дека сè поголем број компании и професионални здруженија го препознаваат Сојузот на стопански комори на Македонија како кредибилен партнер и силен застапник на интересите на бизнис-заедницата. Во услови на динамични економски промени, обединувањето на компаниите во рамки на силен коморски систем е од особено значење за креирање заеднички иницијативи, унапредување на деловната клима и поефикасен институционален дијалог“, изјави претседателот на ССКМ, Горан Ѓорѓиевски.

Во овој момент, во состав на ССКМ функционираат следните комори: Агро бизнис комора; ИКТ комора; Комора на сметководители, финансии и даночни советници; Туристичко-угостителска комора; Услужна комора; ЕНЕРГОКОМ – Стопанска комора на компании од енергетиката; Комора на интегрирано приватно здравство; Комора за трговија и дистрибуција; Комора за индустрија и развој; и Комора за превенција, заштита од пожари и кризен менаџмент. Во рамки на Сојузот активно функционираат и трите групации: Групација за проекти; Групација за игри на срек а; и Групација за стартапи.

Преку својата работа, групациите придонесуваат за развој на нови иницијативи, поттикнување на иновациите и поефикасно застапување на специфичните интереси на компаниите.

Во ССКМ сметаат дека новата организациска поставеност к е овозможи уште посилно поврзување на компаниите од различни сектори, поголема мег усебна соработка, размена на знаење и искуства, како и поефикасно заедничко застапување на интересите на стопанството во земјата и на интернационалните пазари. ССКМ останува посветен на градење современ, силен и обединет коморски систем, кој к е биде двигател на конкурентноста, на дигиталната и на зелената транзиција, посветен кон развојот на претприемништвото и создавањето попредвидлива и поатрактивна деловна средина за македонските компании.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер