СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
2СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
3ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ
ЖивотМонструмот од Кршко:„Јас од затвор ќе излезам, но ти од гроб нема“Мајката на момчето кое вршело тортура врз познаник и тоа го емитувал на Фејсбук, застанала во одбрана на синот.Пред ТВ камерите изјавила дека очигледно “некој го налутил“ штом направил такво нешто... Алеш Оловец, 20 годишен од околината на Кршко, кој заедно со пријателот Мартин Ковач (29), до смрт го претепал и мачел Андреја Цекута (26) и тоа го пренесувал во живо на социјалната мрежа, уште во 2013 на Фејсбук изјавувал дека не му е проблем да убие човек. „Што е за мене да убијам човек....јас од затворот ќе излезам надвор, но ти од гроб нема“. Не е јасно на кого се однесувала заканата, пишуваат „Словенске новице“ а само неколку месеци подоцна, повторно некој го изнервирал па напишал: „Само нека се поигруваат, ќе убијат некого“. Алеш Оловец, инаку имал три профила на фејсбук, еден под името Алеш Оловец, а можел да биде пронајден и како Алеш Шмук и Алеш Кимберли, кој му припаѓал на неговата девојка. Неговите закани никој не ги сфаќал сериозно. Братот на покојниот Андреја изјавил дека не може да сфати зошто Алеш и Мартин ова го направиле. Тој открил дека во понеделникот наутро, во моментот на нападот му заѕвонил телефонот. Го барале напаѓачите, но тој, бидејќи не се сомневал во ништо, не се јавил бидејќи сакал да се наспие, пишува „24ur”. Се смета дека Алеш и Мартин сакале да му јават дека брат му е тешко повреден или можеби сакале и со него да се пресметаат. За својот брат Андреја изјавил дека бил мирно момче, подготвено да помогне. Една пријателка на Алеш застанала во негова одбрана изјавувајќи дека Андреј и се додворувал на неговата девојка и го понижувал. „Пи..а ви матер, како се осмелувате да осудувате луѓе кои не ги познавате. Јас многу добро го познавам и знам дека ова го направи бидејќи му ја заведуваше девојката и постојано го понижуваше. Сега можете да ме мразите, но тој не е лош човек и секој од нас некогаш нешто лошо направил и не морате поради тоа да го осудувате“ – напишала неговата пријателка на што во коментарите и одговориле дека тоа не може да биде оправдување за злосторството. И мајката на Алеш застанала во одбрана на својот син шокирајќи ја јавноста. Пред телевизиските камери изјавила дека очигледно “некој го налутил“ штом направил такво нешто. „Тој не би го направил ова без причина. На прашањето да ги коментира наводите дека Алеш наводно го злоставувал Андреј бидејќи овој лошо зборувал за неа, таа одговорила дека ни она не би дозволила некој лошо да зборува за нејзината мајка и би се борела. Нападнатиот Андреј Цекут починал после тешките повреди на главата во вторникот во болница во Љубљана. Еден од злоставувачите изјавил дека се кае и дека бил пијан, а другиот се бранел со молчење. Поради убиството им се заканува и до 15 години затвор иако поголемиот дел од словенечката јавно, особено преку социјалните мрежи, бара доживотна затворска казна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЉупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕПратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката ја донел партискиот Извршен комитет на седницата одржана на 12 ноември, објави Пренџов на Фејсбук.Тој му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за довербата и на членовите на Извршниот комитет за поддршката, оценувајќи го изборот како ново поглавје во својот политички ангажман. „Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов. Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на таа партија. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на 6 февруари годинава, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
РакометВо сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- АлкалоидВо сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито. Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!Тагови: РК Вардар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината. Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ. Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ. Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски. Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари. Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност. Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ. Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност. Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот. Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците? Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон. Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа. Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат! Скопје, 13.11.2026 година СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook