Владата на ВМРО-ДПМНЕ носи инвестиции од САД, СДС и Филипче немаат реална понуда за граѓаните освен лаги и хистерија
2Владата на ВМРО-ДПМНЕ носи инвестиции од САД, СДС и Филипче немаат реална понуда за граѓаните освен лаги и хистерија
2 Три едноставни начини да го победите стресот - стручни техники што може да ги применувате секој ден
БалканМонструмот од Цетиње испукал 37 куршуми во своите жртви Црна Гора и целиот регион тагуваат за 12-те невини жртви од масакрот во Цетиње.Од 1 јануари кога Ацо Мартиновиќ го започна својот крвав поход и за 36 минути ги уби членовите на семејството, пријателите, кумовите и нивните деца, Балканот е завиен во црно, објави Телеграф. Полудениот убиец од Цетиње испукал најмалку 37 куршуми во своите жртви... Имено, на петте локации каде Мартиновиќ убивал невини луѓе, пронајдени се вкупно 37 чаури, девет проектили и 11 делови од проектили... Манијачниот напад на убиецот од Цетиње траел од 17:21 до 17:57 часот. Почнал во кафеана во Цетиње, каде со пиштол ги убил првите жртви. Само пет минути подоцна, во 17 часот и 26 минути телефонски било пријавено дека имало пукотници во локалот. Според податоците на полицијата, тој од 17.21 до 17.24 часот ги убил Бранислав Мудреша (60), Радомир Марковиќ (70), Милош Мартиновиќ (45), а го ранил родениот М.В во 1984 година А.М., роден 1983 година и Д.К., роден 1985 година. Истрагата утврдила дека четворицата убиени и тројцата ранети се познавале со Мартиновиќ и дека тој ден сите престојувале во кафаната. Од прегледот на надзорните камери било утврдено дека, кога патролите се упатиле кон Бајице, Мартиновиќ веќе се упатил кон населбата Хумчи, каде што возел „фиат стило“ и се паркирал пред куќата на настраданите, неговите кумови Мартиновиќ. Прво го убил Јоша Оташевиќ (55) во куќата на кумовите, кој бил во куќата на Марко Мартиновиќ, чиј брат близнак го убил во кафеаната. По Оташевиќ, во дворот од куќата го убил Мартиновиќ и ја ранил сопругата М.М.(45). Ранетата жена со телото успеала да го спаси детето бегајќи од налудничавиот убиец. Продолжувајќи ја својата убиствена треска, Ацо отишол во родителската куќа на убиените браќа Мартиновиќ и ги убил нивните татко и мајка - Радован (70) и Радмила Мартиновиќ (63). Истражителите го пронашле Радован Мартиновиќ убиен во фотелја во дневната соба, а неговата сопруга во ходникот од куќата... Полицијата соопшти дека нивните припадници пристигнале на првото место на злосторството во 17 часот и 39 минути - кафеаната Велестово, а шест минути подоцна било пријавено дека во населбата Хумчи е извршено убиство, а една минута подоцна и браќата Вулетиќ биле убиени - деветгодишниот Вукан и неговиот пет години постар брат Јован. Тие двајца се најмладите невини жртви на масовниот убиец Ацо Мартиновиќ. Мартиновиќ потоа отишол во Доњи крај и ја убил својата сестра Зорица Вулетиќ. После тоа со часови бегал од полицијата. Тој бил лоциран и опколен во близина на неговиот дом доцна вечерта. Специјалците му наредиле да го фрли оружјето, но Мартиновиќ ги игнорирал. Според полицијата, тој околу 23 часот и 35 минути извадил оружје и си пукал во главата. Починал на пат кон болница. Да потсетиме, кај Мартиновиќ бил пронајден пиштол со еден куршум во цевката и 10 куршуми во рамката, како и една чаура до него. При увидот во неговиот гардеробер биле пронајдени 64 куршуми и рамка од пиштол во која имало дополнителни 15 куршуми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Повторно дефокус - платформата ЗНАМ 2.0 работи во корист на МицкоскиПовторно дефокус. Платформата ЗНАМ 2.0 работи во корист на Мицкоски.Токму кога СДСМ го разоткри планот на Мицкоски за распродажба на Македонија, отворање рудници и експлоатација на антимон без согласност од граѓаните. Токму кога објавивме дека приватна компанија за оружје платила над 1,5 милиони долари за лобирање за Мицкоски. Дефокус од платформата ЗНАМ 2.0. Напад врз СДСМ и претседателот Венко Филипче. Прашањето е едноставно: кому му одговара дефокус и пренасочиување на вниание на граѓаните од криминалот на Мицкоски и неговата организирана криминална група? Само на арамијата Мицкоски. Не случајно се платени преку тендери вредни 1,6 милиони евра. СДСМ и претседателот Филипче се секојдневно на терен со граѓаните и деноноќно се борат против бандата на Мицкоски. ВМРО е во слободен пад. Арамијата веќе нема рејтинг. Затоа сакаат да ја срушат СДСМ, но од тоа нема да има ништо. ЗНАМ 2.0 нема да помине! Скопје, 25.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МакедонијаВладата на ВМРО-ДПМНЕ носи инвестиции од САД, СДС и Филипче немаат реална понуда за граѓаните освен лаги и хистеријаСДС и Венко Филипче продолжуваат со лажната грижа за граѓаните. Лицемерието на Филипче и СДС оди до таму што велат дека бил загрозен македонскиот идентитет и дека Македонија била во изолација.Партијата што ја распродаде државата, смени име и ја доведоа државата во ќорсокак на патот кон Европа на чело со Заев, Филипче, Спасовски Мариќич и останатите од СДС сега наводно се „грижат“ за македонскиот идентитет. Филипче по сите жртви од модуларната болница и сите скандали како тој со Онкологија, провизиите од вакцини сега очекува дека народот ќе му верува за тоа колку тој бил загрижен за пензионерите, земјоделците, минималната плата и останатите предизвици за кои СДС нема ниту план ниту стратегија. Филипче треба да знае дека народот јасно виде кои се интересите на СДС Заев и Филипче како инвестирањето во висококатници во Дубаи, луксузирање на јахти по Егејот и скапите журки со Харис Џиновиќ. Додека СДС и Филипче нудат само демагогија, празни ветувања и хистерија, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување на нови инвестиции, отворање на нови фабрики, нови работни места и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТрајков: Европската интеграција останува стратешки приоритетЗаменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков синоќа учествуваше на 25. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија- Европска Унија.Во рамки на дискусијата заменик-министерката ги презентираше актуелните процеси и приоритетите на Владата во европската интеграција на земјата, со посебен фокус на реформите, владеењето на правото и исполнувањето на обврските поврзани со пристапниот процес. „Нашата европска перспектива не е само политичка цел, туку процес кој бара континуирана, координирана и посветена работа од сите институции. Токму ваквиот институционален дијалог со европските партнери е важен за да ги претставиме постигнатите резултати, но и отворено да разговараме за обврските што ни претстојат“, истакна заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков. Таа порача дека целта на Владата е преку отворен дијалог со европските институции и со Собранието да придонесеме кон забрзување на реформскиот процес и напредокот на Македонија на европскиот пат. “За Македонија, токму ова е значењето на процесот на европската интеграција: реформи дома, интеграција со Европа и опипливи подобрувања во секојдневниот живот на нашите граѓани. Во исто време, геополитичката средина нè потсетува дека проширувањето не е само економски проект. Посилен, поинтегративен и поотпорен европски континент е сè поважен за нашата заедничка безбедност и стабилност. Западниот Балкан е дел од Европа – географски, историски и стратешки “– нагласи Трајков. Во рамки на синоќешната сесија се разговарашеза односите меѓу Европската Унија и Македонија, тековните активности во процесот на европска интеграција, како и за клучните реформски области од значење за напредокот на земјата. Особено внимание во агендата беше посветено на владеењето на правото и борбата против корупцијата, области кои се меѓу значајните теми во процесот на пристапување кон Европската Унија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00