Монструм ја убил сопругата по што ги избодел двете деца и ги оставил да искрварат до смрт! - Канал 5

Монструм ја убил сопругата по што ги избодел двете деца и ги оставил да искрварат до смрт!

42 годишниот Пол Њуман прво крвнички ја претепал својата 52 годишна сопруга Џералдин Њуман, а потоа ги избодел нивните две деца на возраст од 11 и 6 години.

Монструм ја убил сопругата по што ги избодел двете деца и ги оставил да искрварат до смрт!
Насилникот ја претепал сопругата со чекан. Таа починала од тешка повреда на главата, а енјзините деца искрвариле до смрт откако нивниот татко повеќепати ги избодел со нож и ги оставил да лежат еден покрај друг на креветот на мајка им во нивниот дом во Лидс.

Ужасната задача да ги идентификува телата ја добил нивниот вујко, братот на несреќната Џералдин, Киран Марки.

Невработениот возач Пол Њумен ги извршил убиствата утрото на 2 февруари, а потоа се фрлил од оваа карпа. Морале да го идентификуваат по отисоци од прстите.

A broken beer bottle and his clothes were found at the clifftop spot above where Paul Newman's body was found at cliffs in Holyhead, Angelsey in North Wales


Полициската истрага треба да ги утврди причините за оваа трагедија, но ова не е прв пат семејството на Њуман да трпи насилство од него.

Во октомври 2013 година Пол Њуман бил затворен на 4 месеци поради напад на сопругата која ја оставил со тешки повреди, да умре. Бил пуштен по само половина отслужена казна. Во јануари 204 бил проценет за насилник со „низок ризик“ и бил набљудуван. Во септември истата година Џералдин повторно го прима дома „за добро ан семејството“ и самата посетува курс за жртви на домашно насилство, за да си овозможи нов старт во животот - пишува Дејли меил.

Во јануари 2015 полицијата повеќе не го набљудува Њуман бидејќи цела година не извршил насилство над домашните. Веќе во пролетта Џералдин им признава на пријателите дека пак е претепана но не пријавува во полиција. Во декември 2015 откако уште еднаш ја претепал Џералдин и ја повредил ќерката по кавга за дезодоранс (!!!), Џералдин го исфрла Пол од дома.Само по 2 месеци тој се враќа „да се одмазди“ и крвнички ги одзема животите на сопругата и двете деца.

/ извор: Дејли меил

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Пет возеле без положен возачки испит, три под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а еден ја пречекорил брзината.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, пет лица лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: С.А.(63), М.М.(20) од с.Лисец, тетовско, Е.Д.(28) од Штип, Ф.А.(62) од Радовиш и С.М.(36) од с.Ораовица, радовишко, кој управувал и нерегистрирано возило и бил под дејство на алкохол.

Под дејство на алкохол возеле три лица, и тоа: В.М.(38) од Прилеп, Р.Г.(56) од с.Инџиково, скопско и Б.П.(44) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета. Две лица управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило, и тоа: А.Б.(25) од с.Вирче, делчевско и Љ.Д.(56) од Струга. Додека, пак, Р.В.(34) од Радовиш управувал патничко возило со брзина поголема од дозволената.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Украина извршила напад со беспилотни летала врз еден од најголемите руски петрохемиски комплекси во Нижнекамск, град во Република Татарстан, објавија украинските медиуми.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Во нападот биле повредени три лица, соопшти регионалното министерство за здравство. Властите не објавија детали за тоа кој индустриски објект бил погоден. Снимки од голем пожар се проширија на социјалните мрежи во Русија и Украина. Според тие извештаи, пожарот избувнал во фабриката „Нижнекам-Сне-Фтехим“, во чиј состав има и рафинерија за нафта. Поради оштетувањето на објектот што снабдува со електрична енергија и дел од железничката мрежа, железничкиот сообраќај бил привремено прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Маж загина во пожар што доцна синоќа избил во барака во скопската населба Жданец.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер