3Андоновски од Сеул: Пристапот до вештачката интелигенција ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството
КултураМонс и Плзен европски престолнини на културата во 2015 Белгискиот град Монс и чешкиот Плзен ќе ја делат титулата „Европска престолнина на културата“ во 2015 година. Ја преземаат од летонскиот главен град Рига и шведскиот Умео кои годинава го славеа европското културно наследство.Монс и Плзен на Европа ќе и понудат богата културна програма со многу концерти, изложби и урбани уметнички инсталации. Монс има околу 100.000 жители. Бил сообраќаен јазол уште од средниот век, а бил и важен рударски и индустриски центар. Во рударските заедници во околината на Монс пред повеќе од еден век сликарот Винсент ван Гог бил помошник кај евангелистички свештеник. Токму негови дела ќе бидат изложени на централната изложба во БАМ галеријата на модерната уметност во Монс. Вистинска атракција во ова белгиско гратче е и патеката на Ван Гог со две мали куќи во кои живеел младиот сликар, а и двата објекта се реновираат. Атрактивен е и големиот плоштад со мал месинган мајмун, кој посетителите го допираат за среќа. Главно случување во градот е поворката - специфична верзија на карневалот „Ѓукас“ во кој Свети Ѓорѓи го убива земјот. Чешки Плзен е град со 173.000 жители, во светот познат по производство на пиво, а се развил во 19 век благодарение на автомобилската индустрија. Впечатлива е катедралата „Св.Вартоломеј“ со највиската кула во Чешка со 102,6 метри, изградена во готски стил. Под градот има затрупани тунели од 14 век отворени за туристи. Симбол на Плзен е и ренесансната градска куќа стара повеќе од 500 години. Во градот има и голем број музеи коишто ја откриваат неговата долга историја. Европската комисија секоја година одредува почесен домаќин на овој проект. Традицијата почна во 1985 година, кога Атина беше културна престолнина на стариот континент. Целта е да се промовира чувството на заедништво во ЕУ, но на лауератот тоа му носи и пари од европските фондови, со што земјиште можат да финансираат големи проекти и програми од областа на културата. Критериум за избор е подготвеноста на градот да ги организира случувањата кои траат цела календарска година. За изборот решева независна меѓународна комисија во Брисел, а одлуката ја носи четири години однапред. Неа ја разгледува и Европскиот парламент, а ја изгласува Советот на ЕУ. Во 2016 година престолнини на културата во Европа ќе бидат Сан Себастијан (Шпанија) и Вроцлав (Полска), во 2017 Орхус (Данска) и Пафос (Кипар).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСпасено мече фатено во стапица на планината ЈакупицаНа планината Јакупица во велешко спасено е мече фатено во нелегално поставена стапица. Животното го пронашле ловџии од Ловечкото друштво „Руен“ од Велес. Тие слушнале силно рикање и го забележале мечето заробено во сајла. Во близина била и неговата мајка, која го набљудувала настанот. Во акцијата учествувале инспектори, ловџии, еколози, полицајци и ветеринар. Мечето било пронајдено на локалитетот Чеплес, во близина на рибник Нежилово. Ветеринар од Скопската зоолошка градина го успал животното за да го прегледа.Стапицата била отстранета, а мечето немало видливи повреди.станува збор за мажјак стар околу три години и тежок 70 килограми.По прегледот, мечето било пуштено назад во природата.за случајот бил известен јавен обвинител од велес.Полицијата ја запленила стапицата за вештачење и поведување кривична постапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЗаболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години.Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години ова беше истакнато на прес-конференција и едукативен симпозиум „Мисли на ретки: препознај и упати“ на здружението на граѓани за ретки болести „живот со предизвици“ Битола, националната алијанса за ретки болести на македонија и здружението на лекари по општа,семејна медицина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Ќофтиња од компир и тунаВо понеделник (12.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Дамјан Стојаноски.Состојки за денешниот рецепт: 3 компири 3 јајца 1 главица кромид половина морков половина страк праз 1 голема конзерва туна 3 - 4 чешниња лук половина китка копар или магдонос 5 лажици лебни трошки масло сол, бибер и др. зачини по избор Прилог шери домати млади кромитчиња соја сос Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter