Монодрамата „Последниот час на Његош“ на сцената во МНТ - Канал 5

Монодрамата „Последниот час на Његош“ на сцената во МНТ

Монодрамата „Последниот час на Његош“, со актерот Слободан Маруновиќ, првенец на Црногорското народно позориште, вечер во 20 часот гостува на сцената во Македонскиот народен театар. 

Монодрамата „Последниот час на Његош“ на сцената во МНТ

По текст на Слободан Томовиќ и во режија на Благоја Ераковиќ, монодрамата во која ликот на Петар II Петровиќ Његош, ја игра Маруновиќ, досега е изведена повеќе од 1.500 пати на театарските сцени низ светот. Ги има добиено најголемите регионални, европски и светски признанија и награди. Изведувана е во Париз, Њујорк, Рим, Виена, Цирих, Лондон, Москва, Кострома, Белград, Загреб, Сараево, Љубљана, Стокхолм, Ташкент, Самарканд, Сеул, Торонто, Бишкек, Костанaј, Монтреал, Халифакс, Чикаго, Детроит, Сан Франциско, Лос Анџелес, Сан Педро, Мелбурн, Сиднеј, Атина, Келн, Штутгарт, Карлсруе, Франкфурт, Бруклин, Њу Џерси, Улан Батор, Чељабинск, Хмељницки, Хановер, Кишињев и други.

Премиерно е изведена на 19 мај 1988 година во Црногорското народно позориште.

- Монодрамата „Последниот час на Његош“ претставува јазично и мисловно слоевито драмско дело, посветено на Петар II Петровиќ Његош. Во суштина, монодрамата е ремек-дело на драматично соочување со смртта, мигови во кои се преиспитува она што му припаѓа на времето, но со насетување на вечноста, со акцент на антрополошките и филозофските прашања. Монодрамата, која се изведува речиси четири денеции, на театарските сцени во Црна Гора и низ светот е сведоштво за естетските вредности на текстот и за извонредниот дар на Слободан Маруновиќ, првак на Драмата на Црногорското народно позориште. Со актерска умешност го оживува ликот на поетот и владетелот. Неговата уметничка зрелост, емоционалното и интелектуалното влегување во ликот на Његош се клучните адути за долготрајниот живот на монодрамата „Последниот час на Његош“, соопшти МНТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кинезите направија тоалет што доаѓа кај вас кога ви е потребен

Кинеската компанија YUEBAN претстави робот-тоалет што доаѓа кај корисникот секогаш кога е потребно. 

Кинезите направија тоалет што доаѓа кај вас кога ви е потребен

Уредот, наречен Xiaoban, се движи низ домот, се паркира покрај креветот или фотелјата, се чисти по употребата и се враќа на својата станица.

Иако звучи како реквизит од некоја бизарна епизода на научно-фантастична серија, зад уредот стои многу практична идеја. Xiaoban е дизајниран да им го олесни одењето до тоалетот на постарите лица и на луѓето со ограничена подвижност, за кои тоа често претставува голем физички напор или ризик од пад. YUEBAN го претстави роботот на Меѓународниот саем во Шангај во 2026 година, посветен на грижата за стари лица, помагалата и рехабилитациската медицина. Уредот е претставен како помагало наменето за постари лица, неподвижни лица и оние што закрепнуваат од операции или повреди.

Корисникот го повикува роботот преку далечински управувач со големи копчиња или со гласовни команди кои функционираат и без интернет, така што нема потреба од користење паметен телефон или каква било апликација.

Кога е активиран, Xiaoban користи комбинација од LiDAR, ласерски и ултразвучни сензори за да го мапира просторот, да ги избегнува пречките и да го пронајде патот низ станот, препознавајќи мебел, врати и скали.

Самиот уред е многу пософистициран од обична тоалетна школка. Xiaoban поседува вградено биде, систем за сушење со топол воздух и механизми за контрола на непријатни мириси. По употребата, роботот автоматски се чисти и дезинфицира, а УВ-стерилизацијата и затворениот простор за складирање отпад ја намалуваат потребата од рачно чистење.

Откако ќе заврши, Xiaoban самостојно се враќа на станицата за приклучување, која може да се поврзе со домашната водоводна и канализациска мрежа. На тој начин, роботот го празни отпадот, се чисти себеси, ја дополнува водата и ја полни батеријата, а вградениот механизам за мелење треба да спречи затнување.

Доколку станицата нема поврзување со канализацискиот систем, роботот може самостојно да отиде до тоалетот и, со помош на механизам на извлекување, да го префрли отпадот во обична тоалетна школка.

Во Кина, „Xiaoban“ се продава по цена од 28.999 јуани, што изнесува меѓу 4.000 и 4.300 долари, во зависност од девизниот курс. Засега не е познато дали уредот ќе биде достапен надвор од кинескиот пазар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Владата ќе продолжи да ги поддржува проектите и модернизацијата на УХМР

Денеска имавме можност да се запознаеме со сето она коешто изминатиов период е направено во Управата за хидрометеоролошки работи. 

Мицкоски: Владата ќе продолжи да ги поддржува проектите и модернизацијата на УХМР

Тоа што го кажа директорот е навистина импресивно. Мојата поддршка е апсолутно тука неограничена, бидејќи нè инспирира работата на луѓе коишто се мотивирани да создаваат, да институциите коишто ги раководат ги модернизираат процедурите, техниките внатре и така натаму.

Она кое што претставува предизвик, не само во оваа институција, туку и во голем број други институции, е кадарот, се разбира, стручниот кадар, тоа е нешто коешто е многу важно. Се надевам дека во периодот којшто следи покрај овој прв предуслов, а тоа е опремата којашто веќе е инсталирана, да обезбедиме кадар којшто ќе може да работи на таа соодветна опрема и ќе може да добива соодветни резултати, коишто на нас ни се потребни за да креираме стратегии и политики.

Уште еднаш сакам да му честитам на директорот, на тимот на вработените, бидејќи без нив сам никој ништо не може.

Како институција мислам дека функционираат одлично, сега за сега. Се надевам дека ќе продолжат уште подобро и во периодот којшто следи да функционираат, а ние како Влада ќе продолжиме како што кажав, во рамките на можностите, да ги поддржуваме проектите и амбицијата на директорот и на раководството на самата институција, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Евергрин вечер со „ Дац и Александар“

Петтата  вечер од Карошовото културно лето, помина во знакот на музичката изведба на добропознатото  дуо „Дац и Александар“. 

Општина Карпош: Евергрин вечер со „ Дац и Александар“

На платото на „Млечен“, во прекрасен амбиент , голем број на карпошани се забавуваа, како со авторските хитови така и со преработка на познати музички песни , како „Љуби ме“, „Уште те барам“, „Чија си“, „Пушти Коси“, „Како Вардар ќе дотечам“, „Корона Чао“ „ Милена Генерацијо“ и многу, многу други песни. На вваа вечер, присуствуваше и првиот човек на Општината, Сотир Лукровски, кој истакна дека карпошовото културно лето е одлична можност за другарување и спој на различни генерации карпошани:

Оваа традиционална културно – уметничка манифестација ја искористивме повторно да се сретнеме со соседите и пријателите, да се забавуваме и споделуваме позитивна енергија. Ви посакувам убава пријатна вечер, и ве поканувам да присуствувате , на сите преостанати вечери до крајот на карпошовото културно лето, кои ќе бидат исполнети со музика за сечиј вкус и сите генерации на карпошани, нагласи Лукровски.

Вибрантната атмосфера, добрата енергија и „проверената“ забава, беше надополнета со изненадувањето на вечерта – нашите музички звезди од деведесеттите години, сестрите „Маријана и Росана“.

Ова наше легендарно музичко дуо, кое освен што ги испеа нивните најголеми и најпознати хитови, и ги вратија карпошани во едни убави, не толку далечни времиња, на оваа сцена заедно со „домаќините“ Дац и Александар ја изведоа нивната заедничка песна „Засекогаш млади“.

Во рамки на 47-мото издание по ред, на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал „Фестивал на солидарноста“, во организација на АКУД „Мирче Ацев-Скопје“, почитувачите на фолклорот, на денешниот ден од карпошовото културно лето можеа да уживаат во изведбата на интернационални фолклорни групи и ансамбли. На фестивалот, ќе учествуваат и домашни фолклорни групи, а танцовите формации доаѓаат од Мексико, Унгарија, Романија, Полска и Турција. Оваа година, истиот ќе трае од 23-27ми август , со три целовечерни концерти на отворено во Општина Карпош , како и семинари за фолклор –презентација на народни носии, инструменти и танци , како и практично изучување на традиционални ора и игри. На тој начин, карпошани, ќе може да уживаат и да се насладуваат во богатата и разновидна фолклорна културно-уметничка програма за време на карпошовото културно лето.

Од 20:00 часот, во училишниот двор во ООУ „Петар Поп Арсов“, беше прикажан филмот „Медена земја“, а заклучно со 27-ми овој месец, љубителите на добриот македонски филм, заедно со своите маалски соседи, роднини и пријатели, на истата локација, од истиот термин ќе може да ги проследат филмовите кои се на репертоарот во рамките на „отвореното кино“.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер