Монодрамата „Последна шанса“ премиерно во МНТ - Канал 5

Монодрамата „Последна шанса“ премиерно во МНТ

На малата сцена на Македонскиот народен театар вечер премиерно ќе биде изведена монодрамата „Последна шанса“ со актерката Весна Петрушевска. Синиша Евтимов е режисер на претставата, која е работена по текст со ист наслов на српската авторка Мирјана Бобиќ-Мојсиловиќ.

Монодрамата „Последна шанса“ премиерно во МНТ
На Евтимов и Петрушевска, кои соработуваа и за претставата на МНТ од пред две години „Кој се плаши од Вирџинија Вулф?“, оваа монодрама им донесува нови искуства - Синиша првпат режира монодрама, а Весна првпат ќе игра машки лик (Геле), кој во оригиналниот текст е жена.

- Исклучително е тешко да се направи машки лик, природно дојде до градење на ликот. Не треба да се смени, да речеме, гласот, туку треба занаетските, актерски алатки да се употребат во вистински контекст. Да не одиме на боење, туку на играње, рече Петрушевска на завчерашната прес-конференција, зборувајќи за новиот актерски предизвик - да се трансформира за машка улога.

Режисерот Евтимов, кој ја избра и музиката за претставата, рече дека ја прифатил идејата на Петрушевска за режија на овој текст, поради досегашната добра соработка.

- Уште не го разбирам жанрот монодрама, но е предизвик да работам непознато. Што се однесува до приказната, се работи за псевдореално шоу во кое еден кандидат треба да освои одреден број гласови кај гледачите, претставуваји се себеси во обидот да пронајде сопруга. Совршен почеток за секое реално шоу и неговите безбројни дегенерирани и мутирани нус-појави..., рече Евтимов.

Текстот е напишан пред седум години. Бобиќ-Мојсиловиќ е авторка на десет романи, книги есеи и драмски текстови, и долго работела како новинарка и колумнистка и водителка на ТВ-емисии. Нејзините драми, како „Верица меѓу сливите“, „Солзите се О.К.“, „Имитација на животот“... се поставувани во театрите низ Србија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна хеликоптер на ЕУФОР во БиХ- загинаа три лица, 12 се повредени (ВИДЕО)

Воен хеликоптер се урна во градот Горице во близина на Брчко.

Се урна хеликоптер на ЕУФОР во БиХ- загинаа три лица, 12 се повредени (ВИДЕО)

Како што може да се види на фотографиите, хеликоптерот е целосно уништен, а неофицијално, дознаваме дека три лица загинале.

Полицијата на округот Брчко (ПБД), како и противпожарни и екипи на брза помош, веднаш пристигнале на местото на падот на хеликоптерот. Пошироката област била веднаш обезбедена.

Три лица загинаа, а 12 се повредени во пад на хеликоптер во градот Горице во близина на Брчко, потврди Klix.ba. Според директорот на Институтот за јавно здравје на Брчко, Јасмин Механовиќ, еден од повредените е во критична состојба и најверојатно ќе биде префрлен во Универзитетскиот клинички центар Тузла.

Екипи од полицијата на округот Брчко, пожарникари и служби за итни случаи веднаш беа испратени на местото на несреќата. Пошироката област околу местото на падот на хеликоптерот е обезбедена.

„ЕУФОР може да потврди дека денес, за време на рутинска операција во областа Брчко, се случи несреќа во која се урна еден од нивните авиони“, објави мисијата.

Во соопштението се наведува и дека во инцидентот не е оштетена цивилна инфраструктура, имот или возила, како и дека нема повредени цивили.

ЕУФОР, исто така, ги повика граѓаните да не шират непроверени информации за несреќата и да добиваат информации исклучиво преку официјални канали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со вицепремиерот на Црна Гора, Филип Ивановиќ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со вицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи, Филип Ивановиќ.

Средба на министерот Муцунски со вицепремиерот на Црна Гора, Филип Ивановиќ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со вицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи, Филип Ивановиќ, во годината кога се одбележуваат 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

Соговорниците го потврдија високото ниво на пријателски односи, меѓусебната доверба и сојузништвото во НАТО, како и заедничката определба за стабилен и европски интегриран Западен Балкан.

Во фокусот на разговорите беа европската интеграција, реформските процеси и потребата пристапувањето кон Европската Унија да се одвива врз основа на заслуги.

На средбата стана збор и за утрешното финализирање на договорот за воведување нова авионска линија меѓу двете земји, како и за натамошно продлабочување на соработката во економијата, инфраструктурното поврзување, енергетиката и туризмот, соопштуваат од МНРиНТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шефицата на Европската централна банка поднесува оставка

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, ќе поднесе оставка на 7 февруари 2027 година, објави денеска ЕЦБ.

Шефицата на Европската централна банка поднесува оставка

Лагард го информираше Управниот совет на ЕЦБ и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, за својата одлука, се вели во соопштението.

Кристин Лагард е на чело на банката од јули 2019 година и ќе замине пред крајот на нејзиниот мандат во октомври 2027 година.

Нејзиниот наследник ќе го назначи Европскиот совет, по постапката за номинирање предвидена во член 283 од Договорот за функционирање на Европската унија.

Управниот совет на Европската централна банка ѝ се заблагодари на Лагард за нејзината работа, со долг аплауз, соопшти ЕЦБ на својата веб-страница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер