Мониторинг на ПС на Советот на Европа – Македонија постигна напредок во измината година, останува реформите да се преточат од хартија на дело

Во последниве неколку месеци започнаа значителни реформи. Законите во врска со судовите и Судскиот совет се усвоени во согласност со препораките на Венецијанската комисија.

По последната посета на нашата земја, двата известувачи по постмониторнг дијалогот Лиза Кристоферсен (Норвешка од групата на социјалистите) и Валериу Гилечи (Молдавија од групата на Народните партии), пред комисијата за следење на обврските на земјите членки го претставија извештајот за следењето на обврските на Македонија. Тие забележуваат дека земјата постигна значителен напредок во измината година, но сега останува донесените реформи да се применат на дело, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Во расправата зад затворени врати, практика на комисијата поради доверливоста на извештаите, двата известувачи забележуваа дека по нивната последна посета во јуни 2018 година, се случија големи промени: земјата одржа референдум и ратификува историски договор што овозможи, да се реши” проблемот со името”. Северна Македонија е поканета да се приклучи на НАТО.

Во последниве неколку месеци започнаа значителни реформи. Законите во врска со судовите и Судскиот совет се усвоени во согласност со препораките на Венецијанската комисија. Донесен е закон за антидискриминација кој ја опфаќа сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основа за дискриминација. Институцијата на народниот правобранител е зајакната, како и контролата на полициските сили. Со донесувањето на новиот Закон за разузнавачките служби треба да се одговори на проблемите поврзани со нелегално прислушкување на разговори, практика која ја втурна земјата во сериозна политичка криза. Сега тие очекуваат овие позитивни случувања да бидат потврдени со целосна имплементација на неодамна усвоените закони и преточени во видливи резултати. Ова може да ги промени перцепциите на луѓето и да им даде доверба во нивните институции, вклучувајќи го и нивниот правен систем.

Во овој контекст, тие го нагласуваат и конструктивното однесување на главната опозициска партија, ВРМО-ДПМНЕ, чиј единствен претставник, Никола Поповски беше присутен на работата на комисијата во Стразбур.

Известувачите на ПССЕ, сметаат дека активното учество во парламентот на опозицијата овозможува усвојување на клучна легислатива за која е потребно двотретинско мнозинство, особено во областа на правдата. Според нив, се уште треба да се решат полемичните прашања за реформа на јавното обвинителство. Тие се надеваат дека сите засегнати страни ќе постигнат консензус кој ќе обезбеди независно и ефикасно функционирање на обвинителството и ќе го зајакне неговиот капацитет за справување со чувствителни случаи. Иако можеби се неопходни политички компромиси, според известувачите на ПССЕ мора да се почитуваат основните принципи на владеењето на правото. Исто така, важно е да се обезбеди правна рамка за да се обезбеди дека Канцеларијата на специјалното обвинителство може да функционира со потребната автономија и независност.

Усвојувањето на новиот закон за спречување на корупција, оценуваат известувачите за пост-мониторинг дијалогот на ПССЕ, резултираше со воспоставување на нова Јавна комисија за спречување на корупцијата и конфликт на интереси преку транспарентни постапки. Активностите брзо лансиран од страна на Комисијата – поддржани од страна на јасна политичка волја и силното внимание на медиумите – да се справи со обвинувања за непотизам и судир на интереси се охрабрувачки знаци дека институциите имаат ресурси да се справат со цврсто вкоренети навики практики кои не се вкоренети во демократските општества. Се надеваме дека другите независни тела ќе го прилагодат темпото на интервенција на овие случувања и дека тие ќе имаат превентивен ефект во иднина.

Исто така, во извештајот се забележува подобрувањето на медиумскиот пејзаж: проблемот со безбедноста на новинарите веќе не се појавува, сега фокусот е ставен на финансиски проблеми и други системски прашања.

Особено, сега се очекува од властите да обезбедат дека јавниот радиодифузен сервис функционира како непристрасен медиум со висококвалитетни информации. Говорот на омраза за онлајн и интернет-медиуми е прашање кое треба да се реши и да се следи од страна на властите. Медиумските регулатори, како што е Одборот за медиумска етика, имаат важна улога во овој поглед, смета ПССЕ.

Промовирање на транспарентен и инклузивен законодавен процес од страна на властите е поздравено, иако некои страни бараат да бидат повеќе вклучени во изготвувањето на законите и да се консултираат претходно.

Според ПССЕ, треба да се посвети поголемо внимание на меѓуетничките односи. Притоа се поздравува инклузивниот пристап на новоизбраниот претседател на Републиката, кој би можел да ја олесни социјалната кохезија и да го зајакне ова мултиетничко општество. Неодамнешното усвојување на Законот за јазична употреба, кој моментно се разгледува од страна на Венецијанската комисија, претставува важен чекор кон продолжување на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор од 2001 година, иако примената на овој закон би можел да биде незгоден во пракса.

Известувачите го поздравуваат фактот дека властите се изјасниле дека се подготвени да продолжат да работат со Советот на Европа и да ги земат предвид препораките упатени до нив, особено од страна на Венецијанската комисија и ГРЕКО.

Пост-мониторинг постапката е алатка за зајакнување на дијалогот со властите на Северна Македонија и помага да се осигури дека реформите во согласност со стандардите на Советот на Европа ќе доведат до воспоставување на трајни и одговорни институции

На крајот двата известувачи ги поздравуваат напорите на властите, парламентот и народот на Северна Македонија за зајакнувањето на добрите односи на земјата со соседите и да придонесат кон кохезијата на регионот.

Притоа ПССЕ истакнува дека Советот на Европа останува постојано достапен за да им помогне на властите да ги почитуваат европските стандарди преку својата експертиза и да ги поддржат и во овој транзициски период – кој може да биде извор на инспирација за другите земји-членки на Советот на Европа – и аспирацијата на граѓаните за европска интеграција.

Цените претпразнично го достигнаа „плафонот“

Граѓаните ги прават последните подготовки пред велигеденските празници. И денеска растрчани по маркетите и пазарите. 

Цените предпразнично го допираат плафонот. Екипа на Канал 5 и минатата недела и денеска направи обиколка низ скопските пазари.

За една недела цената за килограм краставица е зголемена дупло. Ако пред неколку дена можеше да се купи за 50 до 60 денари за килограм, денеска граѓаните килограм краставица купуваат по цена од 100 до 120 денари. Од 90 до 150 денари е цената на килограм домат, во зависност од видот на производот. Од 5 до 10 денари има промени и компирот, салатите, пиперката.

„Малце пониско ќе биде тоа, ако си земала 2 кила ќе земеш кило и ќе го тераш денот...“

„Се е покаспаено. Краставички од 50 – 120 денари се...“

„Секогап е така за секој празник, продавачите тука на пазарите дигаат цените...“

„И денеска и еве и пред една недела... Тие си ги менуваат цените еве два три пати идеме...“

Во пресрет на Велигден, скокнаа и цените на јагнешкото месо. Во месарниците и маркетите килограм јангешко се продава по цена од 550 до 650 денари, па велигденската трпеза годинава за многумина ќе помине без традиционалното јагнешко печење. Граѓаните велат согласно домашниот буџет и високите цени трпезата ќе биде поскромна.

„Ем покачено ем го нема...“

„Јагнешко не купувам не знам, а свинското тука е исто ...“

„По мене празниците не се да се покаже кој што е како е, туку едноставно скромно да се одбележи...“

„Па ќе гледаме да ја напраиме да личи малку и како прошла година...“

„ Ќе биде поскромно зашто еве пензии нема во банкоматите.... Цените се високи.... “

Инаку вредноста на минималната синдикална кошничка за месец април надмина 60 илјади денари или е за 1 200 денари повисока од март. Според пресметките на ССМ, едно четири члено семејство месечно само за храна и пијалаци троши нешто над 22 илјади денари, вредност што е речиси идентична со една минимална плата во земјава.

Мицкоски ги повика албанските гласачи да не ги бојкотираат претседателските избори

Членка на НАТО не смее да си дозволи да остане без врховен командат, тоа го кажува и меѓународната заедница.

Членка на НАТО не смее да си дозволи да остане без врховен командат, тоа го кажува и меѓународната заедница, очекувам цензусот од 40 отсто за претседателските избори да биде исполнет, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски. Тој ги повика гласачите Албанци да излезат на вториот круг, а тоа што ДУИ не го повикува своето членство го оценува како политички маневар.

„Во немоќ, да не доживеат катаклизма пред нивните гласачи ги потсетуваат на некои романтични националистички и шовинистички времиња од пред 20, 21 година, кога се обидуваа да ги злоупотребуваат пред сѐ Албанците повикувајќи на некои големи држави на Балканот, така сега се обидуваат да направат акробација и велат: „Нема да бојкотираме, но ќе бидеме на страна и нема да го повикаме членството или поддржувачите наши да гласаат“.. Ги повикувам нашите сограѓани Албанци да не наседнуваат..“

За пораките од ДУИ дека за формирање на влада е неопходно бадентерово мнозинство, Мицкоски смета дека сето тоа го прават бидејќи, како што вели, им дошло време за одговорност. На терен прават огромен притисокза да ја купат волјата на граѓаните, мислејќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде пред свршен чин да мора да седне и да разговара со раководството на ДУИ, обвини Мицкоски.

„Апелираме цело време бидејќи имаме индиции дека на уште педесеттина други места низ Македонија се полнеле кутии, а излезноста наеднаш по 18 часот се зголемила.. Можам да ви кажам примери во градови како Виница, Кочани, Делчево, Берово каде владини функционери во придружба со полицајци кои се идентификуваат како полицајци имале обиди да поткупуваат дури и во верски објект.“

Мицкоски го повика обвинителство да постапи за злоупотреба на службената положба по наводите кои ги изнесоа вчера од ВМРО-ДПМНЕ, дека вицепремиерот Фатмир Битиќи од СДСМ со писмо барал од компаниите да гласаат за нив. Во спротивно рече дека ќе се докажело дека системот е партизиран.

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ

“Ветувањата ги остваруваме, oвде од  Македонска Каменица започнавме уште на почетокот на мандатот и веќе во 2018 година Владата на СДСМ обезбеди бенефициран стаж за рударите.“

„Луѓето со најтешка и најпочитувана професија заслужуваат уште повеќе, социјалдемократите го ценат трудот на работникот, секогаш сме биле први во заштита на работничките права и во обезбедување на социјална правда, зашто човечкиот капитал е највреден. И сега остануваме на истите принципи, гарантираме уште повисоки плати и пензии, зашто еднаш веќе тоа го направивме”, рече носителката на листа во третата изборна единица, Сања Лукаревска.

Лукаревска истакна дека СДСМ ќе продолжи со силна поддршка на домашната економија за побрз развој, за повеќе работни места, за повисоки плати и подобар стандард, со 180 милиони евра директна поддршка за домашните компании, 3,5 милијарди евра за капитални инвестиции, 1 милијарда и 350 милиони евра инвестиции за земјоделството, од кои 750 милиони евра директна финансиска поддршка.

“Ќе продолжиме со континуирана поддршка на земјоделците, но и на младите, на жените, од земјоделството да направат успешен бизнис за подобар стандард дома. За младите земјоделци што го превземаат земјоделското семејно стопанство грант од 20 000 евра. За жени земјоделки, за бизнис за преработка на примарното производство, финансиската поддршка се зголемува од 6 000 на 10 000 евра. Вложуваме во повеќе работни места и подобри плати, обезбедуваме по 200 евра во првите 12 месеци за секое прво вработување на млади до 26 години. Затоа на 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад, во сојуз со граѓаните да продолжиме да работиме за просперитетна, напредна и модерна држава за сите, за подобар живот дома”, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер