Монитор: Албанија со најниска минимална плата во Европа - Канал 5

Монитор: Албанија со најниска минимална плата во Европа

Албанија со најниска минимална плата во Европа, разликата со земјите од регионот се продлабочува.

Монитор: Албанија со најниска минимална плата во Европа

Минималната плата во Албанија иако постојано се зголемува и понатаму останува најниска споредено со земјите на Европа, констатира весникот „Монитор“.

-Според најновите ажурирани податоци на Евростат, на почетокот на 2023 година минималната плата во Албанија изнесувала 297 евра. Оваа плата е за 17 проценти пониска од онаа во Македонија, за 45 проценти пониска во Србија, каде ниту еден вработен не добива помалку од 460 евра во 2023 година, додека пак во Црна Гора минималната плата е 533 евра, наведува весникот во својата анализа.

Споредено со почетокот на 2018 година, од кога Евростат ги објавува податоците, значително е продлабочена разликата меѓу минималната плата во Албанија и другите земји од регионот, кои ја применуваат оваа практика.

-Во првите шест месеци од 2018 година минималната плата во Албанија беше за 100 евра пониска отколку во Црна Гора, Македонија и Србија. На почетокот на оваа календарска година, минималната плата во Србија е за 192 евра повисока отколку во Албанија, додека вработен во Црна Гора добива минимум 234 евра повеќе од минимална плата во Албанија. Црна Гора значително ја зголеми минималната плата во последните две години, од 331 евро на крајот на 2021 година на 532 евра во моментов. Дури и во Србија минималната плата е 460 евра, од 366 евра на крајот на 2021 година, додава весникот.

Истите разлики важат и за просечната платa во регионот, кои, според претходното истражување на „Монитор“, во Албанија таа е пониска за 40 отсто споредено со другите земји од регионот.

Моментно минималната плата во земјава е на ниво од 34 илјади лека а нови зголемувања за годинава најави премиерот Еди Рама во Собранието, за време на расправата за буџетот за 2023 година.

-Повторно ќе го зголемиме износот на минималната плата, која годинава ја зголемивме двапати. Во првата половина од годинава ќе има зголемување од 2.000 лека и ќе изнесува 36 илјади, а во втората половина на годината ќе има уште едно зголемување, со што минималната плата ќе достигне 38 илјади лека, изјави тогаш Рама.

Минималната плата во оваа земја последен пат беше зголемена во септември минатата година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црна Гора денес затвора три поглавја од преговорите со ЕУ

Потпретседателот на Владата на Црна Гора за надворешни и европски работи, Филип Ивановиќ, објави дека денес на Меѓувладината конференција со Европската Унија (ЕУ), Црна Гора ќе затвори три поглавја од преговорите, наместо претходно најавените две..

Црна Гора денес затвора три поглавја од преговорите со ЕУ

Црна Гора досега привремено затвори 18 поглавја.

Ивановиќ рече дека ова е одлична вест за европската интеграција на Црна Гора.

Како што наведе, со затворањето на три поглавја денес, Црна Гора ќе биде еден чекор поблиску до целта да стане 28-ма членка на ЕУ до 2028 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа

Бегството на Ива Михајлова во Бугарија и нејзиниот прием на високо ниво во Софија, ги подрива напорите за градење доверба и е спротивно на декларираните заложби за развој на добрососедските односи – реагираа од МНР...

МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа

-Приемот на високо ниво на лице против кое се води судска постапка испраќа сериозно погрешна порака. Националната припадност и поседувањето друго државјанство не смеат да служат како заштита од одговорност пред надлежните институции. Секој има право на правично судење. Никој нема право на изземање од законите.

Од Република Бугарија, како членка на Европската унија, очекуваме постапување во согласност со основните европски принципи: почитување на судските постапки, соработка меѓу надлежните институции и еднаквост пред законот. Постапките што создаваат впечаток на институционална заштита од судска одговорност се неспоиви со тие принципи. Владеењето на правото не смее да биде селективно, ниту да зависи од националната припадност на поединецот. – реагирааат о МНР и велат дека за развојот на случајот, ќе ги информираат меѓународните партнери, особено институциите на Европската унија и Советот на Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прекината блокадата на депонијата „Краста“, почнува изнесувањето на ѓубрето од Куманово

Жителите на селата Студена бара и Пчиња утринава ја прекинаа блокадата на депонијата „Краста“, откако пожарот беше изгаснат, а сметот затрупан со земја во голема акција на тешка механизација и камиони од приватни фирми.

Прекината блокадата на депонијата „Краста“, почнува изнесувањето на ѓубрето од Куманово

Жителите синоќа се сретнале со кризниот штаб, при што биле договорени натамошните активности.

Тие бараат во иднина сметот да се депонира на начин што нема да доведе до ново палење, односно по секој слој смет, да се става слој на земја...

Блокадата на депонијата „Краста“ траеше шест дена, а два дена ѓубрето се носеше на скопската депонија „Дрисла“..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер