КултураМонасите–столб на христијанските светилишта, репортажа од манасторот „Свети Георги“ во РајчицаСо молитва и послушание во манастирот свети Георгиј во Рајчица монахињите ги изработуваат митрите кои ќе ги носат архереите на литургиите за велигденските празници. Во овој манастир се изработени над илјада и двесте митри,секоја е различна и уникатна една од друга. Пред 20 години тајната на изработката на митрите отец Партениј им ја пренел на монахињите во овој манастир. Пред камерата на канал 5 се завршуваа последните детали од митрата за митрополит Брегалнички Иларион. Митрата или круната се изработува по нарачка. Сестра Ефимија вели дека кога дошла во манастирот немала познавање околу изработката, но молитвата и послушението и радоста која ја има кон нивната изработка создава вистинска уметност. Она што сестринството во Рајчица го чува како тајна е тајната на изработката на калапот на митрите, но всушност целокупната изработка е основа за нејзиниот квалитет. Монаштвото е темелот на секој манастир. Сестра Ефимија во овој манастир е 12 години. Монашки живот е определба за Царството небесно, и како таков тој претпоставува оддалечување од светот. Монахот ја бара вистинската заедница а тоа е заедницата на љубов кон Бога и ближниот. Сите Христијани се соединуваат со Бога преку светите тајни но монасите имаат најнепосредно дожиување на Христа. Во Бигорскиот и овој манастир воскресението се празнува многу радосно. Монасите деноноќно со покајнаие, испосништво и послушание за да се очистат од страсите кои произлегуваат од самољубието. Монасите имаат смирение и љубов кон секој посетител на манастирот, водат разговор со секого, даваат одговори на прашањата за значењето на верата, секојдневието животот. А, кога заминувате од манастирот имате енергија и смирение со поттик и благодарност што патот ве донел во рајскиот манастир кај Дебар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеБројот на потврдени случаи на западно нилска треска расте – во Македонија досега има 30 заразени По прогласената епидемија во делови од Скопје, како, Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, бројот на потврдени случаи на западно нилска треска расте, па сега вкупниот број се искачи на 30.Од нив 20 се уште се во болница, петмина, кои имаат над 60 години и се со други хронични болести се во критична состојба, на респиратор, потврдуваат за Канал 5 од Инфективната клинка. Досега имаме еден смртен случај, 83-годишен скопјанец, а 9 се излекувани, односно пуштени од болница дома. Експертите велат дека простор за паника нема. Професор д-р Никола Пановски вели дека она што сега треба секој од нас да го прави е да се заштити, со сретства против комарци, со мрежи на вратите, а и во дворовите да се исчисти застоената вода што претствува добро место за размножување на комарците....При симптоми како што се силна главоболка, зашеметеност, вкочанетот во вратот веднаш да се побара лекарска помош, но на своја рака да не се земаат лекови и антибиотици.... Со професорот Пановски разговараше Сања Трајковска Ставров. Во видеото погледнете го целиот разговор. Тагови: инфективна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење водаГостиварци извесно е дека од утре ќе имаат безбедна и питка вода од градскиот водовод. Третото тестирање на водата, по претходните две задоволителни лабораториски анализи, покажувало значително подобрување на физичко-хемиските и микробиолошките параметри. Од Локалниот кризен штаб за Канал 5 потврдуваат дека добрите резултати од примероците земени вчера се очекуваат во текот на денот. Доколку резултатите ја потврдат исправноста на водата, се очекува утре да биде укината забраната за нејзино користење за пиење. -Трите лабаратории земале мостри на секои 12 часа. Резултатите што ги добиле изутринва се добри, и покажале дека водата е исправна според физичките, хемиските и микробиолошките параметри. Се очекуваат уште резултатите кои биле земени вчера вечерта кои пак се очекуваат да излезат некаде после 16 часот. Токму, затоа Централниот кризен штаб ќе даде предлог утре АХВ да излезе со соопштение и да ја укине забраната за користење на вода за пиење во Гостивар – вели Зуди Џелили – Координатор на Кризниот штаб во Гостивар. Од Кризниот штаб апелираат граѓаните да не брзаат со користењето на водата за пиење сè додека не добијат официјално зелено светло од Институтот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветеринарство дека водата е безбедна за употреба. Проверките ќе продолжат и во наредниот период, а паралелно ќе се работи и на подобрување на снабдувањето во деловите од градот каде што притисокот на водата е многу слаб, објаснуваат од Кризниот штаб во Гостивар. -Доколку и вечерните резултати ја потврдат исправноста на водата, ние како локален кризен штаб ќе имаме можеби прес со членови од централниот кризен штаб и ќе им соопштиме на граѓаните дека дефинитивно водата е добра за пиење од водоснабдителниот систем во општина Гостивар – посочува Џелили. Со очекуваното укинување на забраната, по повеќе од пет недели би завршила голготата на гостиварци со питката вода. Проблемот со загадувањето на водоснабдителниот систем предизвика здравствени проблеми кај околу 5000 жители. За загадената вода со фекалии Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, кои беа на раководни позиции во Јавното претпријатие „Комуналец“, добија 30-дневен притвор. Тие се осомничени дека со одредени дејствија поврзани со водоснабдителниот систем во Гостивар овозможиле мешање на загадена вода со водата од системот за пиење. Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНов украински напад: Рускиот извоз на жито и црноморската флота се загрозениМасивен украински напад со беспилотни летала и ракети врз руското пристаниште Новоросијск оштети два главни терминали за извоз на жито и ја погоди последната голема поморска база на Русија на Црното Море.Локалните власти потврдија дека три лица се убиени, вклучувајќи едно осумгодишно дете, а 24 се повредени во нападот што се случил ноќеска. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев започнал координирана операција со употреба на ракети, воздушни и морски дронови за да ја нападне руската база. Тој не ги спомена терминалите за жито во својата изјава. Украинската војска подоцна соопшти дека четири руски воени брода, вклучувајќи две фрегати, биле погодени, тврдење за кое русија не коментираше.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00