Монако „ремизираше„ со Евијан - Канал 5

Монако „ремизираше„ со Евијан

Екипата на Монако одигра нерешено 1:1 во дуелот со Евијан во првиот натпревар од 13.коло во Француското фудбалско првенство.

Монако „ремизираше„ со Евијан
Гостинскиот тим на Евијан со голот на Данецот, Даниел Вас поведе со 1:0 во 20-та минута. Монако преку Радамел Фалкао успеа да израмни на 1:1 во 27-та минута, но до крајот на натпреварот фаворизираниот тим не успеа да направи комплетен резултатски пресврт иако имаше повеќе шанси да постигне и втор гол.

Ова е трет натпревар во низа без победа за тимот на Монако, откако најнапред беше елиминиран од Ремс во Лига купот, а во минатото првенствено коло загуби од Лил.

Во останатите натпревари од 13.коло во Лига 1 ќе играат: Париз Сен Жермен – Ница, Валенсиен – Монпеље, Лориен – Ремс, Гингамп – Лил, Бастија – Рен, Тулуз – Ајачо (сабота), Бордо – Нант, Олимпик Марсеј – Сошо и Сент Етијен - Олимпик Лион (недела).

Табела: Париз Сен Жермен 28 бодови, Лил 26, Монако 26 (натпревар повеќе), Нант 20, Олимпик Марсеј 18, Ремс 18, Сент Етијен 18... /Извор:МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Во Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства.

Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер