Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
2Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
3Мегин Кели со критики кон Никол Кидман поради фотографиите во „Вог“: „Имаш 60 години; нема потреба да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“
МакедонијаМОН вложува 5,5 милиони евра во образовната инфраструктура во ОхридМинистерството за образование и наука инвестира околу 5,5 милиони евра во унапредување на образовната инфраструктура во Охрид. Со поддршка на Европската Унија и УНДП, целосно се реконструирани и опремени Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ и кабинетите и работилниците за практична настава во електр-машинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“, а следна голема инвестиција е темелната обнова на државниот студентски дом „Никола Карев“. Ова го истакна министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, при денешната посета на гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, каде заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, и градоначалникот Кирил Пецаков извршија увид во градежните активности за реконструкција на кровот и замена на столаријата во училиштето. Проектот го реализира општина Охрид и е вреден над 50 милиони денари. „Честитки до локалната самоуправа за оваа значајна инвестиција, со која конечно ќе се надминат долгогодишните проблеми во гимназијата. Ќе нема повеќе протекување на кровот, студени училници во зима или неподнослива жештина во лето. Учениците и наставниците ќе добијат многу подобри услови за работа и учење“, рече Јаневска. Информираше дека за темелната реконструкција и опремување на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ се вложени над 120 милиони денари. Дополнително, со 19,5 милиони денари се обновени кабинетите и работилниците за практична настава во електро-машинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“. Следниот капитален проект, како што информираше Јаневска, е целосната реконструкција на студентскиот дом „Никола Карев“, инвестиција вредна околу 200 милиони денари. „Студентскиот дом ќе биде целосно обновен, енергетски ефикасен и современо опремен, со услови какви што заслужуваат студентите. Очекувам и ново, одговорно раководство кое успешно ќе управува со установата и нема да создава непотребни долгови“, изјави Јаневска. Министерката посочи дека вкупниот инвестициски циклус на Министерството за образование и наука во Охрид изнесува околу 340 милиони денари, односно 5,5 милиони евра. „Вакви инвестиции во образованието во минатото не се реализирале. Продолжуваме со уште поголема грижа за учениците, студентите, наставниците и сите вработени во образовните установи. Имаме јасна обврска да го модернизираме образовниот систем и посветено работиме на достигнување на европските образовни стандарди“, порача Јаневска. Министерство за образование и наукаТагови: МОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаДата центрите во Германија трошат електрична енергија колку 6,5 милиони домаќинстваСпоред проценките на индустриското здружение „Битком“, потрошувачката на електрична енергија во германските дата центри значително ќе се зголеми во наредните години, како резултат на брзиот развој на вештачката интелигенција.Како што се наведува во студијата на „Битком“ објавена вчера, годинава центрите за податоци и помалите ИТ-објекти во Германија ќе потрошат приближно 23 терават-часови електрична енергија – количина што одговара на вкупната годишна потрошувачка на околу 6,5 милиони домаќинства. Според пресметките на „Битком“, се очекува потрошувачката да се зголеми на 35 до 38 терават-часови до 2030 година, а до 2035 година би можела да достигне меѓу 56 и 70 терават-часови. Во меѓувреме, Норвешката дирекција за водни ресурси и енергија (NVE) неодамна процени дека потрошувачката на електрична енергија во центрите за податоци би можела да порасне од сегашните 3–4 терават-часови годишно на 25 терават-часови до 2035 година – проекција направена во контекст на ограничениот потенцијал за проширување на капацитетите за производство на електрична енергија. Предупредувања за проблемите со електроенергетската мрежа Германското здружение предупредува дека амбицијата на земјата да стане центар за дигиталната индустрија би можела да биде попречена од недоволниот капацитет на електроенергетската мрежа и долгите постапки за добивање дозволи. „Секој што ќе заостане во изградбата на инфраструктура, брзо ќе ја изгуби позицијата и во областа на вештачката интелигенција“, изјави претседателот на „Битком“, Ралф Винтергерст, на Дигиталниот самит во Берлин. За Германија да може да држи чекор со меѓународната конкуренција, здружението повика на насочено намалување на трошоците за електрична енергија и забрзување на процедурите за планирање. Килијан Вагнер, раководител за одржлива дигитална инфраструктура во „Битком“, предупреди дека компаниите нема да се откажат од дигиталната трансформација, а граѓаните нема да престанат да користат дигитални услуги, дури и ако Германија нема доволно центри за податоци. Според Вагнер, во таков случај Германија само ќе стане уште позависна од странски земји, а компаниите ќе ги градат своите центри за податоци надвор од државата. Колку вода трошат дата центрите? Здружението исто така се осврна на загриженоста во врска со големата потрошувачка на вода во современите центри за податоци. Според нивните податоци, две третини од податочните центри во Германија трошат најмногу еден децилитар вода по киловат-час електрична енергија. Податочните центри што се ладат преку испарување трошат најмногу вода, но, според „Битком“, ваков систем се користи во приближно една третина од дата центри во Германија. Извор: Индекс.хрТагови: Германија дата центри Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураВечерва се отвора 26. Скопје филм фестивал: Филмската елита пристигнува на црвениот тепих пред МНТВечерва, во Македонскиот народен театар (МНТ), официјално ќе биде отворено 26. издание на Скопје Филм Фестивал, кое годинава носи модернизиран концепт, збогатена програма и силно меѓународно присуство. Програмата започнува во 19:30 часот со дефилето на црвениот тепих, каде што ќе пристигнат голем број филмски автори, актери, гости од странство и истакнати културно-уметнички дејци. Почетокот на официјалната церемонија е закажан за 20:00 часот. Во рамките на отворањето, за првпат ќе биде доделена фестивалската награда „Златна Скополија“ за исклучителен придонес кон светската кинематографија. Оваа година признанието им припаѓа на полските автори: режисерката Малгоржата Шумовска (Małgorzata Szumowska) и снимателот и режисер Михал Енглерт (Michał Englert). По доделувањето на наградата, фестивалот ќе биде отворен со проекцијата на нивниот најнов филм „ИДИОТ(и)“ (The Idiot(s)), во кој главните улоги ги толкуваат Џони Флин и Ејми Лу Вуд. Годинашното издание на фестивалот привлече истакнати професионалци од европската и регионалната филмска индустрија. Во Скопје веќе престојуваат членовите на меѓународното жири и на Фестивалскиот совет: британскиот филмски критичар и селектор Филип Бергсон (Philip Bergson), британскиот продуцент Стив Абот (Steve Abbott), регионалниот продуцент Мирослав Могоровиќ (Miroslav Mogorović), српскиот режисер Павле Вучковиќ (Pavle Vučković), германската филмска селекторка Даниела Вебер (Daniela Weber), како и македонската актерка и продуцентка Лабина Митевска и режисерот Даријан Пејовски. Помеѓу специјалните гости на церемонијата, се очекува и присуството на познатиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ. Заедно со нив, на фестивалот ќе присуствуваат и авторите кои лично ќе и ги претстават своите остварувања на скопската публика: Халкавт Мустафа (Halkawt Mustafa), режисер на филмот „No Paradise If You Are Killed by a Woman“; Лоренс Фахардо (Lawrence Fajardo), режисер на филмот „Silenced Nights“; Димитрис Накос (Dimitris Nakos), режисер на филмот „Life in a Beat“; Габор Холтаи (Gábor Holtai), режисер на филмот „Feels Like Home“; Сузане Хајнрих (Susanne Heinrich), режисер и сценарист, и Марчело Бусе (Marcelo Busse), кои го претставуваат филмот „The Miserable Mother“. Во деновите што следат, од денес до 9 ноември, Скопје Филм Фестивал ќе понуди исклучително богата и разновидна филмска програма исполнета со премиери на истакнати авторски остварувања, фестивалски фаворити, динамични филмски разговори и ексклузивни мастерклас сесии со предавачи-гости. Фестивалскиот Центар е лоциран во Младинскиот Културен Центар, додека проекциите ќе се одвиваат на две препознатливи културни локации во градот — Македонскиот народен театар (МНТ) и киното „Фросина“ во МКЦ. Билетите за сите проекции, вклучително и за свеченото отворање, се веќе достапни во продажба преку мрежата на MK TicketsТагови: Скопје филм фестивал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПрва реакција на Москва на резултатите од изборите во САДСергеј Рјабков ги коментираше резултатите од среднорочните избори во Соединетите Држави.Насоката на надворешната политика на Русија – вклучително и нејзиниот став за решавањето на украинското прашање – не е диктирана од тековните политички околности, ниту пак зависи од политичките промени во други земји, изјави заменик-шефот на руското Министерство за надворешни работи. Сергеј Рјабков ги коментираше резултатите од среднорочните избори во Соединетите Држави. „Да ги почекаме конечните резултати. Ставовите на претставниците на Демократската партија кон Русија се изразито негативни. Во тоа нема ништо ново“, изјави Рјабков за „Спутник“. Тој го даде овој коментар како одговор на прашањето дали резултатите од среднорочните избори би можеле да ги искомплицираат односите со САД, особено во однос на решавањето на украинското прашање. „Нашиот принципиелен и доследен став за Украина, како и нашата надворешна политика во целина, не се диктирани од тековните политички околности и, природно, не зависат од политичките промени во други земји. Ќе постапуваме во согласност со насоките на претседателот на Русија“, заклучи Рјабков. Според прелиминарните резултати и проекциите, демократите излегоа како победници на среднорочните избори во САД, одржани на 3 ноември. Во јануари, тие ќе обезбедат мнозинство и во Претставничкиот дом и во Сенатот на американскиот Конгрес, со што ќе добијат контрола врз двата дома на законодавниот орган. Извор: Б92Тагови: москва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook