МОН: Не се откажуваме од донесувањето нов закон за учебници

МОН најавува дека законот ќе биде денеска на седница на Влада и оти потоа повторно ќе биде вратен во Собрание.

Министерството за образование и наука демантира дека се откажува од донесување нов закон за учебници и други наставни и дидактички материјали со кој се нудеше и можност за дигитализација и укажува дека го повлекло од собраниска процедура само заради дополнување на делот за усогласување со европските документи. МОН најавува дека законот ќе биде денеска на седница на Влада и оти потоа повторно ќе биде вратен во Собрание.

-МОН не се откажува од носењето целосно нов закон за учебници со кој се воведуваат современи материјали за учење и се нуди можност за дигитализација. Ги повикуваме граѓаните и родителите да не подлегнуваат на грубите лаги и политички манипулации пласирани во јавност од страна на пратеници од опозицијата. Во интерес на објективно и вистинито информирање на јавноста по координација со Секретаријатот за европски прашања Законот е вратен за да се дополни само делот за усогласување со европските документи, како дел од процесот на усогласување на националното со европското законодавство. Законот денес е на дневен ред на Влада, по што ќе биде доставен до Собранието, се вели во соопштението од Министерството.

Од МОН појаснуваат дека при усогласувањето со СЕП земени се предвид стратешките документи и препораки донесени од страна на Европската комисија кои се однесуваат на образованието и дигитализацијата како: ,,Обликување на дигиталната иднина на Европа" (Shaping Europe’s digital future), ,,Дигиталниот образовен акциски план 2021-2027" (Digital Education Action Plan 2021 – 2027), Европската област за образование до 2025 година и Комуникето за достигнување на Европската област за образование до 2025 година и трансформирање на образованието и обуката за дигиталното време (European Education Area 2025 и Communication on Achieving a European Education Area by 2025 and resetting education and training for the digital age). Во нивен фокус се развој на дигиталните вештини на учениците, креирање и употреба на дигитални наставни материјали, развој на едукативни платформи, развој на дигиталните вештини на наставниците и трансформација на училиштата во средини во кои се негуваат и развиваат дигиталните вештини и компетенции на учениците со крајна цел поголема инклузивност и зголемување на квалитетот на образовниот процес.

-Поконкретно, во септември 2020 година ЕК усвои две иницијативи кои имаат за цел да го зајакнат придонесот на образованието и обуката во закрепнување на ЕУ од кризата и да помогнат во градењето на „зелена" и дигитална Европа. Првата иницијатива е заживување на Европска област за образование со шест димензии: квалитет, инклузија и родова еднаквост, зелени и дигитални транзиции, наставници, високо образование, посилна Европа во светот. Втората иницијатива е новиот Акциски план за дигитално образование (2021 – 2027) со иницијативи за висококвалитетно, инклузивно и достапно дигитално образование во Европа. Планот предвидува акција и посилна соработка меѓу земјите членки на европско ниво, како и меѓу сите засегнати страни, со цел системите за образование и обука да се направат соодветни за дигиталното време. Здравствената криза го стави учењето од далечина во центарот на образовните практики. Тоа ја истакна потребата од унапредување на дигиталното образование и негово третирање како клучна стратешка цел за висококвалитетно учење и учење во дигиталното време, се вели во соопштението.

Во него се додава и дека како што ќе се надминува фазата на вонредна состојба наметната од избувнувањето на пандемијата, така ќе расте потребата од развивање стратешки и долгорочен пристап кон дигиталното образование и обука. Спомнатите иницијативи, велат од МОН, ќе треба да понудат начини за подобрување на квалитетот, особено во однос на основните и дигиталните вештини, да го направат училишното образование поинклузивно и родово чувствително и да ги подобрат постигањата на учениците.

Јапонските власти со апел да не се оди во шума, откако мечка уби човек

Жителите на североисточниот дел на Јапонија се предупредени да останат во затворени простории ноќе и да не прават никаков шум или бучава, за евентуално да не ги исплашат и налутат мечките кои станаа заканувачки опасност во оваа земја.

Луѓето во североисточна Јапонија се предупредени да внимаваат на диви мечки, откако еден човек беше пронајден мртов со длабоки исеченици, а полицајците биле тешко повредени.

Двајца полицајци биле нападнати во саботата во градот Казуно, во префектурата Акита, додека го извлекувале телото на исчезнатиот маж, објавија јапонските медиуми.

Еден човек бил пронајден мртов откако неколку дена претходно отишол да бара бамбус во планините.

Се уште не е потврдено дали мечка е одговорна за неговата смрт.

Повредите на полицајците, иако сериозни, се верува дека не се опасни по живот.

Во потрагата по мечките се вклучени полициски хеликоптер и автомобили. Пошумените површини во Казун се затворени „на неодредено време“ - со поставени предупредувачки знаци.

Жителите се предупредуваат да не излегуваат навечер и да држат ѕвона или нешто слично во рацете за да ги исплашат мечките доколку наидат на нив.

Тесла ги намали цените поради падот на продажбата, но се појави нов проблем

Tesla работи на смирување на некои европски компании за лизинг откако намалувањето на малопродажните цени на нејзините возила ја намали вредноста на нивните возни паркови.

Напорите на Тесла вклучуваат неофицијални попусти за купување нови автомобили доколку се на залиха и решавање на широко распространетите поплаки за сервисирање, поправка и нарачка, по години во кои менаџерите на возниот парк и лизинг компаниите предупредуваа дека Тесла ги игнорира проблемите, објави Ројтерс.

Тесла ги намали малопродажните цени за да ја зголеми продажбата како одговор на послабата глобална побарувачка за електрични возила и зголемената конкуренција, особено од кинеските производители на електрични возила, како што е BYD. Ова, пак, им наштети на конечните резултати на нејзините најголеми клиенти во Европа.

Лизинг-компаниите купуваат нови автомобили и преговараат за лизинг пресметан според тоа за колку тие веруваат дека можат да ги продадат на крајот на лизингот. Ненадејните падови на цените ја поткопуваат таа резидуална вредност.

Нема „ништо полошо“ од постојан пад на вредноста на средствата на купувачот на возниот парк, рече Ричард Кнбен, извршен директор на групацијата Leaseurope.

Форд запали по 74 години на отпад (ВИДЕО)

Овој Ford Model T запали по 74 години. Може да биде и светски рекорд.

Автомобилот бил во очајна состојба бидејќи никој не го одржувал со години. Корозија го зафатила.

Екипажот во Jennings Motorsports го поправи и тој проработи.

Пред палењето ја снимиле целата процедура за поправка, која не била комплицирана. Сепак, на крајот од ова видео тие не можеле да го возат бидејќи автомобилот се уште имал бројни проблеми.


притисни ентер