ЈО: Поднесено обвинение против интернисти од битолската болница за несовесно лекување со тешки последици
Американски претставници,Рубио нареди иранската делегација што присуствува на Генералното собрание на ОН веднаш да ги напушти САД, Иран демантира
1ЈО: Поднесено обвинение против интернисти од битолската болница за несовесно лекување со тешки последици
2Американски претставници,Рубио нареди иранската делегација што присуствува на Генералното собрание на ОН веднаш да ги напушти САД, Иран демантира
3Агенцијата за национална безбедност: Попречувањето на пропагандни активности во функција на руските интереси
Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
1 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
3Со куршум во главата е убиен бугарски милионер и претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“ – Пловдив (ВИДЕО)
КултураМОН: Координација за креирање сеопфатна Стратегија за образование 2016-2020Со цел да се надминат слабостите во Националната програма за развој на образованието 2005-2015, Министерството за образование и наука од крајот на минатата година презема чекори за креирање нов релевантен стратешки документ во делот на образовните политики односно Стратегија за образованието 2016-2020. МОН соопшти дека со јасна поставеност на одредниците и одговорностите, новата стратегија ќе овозможи постојано следење на динамиката за исполнување на зацртаните образовни цели, но и повратна информација како да се адаптираат идните образовни политики. Во процесот на донесување на новата Стратегија за образование 2016-2020, наведува МОН, планирана е целосна вклученост на донаторски партнери, социјалани партнери и на невладините организации - Министерството за образование и наука формира работни групи во делот на предучилишно образование, основно образование, средно образование, стручно образование и обука, образование на возрасни и високо образование и истражување. Во сите групи, како хоризонтални прашања ќе бидат опфатени: инклузивноста по сите основи, обезбедување квалитет во образованието и поврзаност со пазарот на труд. Новата Стратегија за образование 2016-2020 ќе придонесува кон унапредување на системот што одговара на потребите на учениците, училиштето, локалната заедница, бизнис-заедницата и општеството во целина, информира МОН. Министерството за образование и наука во рамки на можностите од Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013, од Приоритетната оска 2: Образование и обука, обезбеди проект за поддршка при подготовка на добро дизајнирани образовни политики. - Согласно воспоставените ИПА процедури, новиот рамковен договор „Техничка помош за подготовка на сеопфатна Стратегија за образование 2016-2020“ почна на 26 февруари 2016. Реализацијата на проектот е предвидено да се одвива во текот на една година - период во кој ќе се засили координацијата на сите значајни чинители во образованието на транспарентен и партиципативен начин. На тој начин и со партиципативна методологија ќе се овозможи креирање нови образовни политики препознаени од сите и што се однесуваат за сите. Воедно, приоритет е потребата од квалитетно образование за сите: деца, млади и возрасни, што ќе овозможи градење општество базирано на знаење, соопшти МОН. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈО: Поднесено обвинение против интернисти од битолската болница за несовесно лекување со тешки последициОсновното јавно обвинителство Битола, врз основа на спроведена претходна постапка и обезбедени докази, поднесе Обвинителен предлог против петмина лекари-интернисти од битолската клиничка болница “Д-р Трифун Пановски”.Основното јавно обвинителство Битола, врз основа на спроведена претходна постапка и обезбедени докази, поднесе Обвинителен предлог против петмина лекари-интернисти од битолската клиничка болница “Д-р Трифун Пановски” за сторени – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Тие се обвинети дека во периодот од 28.05.2024 до 04.06.2024 година, на Одделот за интерни болести во болницата, несовесно лекувале 40-годишна пациентка, со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба кое резултирало со смртен исход. Пациентката се јавила во болницата по претходен преглед и упат од матичен лекар, кој изразил сомнение за воспаление на вените – тромбофлебитис. Но, по почетниот преглед на интерното одделение, без целосна анамнеза и детални анализи, и била поставена дијагноза – ревматоиден артритис и била дадена терапија, по што била пуштена дома. Како резултат на тоа, не била навремено утврдена вистинската здравствена состојба на оштетената, односно не била откриена и дијагностицирана тромбозата, ниту била навремено преземена соодветна терапија и лекување за таквата состојба, со што била пропуштена реална можност за навремено откривање и лекување на тромботичниот процес кај оштетената, за спречување или ограничување на напредувањето на тој процес, како и на последователното влошување на нејзината здравствена состојба. На 01.06.2024 година пациентката со силни болки во стомакот и влошена општа состојба повторно се јавила на преглед во болницата. Иако тогаш била хоспитализирана, во следните четири дена, и покрај абнормалните вредности на лабораториските и биохемиските анализи, ниту еден од дежурните лекари не презел дополнителни дијагностички испитувања со цел да се испитаат причините и да се одреди соодветна терапија. Затоа здравствената состојба на оштетената продолжила значително да се влошува. Попладнето на 04.06.2024 година, таа побарала медицинска помош во приватна клиника во Скопје, каде била примена во тешка општа состојба. При итно извршениот хируршки зафат и била констатирана тромбоза на горната и долната мезентерична артерија со комплетна гангрена на тенкото и дебелото црево. Таа состојба веќе била неоперабилна и на 05.06.2024 година оштетената починала, стои во соопштението од Обвинителството. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Фудбал Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензијаНеславен крај на една огромна кариера – на Кристијано Роналдо му се заканува суспензија, навивачите предизвикаа хаос на аеродром.Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо ги напушти репрезентативните подготовките и во текот на ноќта пристигна во Мадрид, а според дисциплинскиот правилник на Фудбалскиот сојуз на Португалија, му се заканува суспензија во траење од еден до шест месеци, како и парична казна. 🚨 IMAGEN @elchiringuitotv | CRISTIANO YA ESTÁ EN MADRID 🚨 👀 Llega tras abandonar la expedición de Portugal. https://t.co/eJhKuEigFn — El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) October 1, 2026 Роналдо го напуштил аеродромот „Барахас“ околу 2:40 часот по локално време, по лет од Копенхаген кој траел приближно три часа. Неговото излегување од аеродромот привлече голем број навивачи, а во еден момент неколкумина од нив ја пробиле безбедносната зона во обид да ја видат португалската ѕвезда. Заминувањето на 41-годишниот напаѓач на Ал Наср може да повлече сериозни дисциплински последици. Според Дисциплинскиот правилник на Португалската фудбалска федерација (FPF), играч кој е уредно повикан во националниот тим, а неоправдано ќе го напушти или нема да присуствува на тренинзи, натпревари или активности на репрезентацијата, може да биде казнет со суспензија во траење од еден до шест месеци. За професионалните фудбалери е предвидена и дополнителна парична казна од пет до десет пресметковни единици, што во овој случај изнесува приближно 500 до 1.000 евра. Во членот 160 од правилникот исто така се наведува дека отсуството или напуштањето на репрезентативните активности може да доведе до автоматска превентивна суспензија на играчот. Инаку се започна пред дуелот во Осло меѓу Норвешка и Португалија. Тензиите станаа очигледни по натпреварот меѓу Португалија и Норвешка во Осло. Роналдо беше стартер во победата од 1:0 над Велс во првото коло од групата А4 во Лигата на нации, но следниот натпревар против Норвешка го започна од клупата за резерви. Португалија победи со 2:1, но Роналдо не настапи. По завршувањето на натпреварот, португалскиот капитен незадоволен се упати кон соблекувалната и не остана со соиграчите за време на поздравот со навивачите. Ситуацијата дополнително ескалираше следниот ден. Роналдо се ограничи на вежбање во теретаната на хотелот каде што престојуваше репрезентацијата, иако се појави на местото каде што се одржуваа тренинзите.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмерикански претставници,Рубио нареди иранската делегација што присуствува на Генералното собрание на ОН веднаш да ги напушти САД, Иран демантираАмериканскиот државен секретар Марко Рубио нареди иранската делегација што присуствува на Генералното собрание на Обединетите нации веднаш да ги напушти САД, соопштија американски претставници.Американскиот државен секретар Марко Рубио нареди иранската делегација што присуствува на Генералното собрание на Обединетите нации веднаш да ги напушти САД, соопштија американски претставници, што Иранската мисија при Обединетите нации го демантираше. „Секретарот Рубио ја отстрани иранската делегација бидејќи го пречекорија дозволеното време за престој. Работата на Генералното собрание на Обединетите нации беше завршена, па беше време тие да си заминат“, изјави еден функционер за „Фокс њуз“. Иранската дипломатска делегација пристигна во Њујорк на 22 септември за да учествува на годишниот самит, а за време на престојот одржа разговори со американскиот тим на маргините на собирот. Иранската мисија при Обединетите нации ги демантираше извештаите дека преговарачкиот тим на земјата бил протеран од Њујорк по налог на Стејт департментот на САД, наведувајќи дека членовите на делегацијата ги напуштиле САД според претходно утврден план. Иранската мисија соопшти дека Стејт департментот бил однапред известен за планот за патување на делегацијата и ги оцени како неосновани тврдењата за нејзино протерување од САД, пренесе порталот „Уфук“. Реакцијата уследи откако „Аксиос“ (Axios), повикувајќи се на американски функционер и извор од Стејт департментот, објави дека иранската делегација ја напуштила земјата по барање на американските власти. Иранската мисија го отфрли извештајот и го обвини американскиот Стејт департмент за ширење „лажни информации“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook