Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
1Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
МакедонијаМОН и ЗЕЛС потпишаа меморандум со социјално одговорните компании Бамби и Пивара Скопје - подароци за 21.000 првачињаМинистерството за образование и наука и ЗЕЛС потпишаа Меморандум со социјално одговорните компании Бамби и Пивара Скопје, според кој над 21.000 првачиња кои ќе го започнат своето школување на 1 септември, ќе добијат подарок пакетчиња .Министерството за образование и наука и ЗЕЛС потпишаа Меморандум со социјално одговорните компании Бамби и Пивара Скопје, според кој над 21.000 првачиња кои ќе го започнат своето школување на 1 септември, ќе добијат подарок пакетчиња со производи од Плазма и Роса. На овој начин, се посочува во соопштението од двете компании, ЗЕЛС, Министерството за образование и наука и компаниите со општествена одговорност преку своите брендови им посакуваат успешен почеток на најмладите ученици, одбележувајќи го овој важен момент во нивните животи. Министерката за образование и наука Весна Јаневска изразила благодарност до општествено одговорните компании за покажаната грижа за првооделенците. -Почетокот на учебната година е посебен и незаборавен момент за првачињата, за прв пат влегуваат во училиште, се сретнуваат со наставници и нови другарчиња, почнуваат да учат, да откриваат, да соработуваат и да бидат одговорни. Ваквите акции им покажуваат на најмладите дека пошироката заедница ги поддржува и ги охрабрува, рекла министерката Јаневска. Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски рекол дека грижата за учениците е една од основните обврски на општините, како основачи на училиштата. -Градоначалниците обединети во ЗЕЛС, но и сите како родители и граѓани, сакаме првооделенците да имаат добри сеќавања за првиот училишен ден. Заедно со компаниите кои инвестираат во заедницата сакаме првачињата да почнат на училиште со радост, и ова е добра порака дека ни се важни, нагласил Ѓорѓиевски. Директорката за бизнис развој во Бамби, Милица Шетка, рече дека се радува што Плазма се врати во Македонија по предизвиците со кои се соочуваше поради пожарот во фабриката во Пожаревац, поради кој беше запрено производството. -За нас во Бамби, поддршката на најмладите секогаш била приоритет. Особено во важни животни моменти, како што е поаѓањето на училиште. Посебно ни е драго што, по предизвиците со кои се соочивме поради пожарот во нашата фабрика во Пожаревац, повторно сме тука – и тоа со иницијатива која носи радост. Сакаме овие подароци да бидат симбол на охрабрување и поддршка за секое дете кое го започнува своето патување во светот на образованието. Нашата цел е оваа акција да прерасне во традиција и во Македонија, како што веќе е во Србија, потенцирала Милица Шетка. Брендот Роса, посветен на здравото растење, се приклучи на оваа иницијатива. -Длабоко веруваме дека секое дете заслужува да ја започне учебната година со насмевка, поддршка и внимание. Како компанија која расте заедно со заедницата, свесни сме колку е важно првачињата да ја почувствуваат поддршката од сите нас. Затоа, преку брендот Роса станавме дел од оваа иницијатива — за да покажеме дека веруваме во идните генерации и дека сме со нив на секој чекор, изјавил Огњен Лазиќ, генерален директор на Пивара Скопје. Подарок - пакетчињата кои содржат ранец, распоред на часови, мозгалка, Плазма бисквити и шишенце Роса ќе бидат дистрибуирани до сите основни училишта низ државата за да ги пречекаат првачињата на 1 септември, стои во соопштението.Тагови: ЗЕЛС МОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСавески учествуваше на форум на балканските државни обвинители во АнталијаЈавниот обвинител на Македонија Ненад Савески учествуваше на 5. Работен форум на државни јавни обвинители од балканските земји, што се одржа во Анталија, Р.Турција.На форумот, Савески имаше излагање на тема “Финансирање тероризам, перење пари и конфискација на незаконски стекнатиот имот”. Во излагањето, тој се осврна на искуствата на нашата земја во борбата против финансискиот криминал, предизвиците за лоцирање и одземање на незаконскиот имот, но и на чекорите што ги презема македонското јавно обвинителство за поефикасен кривичен прогон на перењето на пари и зголемување на обемот на конфискацијата. “Ефективниот одговор мора да опфаќа повеќе од само истражување и кривично гонење на криминалното однесување. Тој исто така мора да ги идентификува, следи, замрзне и, на крајот, да ги конфискува средствата стекнати преку криминал. Во спротивно, финансиската корист од криминалните активности може да остане кај сторителите, дури и кога кривичната постапка е веќе во напредна фаза”, нагласи државниот обвинител, истакнувајќи ги активностите на истражните центри во јавното обвинителство и зајакнувањето на капацитетите за финансиски истраги. “Клучен приоритет е поефективно поврзување на овие напори: спроведување финансиски истраги паралелно со кривичните истраги, зајакнување на соработката меѓу институциите, користење меѓународна правна помош таму каде што е потребно, како и следење на имотот сè до негова конечна конфискација. На крајот, успехот треба да се мери не само според бројот на отворени предмети или вредноста на замрзнатиот имот, туку и според способноста да се обезбеди конечна конфискација и да се намалат финансиските придобивки од криминалните активности”, рече Савески. На маргините на форумот, Савески оствари билатерална средба со турскиот Главен јавен обвинител Мухсин Шентурк.Тагови: Савески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИскористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина ЦентарОпштина Центар информира дека средствата предвидени за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик се целосно искористени.Поради тоа, Јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен, а по објавувањето на ова известување во Архивата на Општина Центар нема да се примаат нови барања. До моментот на завршувањето на повикот се доставени над 1.300 барања. За оваа намена од Буџетот на Општина Центар за 2026 година беа издвоени 7 милиони денари, а помошта беше удвоена – од минатогодишните 2.500 на 5.000 денари. Со тоа се исполни ветувањето за посилна поддршка на повозрасните сограѓани кои најмногу ја чувствуваат тежината на животните трошоци. Општина Центар им благодари на сите граѓани кои се јавија на повикот. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклусЛАПСИ отвора простор за младите да бидат активни двигатели на промените и да придонесуваат во обликувањето на заедницата во која живеат.Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклус. Во рамки на ЛАПСИ - Локални активни платформи за социјални иновации, младите работеа во групи, ги мапираа предизвиците во својата општина и развиваа идеи за конкретни решенија и подобрување на локалната заедница, а денес им беа доделени сертификатите како потврда за нивното учество, посветеност и стекнатите знаења. ЛАПСИ отвора простор за младите да бидат активни двигатели на промените и да придонесуваат во обликувањето на заедницата во која живеат.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00