Филипче: Еве го Записникот, Мицкоски брутално излажа за Алта банка, СДСМ го штитеше државниот интерес!
1Филипче: Еве го Записникот, Мицкоски брутално излажа за Алта банка, СДСМ го штитеше државниот интерес!
МакедонијаМОН го финансира учеството на меѓународни натпревари, подготвува и концепција за талентирани ученициМинистерката за образование и наука Весна Јаневска денеска го посети Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет-Скопје по повод успесите на учениците и нивните ментори на две олимпијади по хемија оваа година од кои се вратија со медали.На Меѓународната олимпијада по хемија во Дубаи, матурантите Марио Ванчоски и Петар Мирчевски освоија сребрен односно бронзен медал, како и една пофалница – за Теона Ана Георгиевска, а на најстарата олимпијада по хемија - „Менделеев“ во Бело Хоризонте во Бразил, тие се вратија со два бронзени медала. Првпат по 11 години од учествата на Сојузот на хемичарите и технолозите од Македонија на меѓународните натпревари, Министерството за образование и наука годинава им ги покри трошоците за нивното учество. Министерката Јаневска рече дека денешниот настан е организиран за да се уважат младите кои освојуваат медали на меѓународни олимпијади каде што, рече, постигнуваат извонреден успех. Соопшти дека се подготвува концепција за талентирани ученици. -МОН ги поддржува талентираните луѓе и оваа година ги покри сите трошоци за учество на една олимпијада, а, пак, учениците ќе имат можност да аплициаат за да си остварат дополнителни права за талентирани ученици. Министетството и во иднина ќе продолжи да ги спонзорира и мотивира најумните деца од Македонија. И не само нив, и сите останати со сите можности што ги има на располагање. Дополнително од тоа што ќе ги покриеме трошоците на учениците и нивните ментори, во моментов се изработува и концепција за талентирани, што значи особено внимание ќе обрнеме на оние деца кои всушност ја претставуваат оваа земја, а овој момент се најдобрите амбасадори на нашата татковина, изјави Јаневска. Проф. д-р Муха Буклески од Институтот за хемија, ментор и одговорен за селекцијата на учениците за учество на олимпијадите по хемија, рече дека е големо олеснување за нив што го немале финансискиот товар како во минатите учества на меѓународните натпревари. -Сојузот на хемичарите и технолозите е организацијата којашто ги праќа на овие натпревари, оваа беше веќе 11-та година што праќаме ученици, а прва година кога целосно беа покриени трошоците за пат и котизација на четворицата ученици кои отпатуваа во Дубаи и на двајцата ментори. Тоа претставуваше огромно олеснување за организацијата и за Сојузот на хемичарите кој претходно, секоја година, мака мачеше со обезбедување финансиски средства. Се надеваме дека ова е веќе надминато и дека во иднина нема да имаме проблеми од овој тип и ќе се фокусираме на подготовките и постигнувањата на уште подобри резултати од овие што ги остваривме, без оптоварувањата од финансиска природа, изјави Буклески. Марио Ванчоски, кој со два освоени медала во Дубаи и во Бело Хоризонте годинава, од утре ќе ги почне студиите на Институтот по хемија, изјави дека и кај нас има добри услови и очекува добро образование. -Сметам дека и тука, во Македонија, има многу добри услови за студентите и дека ќе имам добро образование и овде, во Скопје, рече Ванчоски. Деканот на ПМФ Даворин Трпески искажа благодарност на МОН затоа што, рече, се надмина голем и горлив проблем за нашите олимпијци. -Бидејќи навистина тоа беше товар за нашите сојузи по математика, хемија, биологија итн. Но, овојпат, Министетството смогна сили и овој повеќегодишен проблем е веќе надминат и нашите олимпијци можат понатаму, наредните години, да бидат сигурни дека ќе бидат финансирани од Министерството. Се разбира, ПМФ и натаму стои зад нив и ги помагаме со капацитети, лаборатории и со сите ресурси коишто се потребни за спремање на нашите олимпијци, рече Трпески. На новинарско прашање за интересот за студирање на Природно-математичкиот факултет, тој одговори дека во последните години е „константен и е прилично паднат“. Како што рече, добро стојат со некои насоки кои се применети, додека за наставните насоки кои се субвенционирани „сè уште не може да се пофалиме дека има значителен број на студенти“. -Освен наставната насока за математика, каде што се запишаа околу 15 студенти, останатите наставни насоки се со едноцифрен број, што е лошо за иднината на македонското образование, за основното и средното, бидејќи капацитетите коишто треба да ги црпиме едноставно ќе се намалуваат, рече деканот на ПМФ. Тагови: МОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Еве го Записникот, Мицкоски брутално излажа за Алта банка, СДСМ го штитеше државниот интерес!Премиерот денеска на надзорната расправа иснесе брутална лага дека Владата на СДСМ донела одлука да влезе Алта банка, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „Прв сведок на надзорната расправа беше Христијан Мицкоски, а кога нема одговор, спинува и лаже. Премиерот денеска на надзорната расправа иснесе брутална лага дека Владата на СДСМ донела одлука да влезе во деловни односи со Алта банка Србија“, рече Филипче. Филипче посочи дека Владата на СДСМ не дала согласност за продажба на акциите што ги поседувало Министерството за финансии, но дека Мацура добил согласност од Босна и Херцеговина. Сосема спротивно на лагите на Мицкоски владата на СДСМ ги штитела државните интереси и интересот на граѓаните и не влегла во односи со Алта банка. „Давор Мацура од нашата Влада, на СДСМ, не добил дозвола да ги откупи акциите кои се на Министерството за финансии. Ама добива дозвола од Босна и Херцеговина и така се стекнува со над 90 отсто од акциите во Белградската Алта банка. Тоа по срспките закони му дало можност да ги откупи и останатите“, изјави Филипче. Притоа, Филипче нагласи дека на 24 октомври 2023 година, тогашната Влада донела заклучок што Мицкоски денес го претставил како одлука за воспоставување деловни односи со Алта банка со којшто го заштила државниот интерес, односно да ангажира државен правобранител кој ќе ги брани интересите на Македонија во Србија. „Еве ја одлуката, заклучокот од владината седница да се ангажира државното правобранителство како орган кој го штити државниот интерес, да влезе во комуникација со српските институции, со цел да се заштити државниот интерес на Македонија“, рече Филипче. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФормулаПрекинат заветот на молчење: Се појавија нови детали за несреќата на Михаел Шумахер!Еден од најдобрите возачи во изторијата на Формула 1 легендарниот Михаел Шумахер, се здоби со сериозни повреди при скијачка несреќа во Француските Алпи на 29 декември 2013 година. Таа несреќа му го промени животот. Следните 250 дена ги помина во индуцирана кома, по што беше префрлен на домашно лекување. Сè до денес, Шумахер нема излезено во јавноста, а никој, освен неговото најтесно семејство и членовите на медицинскиот тим, не ја знае неговата вистинска здравствена состојба. Тој го поминува времето меѓу своите домови во Швајцарија и на Мајорка, каде што има 24-часовна нега. На тој кобен ден, Германецот падна додека скијаше. Потоа, со хеликоптер беше пренесен од Мерибел до болницата. Пилотот на хеликоптерот, Јаник Дајнез, за првпат излезе во јавноста со детали за настанот. Тој знаел за кого станува збор, а бидејќи се работи за јавна личност, од екипажот било побарано максимално да ја заштитат неговата приватност. Затоа, сите добиле насоки да ги отстранат микрофоните и камерите од типот „GoPro“. На местото на несреќата биле преземени и безбедносни мерки. Луѓето од опкружувањето на Шумахер го обезбедија просторот и ги спречија присутните да фотографираат или снимаат, со цел да се избегне евентуално објавување на материјалот. За атмосферата во самиот хеликоптер, тој изјави: – Се обидов да се однесувам кон Шумахер како кон кој било друг тешко повреден човек. Сепак, внатре чувствував притисок. Луѓето го обожаваа како бог, иако јас не бев љубител на Формула 1. Летот до Универзитетската болница во Гренобл траеше околу 25 минути, по што Шумахер им беше предаден на лекарите. Колку вниманието на јавноста беше насочено кон Шумахер, му стана јасно за време на вториот лет до истата болница, неколку дена подоцна. – Она што го видов ме шокираше: насекаде имаше толку многу автобуси, црвени знамиња и луѓе, што целиот болнички комплекс изгледаше како патека за Формула 1. Беше неверојатно. Објаснувајќи зошто молчел за сето тоа цели 13 години, Јаник рече: – Не сакав да зборувам со медиумите за да избегнам проблеми. Освен тоа, немам исти адвокати како семејството Шумахер.Тагови: Михаел Шумахер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалБразил и Барселона се договорија за Рафиња!Ханси Флик веќе побарал од раководството на Барселона да стапи во контакт со управата на Фудбалскиот сојуз на Бразил и да добие гаранции дека Карло Анчелоти ќе го користи Рафиња умерено.Бразилските медиуми пишуваат дека предводникот на шпанскиот шампион, Ханси Флик веќе побарал од раководството на Барселона да стапи во контакт со управата на Фудбалскиот сојуз на Бразил и да добие гаранции дека Карло Анчелоти ќе го користи Рафиња умерено, односно дека тој ќе добие минутажа на споменатите натпревари. Бразил ќе игра против Јапонија, а потоа ќе се соочи со Сингапур. За напаѓачот на Барса претстои патување со авион во должина од околу 22.000 километри во двата правци, а со оглед на тоа што од последните три репрезентативни собири тој се враќаше повреден, јасно е од каде доаѓа загриженоста и немирот кај стручниот штаб. „Шпанскиот клуб и Бразилската фудбалска конфедерација (CBF) веќе се договорија за деталите околу минутажата на Рафиња, со цел тој да се врати здрав и да се минимизира ризикот од трета последователна повреда за време на настапите за националниот тим“, пишува „Глобо Еспорте“.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter