МОН ги претстави новините во трите нови закони за високото образование и за научноистражувачка дејност, два се веќе на ЕНЕР - Канал 5

МОН ги претстави новините во трите нови закони за високото образование и за научноистражувачка дејност, два се веќе на ЕНЕР

На националниот регистар на прописи (ЕНЕР) се поставени предлозите за новиот закон за високото образование и за законот за квалитет во високото образование, а деновиве ќе биде ставен и законот за научноистражувачка дејност. 

МОН ги претстави новините во трите нови закони за високото образование и за научноистражувачка дејност, два се веќе на ЕНЕР

Ќе може да се доставуваат коментари и предлози за новите законски решенија, со кои МОН најави реформи во високото образование и во науката. Најзначајните новини денеска на прес-конференција ги соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска, која рече дека со пакетот закони се очекува да се подобри академската едукација и да се поттикне научноистражувачката дејност во државата.

Соопшти дека во подготвувањето на законите, без надомест, учествувале над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти. Како што рече, особено Националното координативно тело за реформи во високото образование и научноистражувачката дејност одлично си ја завршило првата задача заради која и беше формирано од Владата.

Новиот закон за високото образование треба да го замени постојниот од 2018 година, кој, рече Јаневска, создал повеќе проблеми отколку што решил. Утврден е и нов начин на финансирање на високообразовните установи. Предвидени се развојна компонента и исклучителна компонента за успешност, односно повеќе пари за оние универзитети што ќе се потрудат да исполнат одредени повисоки критериуми. Ова, како што рече министерката, ќе ја стимулира конкуренцијата која носи квалитет.

Предвидено е предност при вработувањето на државните универзитети како наставно-научен кадар да имаат студентите што со стипендија од државата студираат на најдобрите 100 светски универзитети или студираат овде и се добитници на наградата „Инженерски прстен“ или се прогласени за најдобри студенти на универзитетот.

Една од поважните новини, за што има и најмногу заинтересираност кај академскиот кадар и веќе стигнуваат коментари, е тоа што се зајакнуваат критериумите за напредување во звања на факултетите.

- Секој што ќе аплицира за избор во звање - доцент, вонреден или редовен професор, отсега, во зависност од звањето, ќе има обврска до изборот да изработи и објави од шест до седум научни труда. Три- четири од нив треба да бидат објавени во списание со импакт-фактор од базите Web of science или Scopus. Ова е важно затоа што светската статистика вели дека за еден универзитет да се најде меѓу најдобрите 1.000 на Шангајската ранг-листа треба годишно да објавува најмалку 1.200 труда во списанија со импакт-фактор. Нашите универзитети годишно објавуваат помеѓу 300 и 500 труда и тоа мора да го промениме - рече Јаневска.

Информира дека за професорите затекнати при избор во звања ќе има олеснувања на постапката и дека новиот закон предвидува еден професор да може доживотно да остане во истото звање доколку ги исполнува условите за тоа при секој нареден избор.

По усвојувањето на законот, избраните редовни професори во иднина ќе имаат реизбор по седум години. Оние што се веќе избрани во редовни професори нема да бидат опфатени со овој закон, т.е. законот не важи ретроактивно, а академската заедница станува единствена на целата територија. Со новиот закон се враќа одредбата пред 2018 година за мандатот на ректорите, така што повторно ќе биде четири години наместо сегашните три, а се менува и моделот за избор на ректор.

Законот предвидува да се воведат и стручни студии од прв, втор и трет циклус со проодност кон академски студии, како и кратки стручни програми за стекнување специјалистички знаења. За поттикнување на транспарентноста на работата на државните универзитети, ќе се активираат одборите за доверба со јавноста и советите на универзитетите, кои во минатото не функционираа. Националниот совет за високо образование и наука, пак, добива повеќе обврски.

- Платите повеќе не се предмет на дискусија. Зголемени се за 14 отсто минатата година, а зголемен е и буџетот за поддршка на научноистражувачката дејност - од 380 милиони денари во 2024 година на 773 милиони денари оваа година. Повеќе од двојно - истакна Јаневска.

Со законот за квалитет во високото образование, пак, се предвидува реорганизација и заживување на улогата на Агенцијата за квалитет во високото образование, која во изминатите пет години постоење не била доволна функциоална и, како што рече Јаневска, вршеше само акредитација на студиски програми, но не и евалуација. Со предложениот закон се планира укинување на одборите за евалуација и акредитација, кои постоеја во составот на Агенцијата, и, наместо нив, ќе се формира совет што ќе работи со стручни комисии. Советот ќе ги дефинира постапките за евалуација, самоевалуација, акредитација, надзор над работата на високообразовните установи и научноистражувачките субјекти.

Третиот закон во пакетот е за научноистражувачката дејност и е во тесна корелација со другите два. Јаневска информира дека со него се предвидуваат типови на научни установи, доделување средства за научноистражувачки проекти, финансирање научни институти и центри за извонредност, јасно дефинирање на постапките за избор во научни звања на истражувачите итн.

Планот на МОН е законите да останат 30 дена на ЕНЕР. Министерката соопшти дека по две недели, ќе почнат јавни расправи на универзитетите, потоа законите ќе се проследат во владина постапка и по приемот на законите во Собранието, матичната собраниска комисија ќе може да организира јавна расправа во парламентот пред да бидат дадени на усвојување.

- Очекувам Собранието одеднаш да ги усвои сите, се разбира, по претходно доставување на најдобрите текстови што ќе произлезат од јавната дебата, што Владата ја почна во понеделникот. Дебати ќе се одржат и на сите јавни високообразовни установи, а се надевам и на квалитетна дискусија во Собранието - додаде министерката на прес-конференцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок!

Ресен и Преспанскиот регион повторно се соочуваат со земјоделска неизвесност.

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок!

Индустриското јаболко се откупува за само 4 денари за килограм, додека производствените трошоци надминуваат 10 денари по килограм. Тоа веќе не е земјоделство, туку принудна работа со однапред пресметана загуба.

„Апсурдот станува уште поголем кога ќе се земат предвид трошоците за бербата. За една дневница од околу 3.000 денари, овоштарот треба да продаде дури 750 килограми индустриски јаболка, без да ги пресмета горивото, ѓубривата, средствата за заштита на насадот и целогодишниот труд. Владата не може повеќе да се крие зад пазарните услови и да се однесува како да нема никаква одговорност кон производителите на јаболка. Нејзина обврска е да создава услови за одржливо производство, фер пазар и навремена поддршка на домашните земјоделци“, вели во својата изјава Илија Чилиманов, правен експерт и член на ИО на Либерално-демократската партија (ЛДП).

За подобрување на условите, Чилиманов од надлежните побара носење на итни и конкретни мерки:

- Итна финансиска поддршка за производителите на индустриско јаболко, со цел да се намали јазот меѓу производната и откупната цена.

- Навремена исплата на сите заостанати субвенции, без дополнителни административни одолговлекувања.

- Транспарентен систем на откупни цени и јавно објавување на понудите од откупувачите.

- Поддршка за преработувачките капацитети и домашната индустрија, за производството да добива дополнителна вредност во Македонија.

- Долгорочна стратегија за овоштарството, со посебен акцент на Преспанскиот регион и на заштитата на малите и средните земјоделски стопанства.

„Земјоделците не бараат милостина и сожалување. Тие бараат фер услови за сопствениот труд и можност да живеат од својата работа. Доколку Владата не може да го заштити домашното производство, тогаш во истиот момент да престане да зборува за економски развој и рекорден раст, бидејќи цели земјоделски региони се борат за гол опстанок“, посочува Чилиманов.

На земјоделците од Преспанскиот регион не им требаат празни ветувања и фотографирања со гајби јаболка. Нив им требаат конкретни реформи, инвестиции и институции кои што ќе ги заштитат.

„Крајно време е земјоделците да престанат да бидат последната алка во синџирот и конечно, да станат рамноправни економски партнери. ЛДП останува на страната на производителите на јаболко и ги поддржува сите нивни организирани активности за остварување на нивните права, вклучително и обезбедување на бесплатна правна помош“, заклучува Чилиманов во својата изјава.

YouTube video

ЛДП

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Битола: Под рефлектори и спортските терени во ОУ „Гоце Делчев“

Осветлени и спортските терени во објектот на училиштето „Гоце Делчев“ познато во јавноста како турското училиште.

Општина Битола: Под рефлектори и спортските терени во ОУ „Гоце Делчев“

Училишниот објект доби два спортски терени, едниот терен за ракомет и мал фудбал, а другиот за кошарка.

Под асфалтна површина се 837 м2, а спортските игралишта имаат тартан подлога.

Терените се опремени со реквизити, урбана опрема, а проектот предвидува и зелени површини, површини под бехатон плочки. Деновиве и рефлекторите ги осветлија терените.

Средствата за изградба на овие терени се од вториот владин повик, преку министерството за образование и наука, а вредноста на договорот е 7.497.068 денари.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најчудниот Фиат добива наследник, но овој пат ќе изгледа сосема поинаку

Концептот Фиат Мултиплеј го најавува враќањето на името Мултипла во сосема нова форма.

Најчудниот Фиат добива наследник, но овој пат ќе изгледа сосема поинаку

Фиат подготвува необичен концепт за Саемот за автомобили во Париз – Мултиплеј, модел кој се потпира на наследството на два различни автомобили со името Мултипла, но носи сосема поинаква каросерија.

За разлика од претходните модели, новиот Мултиплеј не е миниван. Фиат го опишува како комбинација од теренец и пикап, со отворен товарен простор и флексибилен ентериер.

Теренец и пикап во едно

Идејата е дека конфигурацијата на возилото може да се промени само со неколку движења, благодарение на посебен механизам.

Така, Мултиплеј би можел да понуди практичност на отворен товарен простор кога е потребно, но и удобност на теренец за секојдневно возење.

Фиат го опишува возилото како „нов концепт за мобилност“, со фокус на пристапност, флексибилност и практичност.

Иако во моментов е концепт, Фиат не го крие фактот дека Мултиплеј би можел да послужи како основа за иден производствен модел.

Компанијата вели дека би можела да создаде нова категорија возила и да ја прошири својата понуда за прифатливи семејни возила.

Доколку производството навистина се одвива, се очекува да се користи платформата Смарт Кар на Стелантис, која поддржува бензински, благ хибрид и целосно електрични погонски склопови.

Враќање на името Мултипла

Првиот Фиат 600 Мултипла беше претставен во средината на 1950-тите. Беше долг околу 3,5 метри, имаше три реда седишта и можеше да смести шест патници.

Името беше повторно користено кон крајот на 1990-тите.

Фиат Мултипла од 1998 година стана познат по својот многу необичен дизајн и двојни фарови, но во исто време нудеше простор за шест патници во два реда седишта.

Должината на овој модел беше компактна 399,4 см.

Новиот Мултиплеј сега можеше да ја комбинира практичноста на тие модели со модерен концепт на теренец/пикап.

Повеќе детали ќе бидат познати по премиерата во Париз.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер