МОН ги поништува спорните дипломи на УКИМ и на Славјанскиот универзитет по скандалот со незаконски уписи - Канал 5

МОН ги поништува спорните дипломи на УКИМ и на Славјанскиот универзитет по скандалот со незаконски уписи

На 8 магистри од филозофскиот факултет им се поништени дипломатите, поради констатирани сериозни неправилности, соопшти министерката за образование, Весна Јаневска

МОН ги поништува спорните дипломи на УКИМ и на Славјанскиот универзитет по скандалот со незаконски уписи

На 8 магистри од филозофскиот факултет им се поништени дипломатите, поради констатирани сериозни неправилности, соопшти министерката за образование, Весна Јаневска, која додаде дека случаите веќе биле пријавени во Јавното обвинителство за понатамошно постапување.

Како што соопшти министерката, дел од студентите биле запишани на втор циклус и веќе дипломирале, додека другите го продолжиле образованието на трет циклус студии.

Освен на Филозовскиот, втората неправилност е констатирана и на Славјанскиот универзитет, каде се поништени 2 дипломи на еден студент, кој во исто време студирал додипломски и постдипломски и постои сериозно сомнение за фалсификат и на двете дипломи.

Инаку, поништувањето на дипломите доаѓа откако беа актуелни случувањата на Филозофскиот факултет при УКИМ каде што е утврдено дека од 2019 година факултетот противзаконски запишувал студенти на магистерски и докторски студии, иако тие претходно завршиле тригодишни стручни студии, што законски не им дозволувало влез во академскиот систем на втор и трет циклус.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина Бразилка која скокнала банџи од мост висок 40 метри, заборавиле да и го прицврстат јажето

Дваесет и едногодишната манекенка Марија Едуарда Родригес де Фреитас почина откако паднала од мост висок 40 метри во Бразил, откако персоналот не успеал да прицврсти јаже за банџи на нејзиниот појас.

Почина Бразилка која скокнала банџи од мост висок 40 метри, заборавиле да и го прицврстат јажето

Трагедијата се случила на мостот Понте до Ескелето во Лимеира, во државата Сао Паоло, а девојката објавувала возбудени пораки на социјалните мрежи непосредно пред скокот, објави Unilad.

Застрашувачко видео кое стана вирално го прикажува моментот кога тројца инструктори ја креваат девојката, која стои со раширени раце, и ја фрлаат од работ на мостот. Додека таа паѓа, ужаснатите сведоци почнуваат да викаат на португалски. „Јаже, луѓе, јаже!“, извикаа тие. Јажето за банџи, сепак, не било врзано за неа, туку било оставено да лежи на мостот.

Само неколку минути пред фаталниот пад, девојката сподели фотографии од своите нараквици за скокање на својот Инстаграм профил. „Кој е овој луд човек што ме убеди да скокнам од мостот?“, напиша таа на шега во еден од своите постови.

Шест лица уапсени

Итна помош беше повикана на местото на настанот, но за жал, тие можеа само да ја прогласат Марија Едуарда Родригес де Фреитас за мртва. Нејзиното тело беше однесено во Институтот за судска медицина, а локалните власти започнаа истрага за да утврдат дали постојат основи за поднесување кривични пријави.

Локалните медиуми објавија дека шест лица се уапсени на местото на настанот, од кои две се обиделе да избегаат по несреќата. Полицијата истражува дали небрежноста придонела за трагедијата. Според „CNN Brasil“, Инстаграм профилот на компанијата што ги организираше скоковите оттогаш е избришан, како и „WhatsApp“ групата преку која беа споделени информации за настанот.

Трагедијата, исто така, покрена прашања за јавниот пристап до самиот мост, што доведе до спор меѓу градот Лимеира и федералната влада на Бразил. Градскиот совет на Лимеира најави тужба против федералната влада за дозволување јавен пристап до опасниот мост. Таа тврди дека мостот е под федерална надлежност и дека со месеци предупредува за ризикот од слободен пристап.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. 

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните од западен, кој наместа повремено ќе засилува, а долж Повардарието и во источните делови од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Во текот на новата седмица ќе преовладува топло време. Во вторник ќе има локален развој на нестабилна облачност, а во среда на повеќе места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од четврток ќе преовладува сончево време со променлива облачност во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху му го честита 80-тиот роденден на Трамп: „Мирот доаѓа преку силата“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес му го честиташе 80-тиот роденден на американскиот претседател Доналд Трамп со пораката дека „мирот доаѓа преку силата“.

Нетанјаху му го честита 80-тиот роденден на Трамп: „Мирот доаѓа преку силата“

„Среќен роденден, Доналд“, напиша Нетанјаху на мрежата „X“, истакнувајќи дека роденденот на Трамп оваа година доаѓа во „соодветно време“, кога „Америка, голема нација изградена врз слободата и верата слави 250 години слобода“.

Нетанјаху рече дека мирот доаѓа преку силата, што е можен коментар за новиот Меморандум за разбирање со Иран.

„Ви посакувам континуирана сила и енергија додека ја водите Америка кон светла иднина на мир постигнат преку силата и додека продолжуваме да го воздигнуваме сојузот САД-Израел на сè поголеми височини“, напиша Нетанјаху.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер