МОН бара од Крстевски 50 наставници од Кочани да се вратат на работа - Канал 5

МОН бара од Крстевски 50 наставници од Кочани да се вратат на работа

Повеќе од 50 наставници од кочанските училишта останаа без работа, откако после 31 август договорите на определено време не им се продолжени.

МОН бара од Крстевски 50 наставници од Кочани да се вратат на работа

Министерството за образование и наука донесе одлука за формирање паралелки со помал број на ученици и испрати допис до општинската администрација. со кој бара наставниците да продолжат со работа.

Советот на Општина Кочани на својата последна седница усвои иста таква одлука за формирање на паралелки со помал број на ученици, со тоа што таа ќе стапи на сила откако ќе пристигне дописот од МОН.

Во своето писмено соопштение, в.д. градоначалникот Венко Крстевски, тврди дека таков документ до Општината се уште не е пристигнат, иако претседателот на Советот на денешната координација го покажал дописот од МОН.

- На образованието му е потребен квалитет, а тоа подразбира итна департизација и предност на стручноста и компетентноста кај наставниот кадар. Тоа е првиот чекор што треба да го направиме ако сакаме младите да ги задржиме овде. За тоа треба да ѝ погледнеме на вистината в очи и оваа учебна година да се реализира со паралелки со број на ученици според пропишаните норми од Министерството за образование, нагласува Венко Крстевски.

Во решавање на проблемот со 50 те наставници веќе две недели е вклучен и СОНК. Првиот човек, Јаким Неделков, се надева дека решение за наставниците ќе има до крајот на неделата.

- Одговорот на МОН до градоначалникот јасно кажува дека треба ги формираат паралелките така како што биле до сега и аналогно на тоа треба да се продолжи, односно да се примаат наставници за итно и неодложно вработување и да ги врати назад на работа, изјави Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Наставник по предмет Религија во ООУ„Раде Кратовче” од Кочани ни рече дека ваквата состојба за учениците значи непоправлива штета.

- Не станува збор само за нашите плати, туку и за наставната програма која не може да се спроведе. Јас се прашувам како се спроведува настава во училиште каде има 12 наставници како мене, изјави тој.

Од СОНК сметаат дека кочанскиот случај е единствен во државата каде на наставниците кои се под надленост на општината не им се потпишува согласност за нови договори со училиштата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Новиот кинески електричен патнички авион полета со одлични резултати, завршувајќи го својот прв лет со екипаж.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Авионот од 10 тони прелета над Бинжоу, во источната кинеска провинција Шандонг, каде што двајца пилоти и еден инженер за тестирање на летот го тестираа во саботата.

Развиен од COMAC - Корпорацијата за комерцијални авиони на Кина - CE-25A е првиот електричен комерцијален авион на компанијата. Дизајниран првенствено за кратки меѓуградски летови, може да носи до 19 патници со брзина на крстарење од 300 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“

Новиот „Mustang Cobra“ доаѓа во 2027 година, но потенцијалните купувачи ќе мора брзо да дејствуваат.

„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“

„Ford“ го подготвува враќањето на значката „Cobra“ на „Mustang“, а новиот спортски модел треба да продолжи таму каде што застана „Shelby GT350“. Се очекува да има атмосферски V8 мотор, мануелен менувач и моќност од најмалку 550 КС.

„Ford Racing“ објави кратко тизер видео со кое се потврдува пристигнувањето на нов „Mustang“ со мотор развиен врз основа на искуството од трките. Премиерата е најавена за 2027 година, а сè укажува на враќање на значката „Cobra R “.

Според информациите објавени од „Ford Authority“, новиот модел ќе биде духовен наследник на „Mustang Shelby GT350“, а треба да пристигне во салоните како модел од 2028 година. Производството би можело да трае релативно кратко, до моделската година 2029 година. Под хаубата се очекува атмосферски 5,2 или 5,4-литарски V8 мотор, поврзан со шестстепен мануелен менувач „Tremec“. Официјалните бројки за моќност сè уште не се објавени, но се проценува дека моторот би можел да развие помеѓу 550 и 575 КС.

За споредба, претходниот „Mustang Shelby GT350“ користеше 5,2-литарски „Voodoo V8“ со 533 КС и 582 Nm вртежен момент.

Сегашниот „Mustang Dark Horse“ со 5,0-литарски V8 мотор развива 508 КС, додека „Dark Horse SC“ има дури 806 КС.

Враќањето на името „Cobra“ има и финансиска позадина. „Ford“ повеќе не сака да му плаќа на „Shelby American“ за користење на неговото име.

Според текстот, „Ford“ претходно плаќал околу 800 долари за секој продаден „Shelby Mustang“, што вкупно изнесувало повеќе од 30 милиони долари трошоци за лиценцирање.

Затоа, новиот модел би можел да се нарече „Cobra“ наместо „Shelby GT350“.

Последен пат кога „Ford“ ја користеше оваа ознака беше на почетокот на 2000-тите, на моделот „Mustang SVT Cobra“ со V8 мотор со компресор.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер