Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите
1 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите
ЖивотМомчиња жестоко се тепаат за девојка, се вмеша и бабичка со кеси (ВИДЕО)На социјалните мрежи се појави видео, наводно снимено во Санкт Петербург, на кое се гледа жестока пресметка меѓу две млади момчиња.На почетокот гледаме дечко со букет цвеќе како клечи пред девојка, а не е јасно дали ја моли, бара прошка или ѝ се додворува. Неколку секунди подоцна, настанува хаос. Во кадарот се појавува уште еден млад човек кој зема солзавец и го прска „противникот“ во лицето, а потоа започнува пресметката. Девојката за момент се оддалечила, бидејќи момчињата сериозно се тупале, се бореле, а потоа се обидела да ја смири ситуацијата. Не ѝ успеало, па на крајот случаен минувач, постара госпоѓа, која мавтала со торба наоколу, се обидела да ги раздвои. Koliko je dobra kad se ovoliko "šaketaju" zbog nje!!! pic.twitter.com/QiF3BKV79O — Rade Fantastični (@RFantasticni) November 3, 2023 Не го знаеме епилогот од приказната, особено улогата на младиот човек кој дојде „опремен“ со солзавец. Видеото е објавено на бројни странски портали каде нема информации за позадината на конфликтот, објави Телеграф.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Македонија Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалитеВо духот на илинденските идеали за истрајност, борба за слобода и патриотски непокор, Македонија денеска одбележува едни од најголемите и најзначајни настани за својата државност.Во духот на илинденските идеали за истрајност, борба за слобода и патриотски непокор, Македонија денеска одбележува едни од најголемите и најзначајни настани за својата државност – 123 години од Илинденското востание и Крушевската република и 82 години од првото заседание на АСНОМ Во меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, со положување на свежо цвеќе од бројни домашни и странски делегации како и музичка изведби на традиционални македонски песни од Националниот џез оркестар, се одбележа Илинден – Денот на Републиката. Пред присутните во Пелинце се обрати премиерот Христијан Мицкоски, кој порача дека битката на оваа генерација е последната надеж за иднината на државата против која, како што рече, се сторени многу неправди и во име на која се донесени погрешни историски одлуки. -Денес татковината знам дека не е земјата и државата за која сонуваа илинденците и асномците, но нашата битка е токму да ја вратиме таквата татковина. // Не паѓајте во замката на талогот кој тие го создаваат. Ве молам внимавајте и не му верувајте на тој талог од неуспеси, цинизам и мразење на сè што е успешно. Нашата генерација има обврска да се избори за нешто што е подеднакво важно — да ја зачува душата, да ја врати вербата во институциите, да го врати достоинството на чесниот човек и повторно да ја направи надежта најсилна движечка сила на нашето општество. Затоа што денес не се води само политичка битка. Не се води само економска битка. Не се води само битка за нови инвестиции, повисоки плати, подобри училишта, модерни болници или нови патишта, иако сето тоа е неопходно и ќе продолжиме да го правиме со уште поголема решителност,- - Христијан Мицкоски, претседател на влада. Илинден во Пелинце го одбележаа и голем број на граѓани, за кои, како што рекоа пред камерата на Канал 5 - празнувањето на овој голем македонски празник е дел од семејната традиција. Инаку, меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце иако симбол на независноста и борбата на македонскиот народ за самоопределување, е изграден на 8 километри од местото каде што всушност е одржано првото заседание на АСНОМ – Манастирот Прохор Пчински на територијата на денешна Србија, поради тогашниот отпор да се дозволи чествувањето на Илинден во манастирот на македонските делегации. Откогаш, Македонија овој значен празник го одбележува тука, на Пелинце. Тагови: АСНОМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСе влошува состојбата со пожарите во ГрцијаОпасноста од шумските пожари во поголем дел од западна Европа се намали денеска, но најкритичниот фронт се премести во Грција.Опасноста од шумските пожари во поголем дел од западна Европа се намали денеска, но најкритичниот фронт се премести во Грција, каде што силните ветрови ги разгореа пламените јазици, a избувна нов пожар на западниот остров Кефалонија. За Грција, опасноста потсетува на трагедијата од 2018 година, кога во пожарот во крајбрежното место Мати, во близина на Атина, загинаа 104 луѓе. Тоа беше најсмртоносниот шумски пожар во Европа во овој век. Стотици пожарникари трет ден по ред во неделата се обидуваат да го стават под контрола големиот пожар што уништи десетици куќи западно од Атина, додека, пак, новиот пожар на Кефалонија предизвика низа наредби за евакуација, Двајца се уапсени поради сомнение дека од небрежност го предизвикале пожарот западно од атина и против нив ќе бидат поднесени кривични обвиненија. Силните и непредвидливи ветрови и натаму ја отежнуваат работата на пожарникарите, додека властите се во состојба на висока готовност поради можноста од избувнување нови пожари во поширокиот регион на Атина. За оваа област, како и за островот Евија, во неделата е прогласена опасност од пожари од четврта категорија на скала од пет степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМилошоски од Мечкин Камен: Демографијата е нашата нова борба за МакедонијаГенерацијата од 1903 ни ги остави непокорот и саможртвата, генерацијата од 1944 ја претвори слободата во држава, а генерацијата од 1991 ја потврди самостојноста.„Генерацијата од 1903 ни ги остави непокорот и саможртвата, генерацијата од 1944 ја претвори слободата во држава, а генерацијата од 1991 ја потврди самостојноста. Нашата задача е оваа слободна Македонија денес, да има кој да ја наследи утре“, порача потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, во илинденското обраќање на Мечкин Камен. Осврнувајќи се на жртвата на Питу Гули, Никола Карев и Илинденците, Милошоски истакна дека демографијата е новата борба на денешната генерација и прашање што бара долгорочна национална одговорност. Тоа е заедничка обврска кон идните поколенија и македонската држава. Потпретседателот истакна дека Крушево, симбол на борбата за слобода и државност, денес има неколкукратно помалку првачиња отколку во минатите децении, а со истиот предизвик се соочува целата држава. „Што ќе вредат спомениците ако нема детски раце што ќе положат цвеќе пред нив? Колку ќе вреди македонскиот јазик ако нема кој да го говори? Ќе вредат ли училиштата ако во нив нема детски џагор?“, запраша Милошоски. Според него, современата борба за Македонија не се води со пушка и Црешово топче, туку преку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитаат деца. „Демографијата не е само статистика. Таа е бебешкиот плач, родителските солзи радосници, полните училишта и семејствата што со надеж гледаат кон иднината. Демографијата е прашање на личен приоритет, семејна среќа и национален опстанок“, истакна потпретседателот. Милошоски нагласи дека Македонија мора да биде над политичките поделби. „Партиите доаѓаат и си одат. Владите се менуваат. Татковината останува. Можеме да спориме за патот, но не смееме да го изгубиме правецот. Може да имаме различни политички ставови. Тоа не е слабост — Тоа е демократија. Но, постојат работи што мора да стојат над нашите поделби. Македонија е првата меѓу нив. Бидејќи националното единство не е отсуство на разлики. Националното единство е присуство на заедничка одговорност за државата!” Потпретседателот додаде дека на младите треба да им се остави земја каде што ќе основаат семејства и ќе ги растат своите деца. „Слободата ја наследивме од предците. Иднината ја должиме на потомците. Македонија треба да им ја предадеме како жива татковина – со деца, полни училишта и млади што творат овде“, порача Милошоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook