Момчето на Тејлор Свифт среде концерт се бакнува со чуварот (ВИДЕО) - Канал 5

Момчето на Тејлор Свифт среде концерт се бакнува со чуварот (ВИДЕО)

Пејачот Мети Хили, за кого веќе некое време се шпекулира дека е во врска со Тејлор Свифт, во петокот вечерта се бакнува со чувар за време на концерт во Данска.

Момчето на Тејлор Свифт среде концерт се бакнува со чуварот (ВИДЕО)

Хили (34) ја пееше песната Robbers со својот бенд The ​​1975 како дел од фестивалот NorthSide, кога забележа чувар како стои пред сцената. Изведувачот, кој изгледаше како да алудира на својата романса за време на настапот, се проби низ сцената и го бакна човекот, кој се чинеше дека смирено ја прифати необичната ситуација.

Толпата гласно навиваше откако Хили, која држеше шише шампањ за време на настапот, го бакна чуварот. Инаку, во изминатите десет години, пејачот бакнуваше различни посетители додека ја изведуваше песната Robbers, објавена во 2013 година.

Еден од посетителите на фестивалот изјави за Entertainment Tonight дека музичарот го започнал настапот носејќи превез на десното око, но подоцна го отстранил. За време на концертот, Хили одржа и краток говор за вулгарноста и неговите херои, Џорџ Карлин, Лени Брус и Бил Хикс.

Пејачот и претходно беше поврзуван со 33-годишната Свифт, по нивната прва средба во 2014 година. Тој претходно беше во врска со пејачките Халси и ФКА Твигс, со кои се раздели во 2022 година. Свифт во минатото беше поврзувана со голем број мажи, а нејзината шестгодишна романса со Џо Алвин заврши во април.

Хели и Свифт станаа пријатели по првата средба, а токму тој ги негираше гласините за врска во неколку наврати низ годините. Сепак, парот се најде во центарот на вниманието откако неименуван извор потврди за Сан минатиот месец дека музичкото дуо споделува многу повеќе од пријателство. Лице блиско до Хили и Свифт потврди за медиумите дека двојката е „исклучително горда и возбудена за нивната врска“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Александар Чупиќ е новиот претседател на српскиот парламент и в.дпретседател на Србија

Претставникот на „Студентската листа“ и професор на Сообраќајниот факултет, Александар Чупиќ, е официјално избран за претседател на новиот состав на Народното собрание на Република Србија. 

Александар Чупиќ е новиот претседател на српскиот парламент и в.дпретседател на Србија

Со изборот на оваа функција, Чупиќ истовремено ја презеде и должноста вршител на должноста претседател на Србија.

Со конституирањето на Српскиот парламент, започна да тече рокот од 90 дена за формирање на новата Влада. На дневниот ред на конститутивната седница се вклучени изборот на потпретседател на Народното собрание, именувањето на генерален секретар, како и изборот на членови на парламентарните работни тела и на постојаните парламентарни делегации во меѓународните институции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Доналд Туск за изјавата на Трамп за Путин: „Боже, чувај нè од такви пријатели“

Полскиот премиер Доналд Туск одговори на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој за време на нивната денешна средба во Кина го нарече рускиот претседател Владимир Путин свој пријател. 

Видео:  Доналд Туск за изјавата на Трамп за Путин:  „Боже, чувај нè од такви пријатели“

„Боже, чувај нè од такви пријатели“, напиша Туск на социјалната мрежа „Икс“, без експлицитно да ги спомене ниту Трамп, ниту Путин.

Неговата објава уследи по срдечниот поздрав што Трамп му го упати на Путин на самитот на АПЕК во Шенџен, Кина.

Трамп за Путин: „Тој е мој пријател“

За време на средбата со Путин, во присуство на новинари, Трамп зборуваше за нивниот долгогодишен однос. „Кој е тој? Тој е мој пријател!“ – рече Трамп додека го поздравуваше рускиот претседател.

Овој момент предизвика реакции во Европа, каде што некои политички лидери изразуваат загриженост поради ставот на Трамп кон Путин – особено во услови кога Русија ја продолжува војната против Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штерјова: Скандал, за Росица од Велес вината се префрла само на полицајците, без командири, началници - СДСМ бара оставка од Тошковски

Скандал, за Росица од Велес вината се префрла само на полицајците, без командири, началници - СДСМ бара оставка од Тошковски.

Штерјова: Скандал, за Росица од Велес вината се префрла само на полицајците, без командири, началници - СДСМ бара оставка од Тошковски

Во ек на фемициди, насилства врз жени, убиства, нова скандалозна одлука за случајот со младата Росица во Велес.

Власта и МВР се обидуваат вината да ја префрлат исклучиво врз обичните полициски службеници.

Само полицајците да бидат виновни со цел да ги заштитат високите полициски функционери, командири, началници и раководители.

Од 21 февруари до 15 септември 2025 година Росица Коцева пријавувала насилство и барала помош.

Речиси седум месеци. Имало и судски мерки за нејзина заштита.

И сега цела вина им се префрла само на полицајците.

Зошто не се опфатени командирите, началниците и раководителите во тие седум месеци?

Не можеле обични полицајци да држат пријави и изваштаи во фиока.

Ако се виновни девет полицајци, тогаш покрај поединечната одговорност се поставува и прашањето дали системот не функционира или намерно штити одредени поединци.

Обвинителството треба и Панче Тошковски да го опфати.

Во јавноста беа изнесени наводи дека Росица му испратила порака со барање за помош на неговиот телефон.

Зошто тоа не е направено? Да се провери, да се обезбеди комуникацијата.

Зошто Тошковски не ги реазреши раководителите, командирот или началникот? Или тие што се ВМРО не смеат да се чепакаат?

Обвинителството мора да ја испита целата линија на одговорност, од службениците што постапувале по пријавите, локалното раководство па се до министерот.

Ова не е правда. Ова е неказнивост и заштита на раководните структури на ВМРО.

Ова не е систем туку партиска контрола која работи по наредби од горе.

Има бројни примери - Биљана од Богданци, Росица од Велес, Рамајана од Шуто Оризари, Ивана и нејзината ќерка од Скопје, Сара од Охрид.

Излегоа информации и сведоштва за наводна полициска бруталност и врз 15 годишно момче од Охрид.

ВМРО се занимава само со заташкување и заштита на своите а сега гледаме дека се фокусирани и на тоа да ги запре протестите во земјата. И со кампања и со притисоци.

Уште колку жртви треба да има за Тошковски да си поднесе оставка!

Доста беше. Оставка Тошковски.

Изјава, СДСМ, Кети Штерјова, пред МВР

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер