ЖивотМомчето ја изневерило, па му смислила пеколна одмазда (видео)– Луѓето на мрежата се запрепасени, велат дека претерала Кики Никол е корисничка на Тикток која на оваа социјална мрежа ја следат 16.000 луѓе. Таа има голем број видеа кои доловуваат многу настани од нејзиниот секојдневен живот, но едно видео ги надмина сите други и е прегледано милиони пати. Кики била во врска која завршила откако дознала дека нејзиното момче ја изневерувало. Меѓутоа, таа не сакала да седи со скрстени раце, туку смислила план за одмазда, па решила да го повреди поранешното момче онаму каде што најмногу ќе го боли. @kykynicolee his resume was trash anyways 😭 #fyp ♬ оригинальный звук - Valerie Никол знаела каква работа најмногу посакува, па отворила лажен профил на „Линкедин“ и се претставила како личноста која го интервјуира за работа. Но, тоа не било едно интервју за работа, туку цела серија интервјуа кои траеле дури еден месец. Оваа девојка не ја мразело цел месец да се преправа и да води долги интервјуа со своето поранешно момче, за после еден месец на најлош можен начин да му каже дека не е доволно квалификуван за таа работа. - Поранешното момче ме изневеруваше, па направив лажен профил на „Линкедин“ и го натерав да помине серија интервјуа цел месец, пред да му испратам конечен одговор дека е одбиен за работата затоа што не го бива и ништо не знае – стои во описот на снимката на оваа девојка, а за тоа пишувал и Сан. Веднаш следеа реакции. Некои девојки, кои се чини дека имаат слични искуства како Кики, биле фасцинирани од начинот на одмазда на оваа девојка. Сепак, повеќето луѓе сметаа дека таа отишла предалеку и дека нема право да го мачи поранешното момче толку време, што и да ѝ направил. Видеото на Кики е прегледано неверојатни четири милиони пати на Тикток, добило околу половина милион „лајкови“ и било проследено речиси 7.000 пати, а под видеото беа напишани илјадници коментари. - Колку генијална одмазда, како не ми текна на тоа! - Фантастично, од утре бившиот ќе биде интервјуиран најмалку два месеци! - Девојко, си му вратила мило за драго! - Тој прв ја изневерил, виновен е, сè си заслужил. -Да не претера малку? Ставете се во негова кожа! - Би требало да имаш серија клипови, насловени како: Зло! - Свесно цел месец да мачите некого што некогаш ви бил драг е патологија. - Психопатски потег, патолошка љубомора. - Што е многу, многу е, си претерала! Извор: srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалДимитриевски: Ја собрав топката, не можам да исчезнам во таква ситуацијаСтоле Димитриевски за ВАР одлуката за пенал.“Ја собрав топката, не можам да исчезнам во таква ситуација. Ние никогаш не би добиле таков пенал”, изјави македонскиот голман Столе Димитриевски по поразот од Шкотска (1-2) во Глазгов во рамки на Лигата на нациите. Тагови: Столе Димитриевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамКако настанала „коњската сила“?Иако моќноста на моторот кај современите автомобили официјално се изразува во киловати (kW), коњските сили (hp) сè уште се користат во секојдневната употреба. Но, зошто?Кон крајот на 18 век, шкотскиот пронаоѓач Џејмс Ват создал нова, поефикасна парна машина. За да ги стави своите подобрувања во контекст што е попријателски кон луѓето, Ват сметал дека споредувањето на неговиот мотор со моќта на коњ ќе им помогне на клиентите да ја разберат вредноста на неговиот нов изум, пишува Ревијахак. Ват работел со коњи во рудник за јаглен. Тој проценил дека просечното животно може да помести 100 килограми јаглен на растојание од 30 метри за една минута. Од друга страна, тој пресметал дека неговата парна машина може да ја изврши истата работа како десет коњи, и затоа тврдел дека има десет коњски сили. Ова значело дека неговиот мотор во суштина може да помести 1.000 килограми, низ рударско окно, 30 метри секоја минута. Ова добро резонирало кај клиентите, а тврдењата на Ват за перформансите на моторот формираа основа за споредба со машините на конкурентските инженери. Наскоро сите почнуваат да ја користат единицата коњски сили, како груба проценка дефинирана на начин што би бил разбирлив за обичните луѓе. И токму благодарение на Џејмс Ват денес ја имаме мерната единица дефинирана во Меѓународниот систем на единици (SI) - „ват“. За да се конвертира 1 kW (киловат) во коњски сили, потребно е да се помножи со 1,35962. Извор: Б92Тагови: коњски сили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОдбележани 82 години од ослободувањето на Ѓорче Петров - почит за хероите и сеќавање на историјатаСо свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82-годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември.Со свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82-годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември, ден кој претставува траен симбол на слободата, храброста и пожртвуваноста на генерациите кои се бореле за подобра иднина. На одбележувањето присуствуваа градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, претседателката на Советот Бранкица Дуковски, членовите на Советот, претставници на делегации, вработени во општината и бројни сограѓани, кои со положување цвеќе и минута молчење им оддадоа почит на борците и хероите кои ги положиле своите животи за слободата. Особена чест на настанот му даде присуството на 97-годишниот Јован Манчевски, единствениот жив борец од тој период и драгоцено живо сведоштво за историските настани. Со своето обраќање, тој сподели спомени и сведоштва за времето на борбата и ослободувањето, потсетувајќи на храброста, жртвата и решителноста на генерациите кои ја извојувале слободата. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во своето обраќање истакна дека 14 Ноември не е само историски датум, туку и потсетник за одговорноста што секоја генерација ја има кон својата заедница и иднината. -Денес, кога се поклонуваме пред споменот на борците и хероите, ја изразуваме нашата длабока почит кон нивната храброст и жртва. Тие ни ја оставија слободата како највредно наследство, а наша должност е тоа наследство да го чуваме и да го надградуваме. Денес, нашата борба е поинаква - таа е борба за подобри услови за живот, современа инфраструктура, квалитетно образование, безбедни населби и еднакви можности за сите граѓани. Наша заедничка цел е да ја градиме Општина Ѓорче Петров во општина во која младите ќе ја гледаат својата иднина, семејствата ќе се чувствуваат сигурно, а секој граѓанин ќе биде почитуван - истакна Стојкоски. Тој посочи дека вистинската вредност на локалната самоуправа не се мери само преку реализираните проекти, туку и преку довербата, одговорноста и грижата за граѓаните. Одбележувањето на 14 Ноември е потсетник дека слободата не се подразбира, дека историското наследство треба да се чува, а иднината да се гради со работа, единство и одговорност.Тагови: Ѓорче Петров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter