Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
1Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
3Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување
СветМомче загина додека поставувал новогодишни светилки на покривот- никој не смеел да му пријдеАнтонио Пасквал Матео (24) загинал во чудна несреќа додека закачувал новогодишни светилки на покривот од куќа во Ескондидо, Калифорнија.„За жал, го удри струја додека ги поправаше новогодишните светилки“, напиша братучедот Хуан Пасквал на страницата GoFundMe поставена за да собере пари за погребот во Гватемала, од каде што е Матео. Младиот човек паднал откако добил струен удар и еден час останал заробен на дрво. За жал, спасувачите не можеле веднаш да дојдат до него бидејќи морале да чекаат да се исклучи струјата. „Спасувачкиот тим беше принуден да чека додека електрокомпанијата не ја исклучи струјата. Тогаш беше предоцна да се спаси“, напиша Пасквал, кој забележува дека „Матео ќе остане во нивните срца засекогаш, а новогодишното украсување повеќе го нема истото значење“. Според истрагата на округот Сан Диего, Матео поставувал светла на покривот кога дошол во контакт со далновод со висок напон. Случаен минувач повикал 911 и спасувачите го нашле како виси наопаку на дрвото, изјави лекарот. Кога на момчето му било дозволено да го симнат од дрвото, болничарите направиле напори да го оживеат и го пренеле до најблиската болница. И покрај обидите да го реанимираат, во медицинскиот центар Паломар е констатирана смрт, пренесува Метро. Причина за смртта е струен удар од висок напон. Матео бил син, брат и вујко и секогаш се грижел за својата мајка и семејството. На страницата GoFundMe е поставен апел за собирање финансиска помош за транспорт на Матео до неговото родно место.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДржавниот секретар Петрушевски учествуваше на 27. состанок на Советот на СЕЛЕК во БукурештНа 21 октомври 2026 година, во Букурешт, Романија, се одржа 27. состанок на Советот на СЕЛЕК – Центарот за спроведување на законот на Југоисточна Европа. На состанокот учествуваше државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски, во својство на постојан член на Советот, предводејќи ја македонската делегација. Во рамки на состанокот беа презентирани резултатите од оперативната работа на СЕЛЕК за 2025 и 2026 година, при што беше разгледан придонесот на Центарот во унапредувањето на регионалната соработка и координацијата меѓу надлежните институции во справувањето со прекуграничниот и организираниот криминал. Во продолжение, се одржа гласање за избор на нов генерален директор на СЕЛЕК. За функцијата беа номинирани кандидати од Албанија, Романија и Србија. По спроведената изборна постапка, за генерален директор беше избрана кандидатката на Романија, Мадалина Сорина Влангар. Состанокот претставуваше можност за размена на информации и искуства меѓу земјите членки, како и за унапредување на регионалната соработка во спречувањето и сузбивањето на прекуграничниот и организираниот криминал. Република Македонија, преку своето учество во работата на Советот на СЕЛЕК, продолжува да придонесува кон зајакнување на соработката меѓу надлежните институции и унапредување на безбедноста во Југоисточна Европа.Тагови: Сашо Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Го вративме вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска МакедонијаГо враќаме спомен-обележјето, го чуваме споменот на едно одземено детство!Го вративме вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија, во чест на нивните судбини, прекинатото детство и незгаснатата љубов кон родниот дом. Истовремено, во тек се градежните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена-Борец“. Го обновуваме просторот кој ја чува нашата колективна меморија и му го враќаме достоинството што го заслужува. Градиме за иднината. Со почит кон минатото!, објави на ФБ градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМП: Силна поддршка од Грција за европската интеграција и реформите во правосудствотоГрција дава силна поддршка на нашата држава на патот кон членство во Европската Унија. Ова беше потврдено на средбата меѓу министерот за правда, Јетон Шасивари, и новиот амбасадор на Грција, Јоанис Малукос, на која беше нагласена важноста на европската перспектива и натамошното продлабочување на билатералната соработка. На средбата, грчката страна изрази подготвеност за безрезервна поддршка на реформите во правосудството, преку споделување искуства, обезбедување експертска помош и зајакнување на соработката меѓу надлежните институции. Министерот Шасивари изрази благодарност за силната и континуирана поддршка од Грција, истакнувајќи дека реформите во правосудството, зајакнувањето на владеењето на правото и усогласувањето со европските стандарди остануваат меѓу клучните приоритети на Министерството за правда. Двајцата соговорници ја потврдија заедничката заложба за унапредување на соработката и за конкретна поддршка на реформските процеси што се од суштинско значење за европската иднина на нашата држава. Министерство за правдаТагови: Министерство за правда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22