Момче за влакно се спасил од мостот, додека се уривал од удар на бродот во Балтимор

Џен Вуф од Балтимор ја слушнала шокантната вест дека мостот Френсис Скот Ки, кој се наоѓа во близина на нејзиниот дом, се урнал кога нејзиниот син ја разбудил и и рекол дека за влакно избегнал катастрофа.

Тој за чудо успеал да го помине мостот само три минути пред структурата да се урне во реката.

Синот во паника ѝ објаснувал како го поминал мостот само три минути пред да се урне кога во него удрил товарниот брод Дали.

„Тој во паника влезе во куќата и ме викна, а потоа ми го покажа видеото што го снимиле неговите пријатели кога мостот се урна“, рече таа.

Таа додаде дека тој не сфатил дека мостот се урнал додека не добил избезумена порака.

„Всушност, тој беше скоро во нашата куќа кога неговата девојка почна да му праќа пораки за да го праша дали е добро. Мислеше дека таа праќа пораки затоа што се карале, а таа му порача дека мостот се срушил“, објаснила Џен.

Да потсетиме дека голем контејнерски брод удри во мостот Френсис Скот Ки во Балтимор, Мериленд, додека ја минувал реката Патапско. Од силината на ударот мостот се искршил на неколку делови кои паднале во реката.

Началникот Кевин Картрајт, директор за комуникации на противпожарната служба во Балтимор, изјави за Би-Би-Си дека „дури седум лица и неколку возила“ паднале во реката.

За среќа, спасувачите успеале да извлечат две лица од реката.

„Едно лице одбило помош и одбило транспорт, во основа тоа лице не е повредено. Меѓутоа, имало уште едно лице кое било пренесено во локалниот центар за траума во многу тешка состојба“, објасни началникот на противпожарната служба Џејмс Валас.

Валас рече дека властите можеби бараат седум лица, но додаде дека таа бројка може да се промени.

Сепак, претходно денеска Кевин Картрајт од противпожарната служба на градот Балтимор рече дека спасувачите трагаат по најмалку 20 луѓе во реката.

Најсмешен крадец во обид: Панталоните ѝ останаа на оградата, се покри со дуксер (ВИДЕО)

Следната приказна доаѓа од чилеанската општина Маипу, каде надзорните камери снимија бизарна сцена.

Во преден план гледаме жена која се обидува да прескокне метална ограда и да влезе во луксузен станбен комплекс. Сепак, работите брзо тргнаа наопаку.

Таа не очекуваше дека панталоните ќе ѝ се зафатат на металните шилци, па следеше „мачна борба на обидот за кражба“, пишува Прото тема.

По две минути останала без делови од облеката и обувките, а интимните делови морала да ги крие со дуксерот.

Локалните медиуми јавуваат дека таа го пребарала дворот и по извесно време заминала.

Останува нејасно што се обидувала да направи, а некои извори наведуваат дека „имала соучесник“.

Прв пат отишла кај момчето на гости, па направила хаос- го парчосала тоалетот (ВИДЕО)

На мрежите повторно се ажурираше приказната за Кенеди Калвел од Ванкувер, а во неа се опишува нејзиното „фијаско“ по првата посета на нејзиното момче.

Девојката објави неколку видеа на TikTok кои „собраа“ милиони прегледи и станаа вирални, пишува New York Post.

@kennedyallegedly Great first impression #boyfriend #poopoo #fml

Кенеди дошла во куќата на своето момче Ник во Торонто за заедно да ги поминат празниците, а недолго потоа побарала да оди во тоалет.

Проблемот настанал кога таа не можела да пушти вода во тоалетот.

„Го отворив резервоарот и ја повлеков рачката. Сепак, ништо не се случи. Кога сфатив дека не можам да го решам проблемот, почна да ме фаќа паника“, рекла таа.

Додека се вртела околу бањата, обидувајќи се да се извлече од непријатната ситуација - и паднал керамичкиот капак! Се разбира, се скрши, а парчиња летаа на сите страни.

„Во шок стоев сред бањата. Се најдов во непријатна, глупава ситуација. Што би можела да направам освен да направам видео на TikTok“, објасни таа.

@kennedyallegedly But seriously what do I do #embarrassing #plumber #awkward #helpme ♬ Monsters, Inc - Gustav Lundgren & Unit

Родителите на нејзиното момче не биле дома, но Кенеди го почувствува притисокот без оглед на тоа.

„Сфатив дека морам да го известам Ник за сѐ што се случи. Не можев да избегам низ прозорецот, ниту да го обвинам миленичето“.

Кога му кажала на момчето што се случило, тој почнал да се смее. Веднаш им се јавил на родителите и рекол дека „случајно го скршил капакот на казанчето“.

Таткото и мајката не се налутиле, а ситуацијата ја дочекаа со насмевка.

„И тие се смееја. Имаат четири сина и се навикнати на дефекти во куќата. Сепак, рекоа дека Ник морал да купи нов капак со свои пари“, изјавила девојката и додала дека се понудила да ја плати штетата.

Студенти исвиркаа холивудска ѕвезда поради неговата поддршка за Израел (ВИДЕО)

Познатиот комичар Џери Сајнфелд доби почесна диплома од Универзитетот Дјук во Северна Каролина, а по тој повод одржа говор пред студентите.

Меѓутоа, во моментот кога беше најавен неговиот говор, дел од студентите почнаа да свиркаат и да извикуваат „слободна Палестина“, а некои демонстративно го напуштија стадионот веејќи палестински знамиња.

Имено, иако комичарот во својот говор не го спомна Израел, некои студенти протестираа поради неговата отворена поддршка за Израел по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година.

притисни ентер