Момче случајно откри потопен автомобил и реши случај стар 27 години (ВИДЕО)

13 годишно момче и помогна на полицијата во Канада да реши случај на убиство стар 27 години, кога случајно нашол потопен автомобил на дното на езерото Грифин.

Макс Веренка се возел по езерото Грифин во канадската област Британска Колумбија , кога забележал потопено возило. Неговите родители заклучиле дека најверојатно станува збор за автомобил што во 2009 слетал во езерото и случајот го пријавиле во полицијата. Бидејќи автомобилот бил на длабочина од 6 метри , Макс нурнал со својата ГоПро камера и им ја покажал снимката на полицајците.

Три дена подоцна, полицијата се вратила со екипа за нуркање и ги извадила остатоците од автомобилот од езерото каде пронашле тело на жена.

Се покажа дека тоа е Џенет Фарис која исчезнала во 1992 година кога тргнала на свадба, а нејзиното семејство до денес не знаело што се случило со неа .

„Мислам дека најлошото нешто е да не знаеш. Ние претпоставувавме дека можеби задремала зад воланот и слетала од патот или се обидувала да избегне животно кое трчало пред автомобилот“, изјави нејзиниот син Џорџ Фарис.

Приведен грчки државјанин поради давање поткуп

На граничен премин Табановце вчера околу 13 часот полициски службеници  лишиле од слобода 49 годишен Грк  поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“, соопштиј а од МВР.

- При пасошка и гранична контрола на возилото „Форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал, тој во својата патна исправа ставил пари како поткуп. Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, се појаснува во соопштението.

„Гответе со Дракче“ - Плескавица со компир

Во понеделник (29.04.2024) во емисијата гостин ни беше Јане Рафајловски.

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. компири

3 лажици брашно

1 главица кромид

сол и зачини по желба

масло за пржење

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Повеќе од половина вработени во Уставниот суд пријавени за давање крв

Повеќе од половина вработени во Уставниот суд пријавени за давање крв во акција по повод шестдеценискиот јубилеј.

Повеќе од половина вработени во Уставниот суд пријавени за давање крв во денешната акција што сами ја организираа по повод шестдеценискиот јубилеј. Како што информира утрово претседателката на Судот Добрила Кацарска, со ова институцијата ја покажува и својата хумана страна.

-Уставниот суд одбележува 60 години постоење и по повод овој јубилеј најави низа активности. Вработените дадоа идеја една од тие акции да биде и крводарителската, што значи Судот ја покажува и својата хумана храна. Повеќе од половината вработени се пријавија за давање крв или од вкупно 60 повеќе од 30 се согласни да дадат крв, изјави Кацарска.

Акцијата се одржува под мотото „Биди хуман - спаси живот”, во соработка со Црвен крст на Република Македонија. Почна во 9 и ќе трае до 14 часот.

Преку оваа крводарителска акција Уставниот суд изразува солидарност и хуманост и истовремено се придружува на апелите на Црвен крст за подигнување на свеста за донирањето крв и мотивирање на поголем број луѓе за доброволно дарување.

притисни ентер