СветМомче од Шкотска сакал да запали џамија, додека верниците биле во неа Седумнаесетгодишник кој планирал терористички напад врз џамија во шкотскиот град Гринок е осуден на 10 години затвор.Седумнаесетгодишникот бил уапсен во јануари откако полицијата го пронашла со гасен пиштол и спреј во близина на муслиманскиот центар Инверклајд, објави Би-Би-Си. Претседателот на центарот во Шкотска изјавил за Би-Би-Си дека му простил на тинејџерот и сочувствува со неговото семејство. Момчето пишувало на интернет за тоа како белците биле во „војна“ и дека ќе „умре за својата земја“, а бил во можност да го испланира нападот бидејќи го натерал имамот на центарот лажно да верува дека сака да стане муслиман. „Планирал да ја запали џамијата“ Се вели дека тинејџерот планирал да ја запали џамијата и да ги убие сите верници внатре. Младиот човек, кој во тоа време имал 16 години, бил уапсен во близина на џамијата, а во неговиот ранец бил пронајден гасен пиштол, кој имал намера да го користи за да ги држи верниците во зградата откако планирал да ја запали џамијата со шишиња со распрскувач. Според Би-Би-Си, тинејџерот првично сакал да постави бомби во своето училиште минатиот декември, а потоа решил да ја нападне џамијата.Тагови: џамија Шкотска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
МакедонијаПродолжува судењето на Ива Михаилова во нејзино отстуствоОд Јавното обвинителство информираат дека судењето на обвинетата Ива Михаилова за предизвикување на сообраќајна несреќа со смртни последици ќе продолжи на деветти ноември. Ива Михаилова избега во Бугарија пред две недели, тамошните власти потврдија дека нема да ја екстрадираат во Македонија..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко РистовДенеска, во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов.Случајот го води судијката Билјана Коцевска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Искра Хаџи Василева. Според обвинението, Ристов се гони за противправно стекнување и прикривање имот и перење пари бидејќи во текот на истрагата судијата не докажал дека легално ги стекнал парите. На 17 април јавното обвинителство соопшти дека биле преземени повеќе дејства и претреси, при што на 18 јануари годинава во домот на родителите на судијата во Неготино биле пронајдени вкупно 350.000 евра за чие потекло тој немал доказ и не ги пријавил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
МакедонијаДве кумановки и пет банкарки злоупотребиле лични податоци се офајдиле со 194 илјади евра Две кумановки и пет банкарски служебници добиле кривични пријави за измама, злоупотреба на лични податоци и злоупотреба на службена положба и овластување, поради сомнеж дека оштетиле повеќе граѓани за сума од над 194 милиони денари..Во периодот од јануари до јули 2026 година во 18 наврати, искористувајќи лични податоци на повеќе лица, во нивно име и без нивна согласност аплицирала за брзи потрошувачки кредити, а по одобрувањето и исплата на парите , тие биле противправно присвоени од прво и второпријавената. Додека, останатите пријавени, вработени како банкарски службеници во филијала на една банка, овозможиле реализација на измамата и располагање со парични средства, со што им овозможиле на прво и второпријавената да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 194 илјади евра, информираа од МВР...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter