Момче од САД си го шинал глуждот на лента за трчање, па починало од страшна бактерија - Канал 5

Момче од САД си го шинал глуждот на лента за трчање, па починало од страшна бактерија

11-годишниот Џеси Браун се заразил со опасна бактерија откако се здобил со навидум бенигна повреда на глуждот и починал.

Момче од САД си го шинал глуждот на лента за трчање, па починало од страшна бактерија

„Ногата неколку дена откако го повреди глуждот на лентата за трчање и неколку недели откако можеби се изгреба додека вежбаше, беше полна со виолетови и црвени дамки кои личат на брадавици“, изјавила неговата братучетка Меган Браун за Фокс 35.

Фокс 35 објавиле дека итно бил префрлен на интензивна нега и прво му била дијагностицирана стрептокока од групата А, а потоа и бактерија што јаде месо. После тоа на момчето му отекол мозокот и починало.

Родителите на Браун 10 години се обидувале да добијат дете, а кога се родил Џеси рекле дека тој е нивното чудо од дете. Д-р Алан Крос, специјалист за заразни болести во болницата на Универзитетот во Мериленд, им рече на новинарите дека стрептококата може да предизвика „многу брза инфекција и да стане токсична“.

„И децата и возрасните може да добијат ваков тип на инфекција по појавата на рани или гребаници. Важно е правилно да се исчисти раната и да се следи што се случува“, рекол Крос, а пренесува The New York Post. Имено, поради повредата на скочниот зглоб, Џеси носел посебен вид ортопедско помагало, а семејството на време не сфатило колку инфекцијата станала проблематична.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан

Во рамките на министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“ во Атина, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан.

Средба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан

На средбата беше изразено задоволство од континуираниот развој на односите и одличната соработка меѓу двете земји, како на билатерален план, така и во рамките на регионалните и мултилатералните формати. Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за натамошно продлабочување на соработката во областите од заемен интерес.

Посебен акцент беше ставен на европската перспектива на Западниот Балкан и на потребата од континуитет и кредибилитет на процесот на проширување на Европската Унија, како важен поттик за реформите, развојот и стабилноста на регионот.

Министерот Муцунски ја поздрави силната и континуирана поддршка од Унгарија за европската интеграција на Западниот Балкан.

Воедно, беа разменети мислења за актуелните регионални и безбедносни предизвици, при што беше нагласена заедничката определба за зачувување на мирот, стабилноста и натамошно унапредување на регионалната соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноември

Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев.

„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноември

На 28 ноември со почеток во 19.30 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ – емотивна сценска приказна за љубовта, страста и жртвата, раскажана преку моќта на танцот и музиката на Џузепе Верди.

Инспирирана од познатата приказна за Маргарита и Арман, претставата ја пренесува на балетската сцена љубовната судбина на двајцата главни ликови. Музиката на Верди, препознатлива по својата мелодиска убавина и силен емоционален набој, ја надополнува драматургијата и ја продлабочува приказната за љубовта, личните жртви и општествените ограничувања.

Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев, еден од истакнатите руски кореографи, кој соработува со водечките балетски театри, меѓу кои „Бољшој“ во Москва и „Марински“ во Санкт Петербург. Сценографијата и костимографијата се дело на Павол Јураш од Словачка, а концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Во главните улоги на Маргарита и Арман ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз од Шпанија, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Со раскошна сценографија, впечатливи костими, музиката на Верди и кореографијата на Василиј Медведев, „Дамата со камелии“ ја оживува безвременската љубовна приказна преку елеганцијата на балетскиот израз и силата на сценските емоции.

Национална опера и балет

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска  престојува во Атина, каде ќе учествува на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“.

Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина

Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување на нивниот пристапен процес кон Европската унија. Во Атина е Афродита Рамос.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер