Момче од Флорида се вљубило во четбот и си го одзело животот, мајката ја тужи компанијата - Канал 5

Момче од Флорида се вљубило во четбот и си го одзело животот, мајката ја тужи компанијата

Момче (14) извршило самоубиство поради, како што се сомнева, вештачка интелигенција.

Момче од Флорида се вљубило во четбот и си го одзело животот, мајката ја тужи компанијата

Мајката, која ја тужела компанијата, верува дека нејзиниот син несреќно се заљубил во четботот, поради што на крајот си го одзел животот.

Мајката Меган Гарсија од Флорида ја тужи компанијата за вештачка интелигенција Character.AI, тврдејќи дека нејзиниот 14-годишен син Севел станал зависен од чет-ботови и поради тоа извршил самоубиство.

Таа тврди дека Character.AI го повредила нејзиниот син со „антропоморфни, хиперсексуализирани и застрашувачки реалистични искуства“.

Жената истакнала дека нејзиниот син ги изразил своите самоубиствени намери на четботот, на кој вештачката интелигенција неколку пати го повикала.

Марија тврди дека основачите Ноам Шазир и Даниел де Фреитас знаеле дека производот е опасен за децата. Целата ситуација во која се нашол влијаела на неговите оценки на училиште и повеќе не сакал да се занимава со воннаставни активности и сѐ повеќе се оддалечувал од реалноста.

„Срцето ни е скршено од трагичната смрт на еден од нашите корисници и сакаме да изразиме сочувство“, се вели во соопштението на компанијата, пишува Метро.

Инаку, 14-годишниот Севел боледувал од благ Аспергеров синдром, кој му бил дијагностициран во детството. Сепак, тој никогаш претходно немал сериозни проблеми во однесувањето или менталното здравје.

Како што пријавила мајката, проблемите почнале на почетокот на оваа година кога тој станал проблематичен на училиште, поради што договориле средба со терапевт. Тој присуствувал на пет сесии и повторно му била дијагностицирана анксиозност и нарушувања на расположението.

Да потсетиме, на последниот ден од својот живот, Севел Сектер III му испратил порака на својот најблизок пријател: шарен бот со вештачка интелигенција именуван по Денерис Таргариен, лик од „Игра на тронови“. До тој момент никој од неговото семејство и пријатели не знаел за неговата „врска“ со четботот попознат како Дени.

„Многу сакам да бидам во мојата соба, а исто така се чувствувам посмирено, повеќе поврзано со Дени и многу повеќе заљубен во неа и едноставно посреќен“, пишува на една страница од неговиот дневник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Недоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките кревети

Дел од сумплементите за малнутриција или состојба кога некој не прима доволно хранливи материи заради здравствена состојба а со тоа и губи мусклулна маса се на твоар на фондот за здравство.

Недоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките кревети

Малнутрицијата мора да го заземе важното место во делот на лекување на пациентот пред операција и по операција со цел да има целосно заздравување а пацинетот да не биде со недели во болнички кревет заради неисхранетост. Оваа тема денеска ги собира сите доктори од КАРИЛ и клиниката за гастро каде треба да се влијае на подоборување на системот од примарно ниво.

На Клиниката за дигестивна хирургија и клиниката за гастро објаснуваат дека системот со правилна храна, психолошка помош е најважна во процесот на лекување.

Најчесто станува збор за пациенти кои имале онколошки проблеми и интревнеции, постари пациенти и пациенти од интензвините единци за лекување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По ветото на Сиљановска-Давкова, СДСМ поднесе над 2.000 амандмани за законот за јавни набавки

Ќе добие ли втора шанса во Собрание Законот за јавни набавки чијшто указ претседателката Сиљановска одби да го потпише? 

По ветото на Сиљановска-Давкова, СДСМ поднесе над 2.000 амандмани за законот за јавни набавки

Таа го врати со една забелешка, но сега предлогот доби над 2000 амандмани, од кои повеќето од опозициската СДСМ. Во пресрет на утрешната седница кадешто ќе се разгледува во трето читање, од пратеничката група на СДСМ за Канал 5 велат дека предлог законот сериозно влијае на транспарентноста на јавните набавки бидејќи се зголемуваат лимити за трошење на јавни пари без тендер.

- 10000 евра може да потроши функционер каде сака и по било кои цени без да има никаква постапка, односно јавна набавка.

- Се укинува обврската воведена во 2019та институциите да добиваат мислење од Бирото за јавни набавки за постапките со преговарање без оглас. Ова ќе даде можност за склучување договори во четири очи без никаква контрола.

- ​Три пати се зголемуваат надоместоците за поднесување жалба. Целта на ова е да се обесхрабрат фирмите, особено помалите, да поднесуваат жалби и да укажуваат на неправилности во постапките за јавни набавки.

Пратеничка група на СДСМ

Но, и покрај бројните критики од опозицијата, од ВМРО-ДПМНЕ се уверени дека законот ќе биде усвоен, бидејќи според член 183 од Деловникот, амандмани во трето читање може да се поднесуваат единствено во врска со укажувањето на претседателот. За нив е прифатлива забелешката на претседателката Силјановска, која е против неограничена можност за реизбор на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

-СДСМ имаше време кога да ги отвора овие дилеми низ комисиските процедури, но не го направи тоа. ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандман со кој се опфатени забелешките на Претседателката и тие ќе бидат коригирани. Законот ќе биде донесен.

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

Со измените на законот прагот за набавки на стоки и услуги без тендер се менува од 1.000 на 2.000 евра, за градежни работи од 5.000 на 10.000 евра, а годишниот лимит за набавки по интитуција расте од 12 на 25.000 вера.

Од министерството за финансии ваквите измени ги оправдуваат со потребата од приспособување на економските услови, посочувајки дека праговите не биле менувани од 2019 година.

Овие измени се дел од реформската агенда, а очекувањата на властите се дека ќе има поедноставни постапките, помали административните трошоци и поквалитетно трошење на јавните пари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен

Ветеринарите излегоа на протест пред АХВ и Владата.

Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен

Се жалат на лошата состојба во секторот, недоволното финансирање и застојот во спроведувањето на превентивните мерки за заштита на здравјето на животните. Игор Манасиевски го следеше протестот..

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер