Момче не ја препозна Ријана, ја замоли да го слика со фудбалерите (ВИДЕО) - Канал 5

Момче не ја препозна Ријана, ја замоли да го слика со фудбалерите (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се шири видео во кое момче не ја препозна пејачката Ријана.

Момче не ја препозна Ријана, ја замоли да го слика со фудбалерите (ВИДЕО)

Момчето дури побарало од пејачката да го слика со фудбалерите Џек Гралиш, Кристијан Пулишиќ и Јунус Мусах, кои беа во Њујорк на пријателскиот натпревар на Манчестер Сити против Милан.

Момчето ѝ го подало мобилниот телефон на Ријана, по што таа ги фотографирала. Видеото од целата сцена стана вирално на социјалните мрежи, а некои обожаватели не можеа да поверуваат дека таква ѕвезда може да помине толку незабележана.

„Таа е сè уште актуелна додека не умре последниот од нас од оваа генерација и тоа е во ред“, „Изгледа дека воопшто не ѝ пречи и му го дава на момчето својот момент, го почитувам тоа“, се вели во коментарите.

Други се пошегуваа дека ќе биде урнебесен момент кога момчето ќе порасне и ќе дознае која е Ријана. „Тоа не ѝ пречи. Според она што го знам за неа, се обложувам дека апсолутно уживала во можноста да го фотографира ова дете“, се вели во еден коментар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ССК го одржа годишното собрание

Сојузот на стопански комори попладнево го одржа годишното собрание на кое беа сумирани активностите и резултатите од работењето во изминатиот период.

ССК го одржа годишното собрание

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија, најави Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека во март следната година повторно ќе се воведе задолжителниот воен рок.

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија, најави Вучиќ

Претходно, актуелната власт најави враќање на задолжителното служење на воениот рок во Србија во траење од 75 дена за мажи до 30 години.

Армијата на Србија, со одлука на претходните власти, официјално стана професионална војска на 1 јануари 2011 година, кога стапи на сила собраниската одлука за укинување на обврската за служење воен рок.

Редовното служење на воената обврска тогаш беше заменето со доброволно служење, а војската почна да се пополнува со професионални војници и офицери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД и Иран се договориле да го прекинат последниот бран судири и да се вратат на преговарачка маса

Иран и Соединетите американски држави постигнале договор за прекин на последниот бран меѓусебни судири во Персискиот залив

САД и Иран се договориле да го прекинат последниот бран судири и да се вратат на преговарачка маса

Иран и Соединетите американски држави постигнале договор за прекин на последниот бран меѓусебни судири во Персискиот залив и да ги продолжат разговорите согласно меморандумот за разбирање што неодамна го потпишаа двете страни, потврдил американски функционер за неколку светски медиуми.

Веста за постигната согласност за прекин на непријателствата, како што наведуваат медиумите, ги зголемува надежите дека привремениот мировен договор меѓу Вашингтон и Техеран може да опстане и покрај меѓусебните вооружени судири во последните денови. Американскиот новински портал „Аксиос“, повикувајќи се на неименуван висок американски функционер, објави дека разговорите меѓу претставиците на Вашингтон и Техеран треба да продолжат утре, во главниот град на Катар, Доха.

Засега не е познат ставот на Техеран во врска со наводите кои доаѓаат од страна на извори од американската администрација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер