Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
2Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
ЖивотМомче на „средба“ со морско чудовиште од 25 тони: Бучавата беше ужасна (ВИДЕО)Група млади авантуристи неодамна престојувале во Француска Полинезија, која се состои од голем број помали острови, атоли и архипелази во Јужниот Тихи Океан.Меѓу нив беше и Чехот Јаро Кабла (26). Тој објави спектакуларно видео од нуркање и воодушеви многу гледачи на Инстаграм. Тој го опиша моментот што ќе го памети како „едно од најдобрите искуства во неговиот живот“. Џаро нурнал во Пацификот, без премногу очекувања, без да се посомнева какво изненадување го чека, пренесува Newsweek. „Тоа требаше да биде обично нуркање, но се претвори во еуфорично искуство. Еден од моментите кога сфаќаш колку сме мали како луѓе“, објасни тој. View this post on Instagram A post shared by TRAVEL WITH JARO (@travelwithjaro) Младиот човек истакнува дека слушнал необичен звук под вода и решил да нурне подлабоко за евентуално да открие од која насока доаѓа. „Бучавата стана страшна. Се чувствував како да ми се тресат коските! Чудо е што камерата преживеа сѐ. Од сите места што ги посетив во последните четири години, ова ми донесе едно од најубавите искуства“, откри тој. Во видеото го гледаме Џаро како нурка со пријателите, а потоа од темните длабочини се појавува грбав кит! Луѓето изгледаат ситни покрај морското суштество, а гледачите се воодушевени од сцената. View this post on Instagram A post shared by TRAVEL WITH JARO (@travelwithjaro) „Ова е сосема лудо! Прво си го слушнал, а потоа го видел“, напишала една личност, додека друга продолжила: „Вакво нешто доживуваш еднаш во животот“. Се проценува дека во светските океани живеат околу 60.000 грбави китови, чии возрасни единки достигнуваат должина од 12 до 16 метри, како и тежина од 25 до 30 тони.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалТрагедија го погоди Баерн пред натпреварот со Арсенал- тимот од Минхен ќе игра без капитенот Капитенот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, нема да игра вечерва против Арсенал поради смртта на неговиот татко, објавија денес германските шампиони.Таткото на Кимих, Бертолд, почина на 57-годишна возраст, па Баерн го ослободи капитенот од должностите до викендот. - Поради загуба во неговото најблиско семејство, Кимих не е во составот за денешниот натпревар против Арсенал. Во име на семејството, ве молиме да се почитува неговата приватност и тага, и да се воздржи од понатамошни истраги и известувања. Им упатуваме најдлабоко сочувство на Кимих и неговите најблиски - се вели во соопштението на Баерн. Баерн ќе биде домаќин на Арсенал во третото коло од Лигата на шампионите вечерва во 21 часот. Ова ќе биде голем удар за целиот тим, бидејќи Кимих е многу важен дел од тимот предводен од Винсент Компани. Кимих дефинитивно ќе го пропушти овој натпревар, а дали ќе игра во Бундеслигата овој викенд сè уште не е познато.Тагови: Арсенал Баерн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
ЕвропаЛатвија бара забрана за транзит на руско жито, додека самата увезува големи количестваИран е најголемиот увозник на руско жито, додека Латвија – и покрај затегнатите политички односи со Москва – се наоѓа меѓу првите пет увозници.Од почетокот на земјоделската сезона, Иран е најголемиот увозник на руско жито, додека Латвија – и покрај затегнатите политички односи со Москва – се наоѓа меѓу првите пет увозници, според податоците на консултантската фирма „ProZerno“, пренесени од Ројтерс. Во периодот од јули до октомври, Иран увезл вкупно 1,716 милиони тони руско жито, главно јачмен и пченка. Египет е на второто место со увезени 1,35 милиони тони од јули наваму, а по него следува Азербејџан со 545.000 тони. Латвија е на четвртото место со увезени 431.700 тони руско жито, додека Нигерија го зазема петтото место со 420.900 тони, покажуваат податоците на „ProZerno“. Русија ги менува извозните рути поради напади со беспилотни летала Русија ги прилагодува своите рути за извоз на жито како одговор на зачестените напади со беспилотни летала врз пловила во Црното и Азовското Море. Истовремено, значително е зголемен обемот на пратки преку Каспиското Море. Руското жито се извезува и преку пристаништа на Балтичкото Море, вклучително и оние што се наоѓаат во балтичките држави – пред сè во Латвија. Според податоците на компанијата „Rusagrotrans“, во септември преку балтичките пристаништа поминале 65 отсто од пратките со руско жито, главно пченица. Естонија веќе го забрани транзитот на руско жито преку својата територија. На почетокот на октомври, балтичките држави предложија воведување забрана за транзит на руско жито низ целата Европска унија. Извор: Индекс.хрТагови: жито Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПренџов: Кандидатот на ДУИ за Брвеница е само обид на Ахмети да се врати на политичката сценаЉупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата ,,Само вистина“ на Канал 5 телевизија се осврна на темата за изборите во Брвеница.Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата ,,Само вистина“ на Канал 5 телевизија се осврна на темата за изборите во Брвеница, за што кажа дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во првиот круг со кандидатот Стојанчо Радичевски, а наспроти него во вториот круг е и кандидатот на ДУИ, за кој тој смета дека е само асет на претседателот на таа партија во обид да се врати повторно на политичката сцена. ,,Моментално има двајца кандидати во Брвеница кои што продолжуваат во вториот круг. Првиот е човек којшто е од Брвеница и за Брвеница. Човек којшто смета дека Брвеница треба да има проект повеќе, треба да има се она што значи градинки, училишта, канализација и подобар живот на сите коишто живеат во Брвеница, независно од верската и националната припадност“, истакна Пренџов. Според него, кандидатот на ДУИ е само уште една алатка за лидерот на партијата да се врати на политичката сцена, но смета дека на сите им е јасно дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор. ,,И вториот е кандидат односно асет на Али Ахмети и на ДУИ, човек којшто е таму само за да помогне да веќе излезениот од игра Али Ахмети да се врати повторно на политичката сцена. И мислам дека на граѓаните им е јасно, независно дали се Албанци дали се Македонци, дали се гласачи на СДС или не се, дека господинот Радичевски е оној, којшто се бори за Брвеница да биде подобро место за живеење, и тоа е суштината зошто препознаа дека него треба да му ја дадат довербата“, вели Пренџов. Тој посочи дека во јавноста се забележуваат, како што кажа, разни математики во однос на изборите, но самиот не сака да ги коментира, туку фокусот да биде на тоа како може општината да се движи напред и да се развива. ,,Не сметам дека е успех за којшто треба некој да добие аплауз, затоа што ако во Скопје сте биле петта партија, во Брвеница сте четврта политичка партија. Мислам дека тоа не е некој успех за СДС, но тие си знаат. Мислам дека во Брвеница разговараме како Брвеница да оди напред, како да продолжи да се развива, а единствениот кандидат е господинот Радичевски наспроти асетот на Али Ахмети и на ДУИ. Него не му е до Брвеница, него му е до високата политика, како шефот Али Ахмети повторно да го врати во игра на македонската политичка сцена“, рече Пренџов и додаде: ,,Клучната работа за изборите е да, сите оние коишто и мислат добро на Брвеница, пред се оние што живеат во Брвеница, независно од етничката припадност, полот, верската припадност, застанат позади господинот Радичевски, со цел Брвеница да продолжи да се развива. Али Ахмети е еден ретрограден политичар, еден човек којшто доколку не скара помеѓу себе граѓани на основи коишто се одамна надминати, тој нема што да каже во политиката“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter