3МНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдата
МакедонијаМомче каснато од змија отровница, надлежните апелираат на внимателност Покрај непријатните средби, зачестуваат и каснувањата од змии во урбана средина. Двајца граѓани каснати од отровници во Скопје.Првиот случај е во близина на скопска кафеана покрај Вардар, а вториот и посвеж случај е во центарот за обука во Идризово, каде младо момче и иден полицаец бил нападнат од змија за време на тестирањата, за среќа и првиот и вториот случај се завршиле без посериозни последици, велат од итната медицинска помош. -Ова е каснување од змија во центарот за обука во Идризово, оние што се идни полицајци, кога одат на тестирање, помлад пациент, за среќа со полесни последици, веднаш е однесен и примил серум антивиперин, однесен е на инфективна клиника, без некакви потешки последици за понатамошното здравје. Да, од отровница е каснат.- Ѓорѓи Карамановски – Специјалист по медицина/Итна медицинска помош За каква змија точно станува збор не е познато, но според експертите во областа веројатно каснувањето е од поскок, бидејќи од отровниците единствено тој може да се забележи во градските средини, за разлика од шарката, која живее во планинските предели. Богољуб Стеријевски, експер во областа вели ниту една змија во земјава не е опасна по живот доколку соодветно се постапи, а најбитна од се по несакана средба е смиреноста, а објасни и како да се препознае дали каснувањето е од отровна змија. -Има доволно време да се отиде до најблискиот медицински центар, немаме ние змии каде што во други земји во светот каде што во неколку минути или часови би зависел нашиот живот. Кај поскокот, најважно е да останеме смирени затоа што секоја возбуда ја забрзува работата на срцето, а со тоа се дистрибуира отровот многу побрзо низ нашето тело. Неговиот отров е хемотоксичен и делува на крвта и крвните елементи, ги разложува крвните садови, па оттаму се јавуваат и веднаш отоци на местото на каснување. По минута две се забележуваат првите знаци на интоксикација, а веќе 10 минути подоцна се забележува отоко на местото каде што сме каснати. - Богољуб Стеријовски – Херпетолог Се почести се видувањата на змиите, но и реакциите на инситуциите... Сепак според Стеријовски нема повеќе змии, туку има високи температури кои им го ограничуваат движењето, па повеќето од нив излегуваат кога е посвежо и затоа се и позабележителни. -Не станува збор за наезда, како што пишуваат некои портали, туку станува збор за појавност. Причината за овој месец сега е затоа што во последниве 10тина дена имаме екстремно високи температури кои надминуваат 35 степени со тоа што го ограничува активниот период на змијата во текот на денот. Затоа излегуваат наутро и навечер и луѓето почесто ги гледаат и излегува дека има повеќе змии. Што се однесува до препораките, при каснување, да не се пие вода, да не се движи и да се остане смирен, за да биде посмирена и циркулацијата на крвта и прогресот на отровот. Она што е ново, е дека не треба да се подврзува над каснатото место, бидејќи во паника може да се стегне премногу бидејќи запирањето на крвотокот може да доведе и до последици по животот. Во земјава има 16 видови на змии, а 5 од нив се отровни. Станува збор за шарката, остроглава шарка, длабокочелен смок, мајча змија и поскокот кој има најсилен отров. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00
ЖивотКрадци во Франција сокриле скапоцен дијамант во јаболко: Го пронашла гладна собаркаРедок розов дијамант ќе биде изложен во Франција за првпат откако бил украден пред речиси точно сто години – што е и последниот пат кога бил прикажан пред јавноста.Кражба од пред еден век Скапоцениот камен од девет карати, во форма на круша, познат како „Гранд Конде“, бил украден за време на ноќен упад во замокот Шантили во октомври 1926 година. Крадците го сокриле во издлабено јаболко. Дијамантот – еден од ретките кралски скапоцености што ја преживеале Француската револуција – бил пронајден неколку недели подоцна, кога една гладна собарка во хотелот каде што престојувале крадците, каснала токму од тоа јаболко. Нова изложба во музејот „Конде“ Дијамантот ќе биде изложен во музејот „Конде“ во замокот Шантили до 3 јануари. Директорот на музејот, Матје Делдик, истакнува дека иако приказната за јаболкото можеби звучи неверојатно, таа била опширно пренесена во тогашните весници. Делдик одби да му открие на Си-Ен-Ен на која сума е осигуран дијамантот, но напомена дека биле спроведени опсежни научни истражувања за неговите карактеристики, со цел да се овозможи негова единствена идентификација. Изложбата ги вклучува резултатите од оваа анализа, како и претходно непознати архивски материјали што детално ја прикажуваат историјата на дијамантот и неговата кражба. Ретки розови дијаманти Природните розови дијаманти се исклучително ретки и често се продаваат за десетици милиони долари. Според податоците на аукциската куќа „Сотбис“, највисоката цена постигната за еден таков дијамант на аукција изнесувала 71,2 милиони долари, во 2017 година. Точното потекло на дијамантот „Гранд Конде“ сè уште е непознато. Според информациите од замокот Шантили, тој за првпат се споменува во 1740 година, во пописот на имотот на Луј Анри де Бурбон, принцот од Конде. Извор: Индекс.хрТагови: дијамант Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈон Фрчкоски на „Кавга со Иван“Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Јон ФрчкоскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!За неа, светскиот рекорд е не само признание за знаењето, храброста и истрајноста на спелеонуркачите, туку и реална можност за меѓународна афирмација на македонското културно наследство како исклучително.Претседателката вчеравечер се сретна со учесниците во меѓународната експедиција „Врело 2026“ и членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, кои ја информираа за текот на експедицијата и за историскиот успех со кој пештерата Врело во кањонот Матка, со истражена длабочина од 338 метри, стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек. Таа им честиташе за извонредниот подвиг, истакнувајќи дека Врело е природен феномен што ги разгорува истражувачкиот дух и љубопитноста за откривање на тајните на природата. За неа, светскиот рекорд е не само признание за знаењето, храброста и истрајноста на спелеонуркачите, туку и реална можност за меѓународна афирмација на македонското културно наследство како исклучително. Спелеонуркачите ја запознаа претседателката со предизвиците со коишто се соочиле за време на нуркачкиот подвиг, необичните сознанија за подводниот свет на Врело, како кристално чистата вода и умерената температура од петнаесетина степени, новооткриените два канали и над 150 метри нови големи ходници. Според учесниците во уникатниот подвиг, Врело е раскошен и мистериозен природен феномен со волшебна привлечност, една од досега најинтересните подводни пештери за нив. Тие ѝ изразија благодарност за прифатеното генерално покровителство, истакнувајќи ја неговата важност за успешната реализација на експедицијата. Претседателката им посака успех во идните подвизи и изрази убедување дека нивниот успех е инспиративен за многу други спелеонуркачи.Тагови: Врело Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter