Молк од Софија за иницијативата на ЕУ за средба Радев-Сиљановска на самитот на НАТО во Хаг - Канал 5

Молк од Софија за иницијативата на ЕУ за средба Радев-Сиљановска на самитот на НАТО во Хаг

Молк од официјална Софија по иницијативата за средба меѓу Сиљановска и Радев на маргините на јунскиот НАТО Самит во Хаг.

Молк од Софија за иницијативата на ЕУ за средба Радев-Сиљановска на самитот на НАТО во Хаг

Бугарскиот пртседател Радев денеска се појави во јавноста каде присуствуваше и се обрати на прослвата за Денот на светите Кирил и Методиј но не во Рим, туку во Благоевгад... изјави за медиумите во кои би можел да открие дали бугрската страна ќе ја прифати предложената средба немаше.

Според поранешниот дипломат Ристо Никовски, Софија нема да си дозволи да ја одбие понудената средба во Хаг, но вели дека нема големи очекувања од неа и смета дека бугарската страна нема да отстапи од своите позиции. Пораките од Калас упатена по вчерашната средба со Мицоски пак, ги оцени како потврда на јасните укажуавња од Антонио Кошта, но со помека реторика.

„Излез од кор-сокакот во кој се наоѓаме не се најавениоте средби и разговори со бугарската страна бидејќи тие илјада пати ни порачаа што мислат и треба да бидеме уверени дека Софија нема ни милиметар да ги промени своите ставови, меѓутоа ние мораме да ги направиме овие чекори за да докажеме и покажеме пред светот дека правиме обиди. Тие не можат и не смеат да ги одбиваат средбите зошто ќе покажаат некооперативност, ама треба да бидеме наивни да веруваме после сите изјави дека нема македонски јазик, македонска нација и македонска историја, а тоа се веков политики кои нема сега да се променат. Такво решение апсолутно не е возможно бидејќи Бугарија нема никогаш да прифати одложено дејство на уставните промени. Дали ќе стапат на сила сега или после 5 или 10 години тоа ништо не менува, ќе почнат сите нивни барања во текот на преговорите и ќе поставуваат Услови на секое поглавје и преговорите нема никогаш да завршат“-– Ристо Никовски, поранешен амбасадор.

На сличен став е и екс амбасадорот Ѓорги Филипов. Смета дека бугарската страна ќе прифати средба во Хаг, но дека таа ќе заврши без конретен епилог. Но за разлика од Никовски, Филипов смета дека посојат моќжи решенија и оценува дека е добро што и Унијата активно се вклучува во нивно изнаоаѓање.

„ЕУ тргна во некаква офанзива како што кажа Калас, ќе го искористи состанокот на НАТО самитот во хаг да направи посебна средба меѓу премеирот или напи преставници со сите останати да се разјасни тоа прашање. И можеби ќе има средба но не верувам дека таа ќе биде осмислена и дека на неа ќе се донесе некаков заклучок, а ако тој (Радев) ја одбие ќе биде погрешен дипломатски потег. Има уште планови, планот е А но има многу варијанти како да се постигне и терба да ги бараме, а мислам дека веќе и ЕУ почна да ги бара“– Ѓорги Филипов, поранешен амбасадор.

Премиeрот Мицкоски најави дека македонската страна ќе биде добро подготвена за евентуалната средба со бугарските претставници во Хаг и дека очекува на неа и да бидат соочени аргументите на двете страни. А серијата посети на високи еврпски претставници во земјава ги оцени како јасна порака од Унијата дека и понатаму останува зад евроинтегративниот пат на земјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

14.440 евра без докажано потекло пронајдени во возило кај Бучим, 35-годишник заврши во притвор

Полицијата пронашла 14.440 евра во различни апоени при преглед на автомобил на магистралниот пат Радовиш–Штип, по што бил лишен од слобода 35-годишен жител на Бучим.

14.440 евра без докажано потекло пронајдени во возило кај Бучим, 35-годишник заврши во притвор

Полициски службеници пред два дена запреле возило„ауди“, управувано од 35-годишник од село Бучим, за кого претходно била изречена мерка на претпазливост –за кривично дело поврзано со неовластено пуштање во промет на наркотични дроги.. При прегледот на возилото возачот не приложил доказ за нивното потекло. По насоки на Јавното овнителство, осомничениот бил изведен пред судија во Основниот суд Гевгелија, кој му определил 30-дневен притвор, а потоа бил спроведен во „Затворот Скопје“.

Тој се сомничи за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граѓаните сериозно ги сфаќаат препораките, зголемена потрошувачка на средствата против комарци

Стравот од комарците ги празни рафтовите со репеленти и спрејови против инсекти во скопските аптеки. 

Граѓаните сериозно ги сфаќаат препораките, зголемена потрошувачка на средствата против комарци

Дел од фармацевтите за Канал 5 потврдуваат дека средствата за заштита периодов се продаваат како алва. Граѓаните велат дека по комарниците на прозорците и вратите токму спрејот е еден од поефикасните начини да се заштитат од убодите на комарците кои можат да го пренесат вирусот Западен Нил.

По вториот смртен случај, кај дел од нив е зголемена и загриженоста, но некои повеќе стравуваат за децата.

Иако кај многу мал број на луѓе оваа инфекција може да се манифестира со тешка форма, најчесто кај повозрасни луѓе со хронични болести, тоа не значи дека не може да се јави кај деца. Случаи со западно нилска треска која и кај мало предизвикала воспаление на мозокот сме имале во изминатите години, потврдуваат педијатрите.

Разликата е дека претходно Западен Нил „се увезуваше“ од странство, најчесто од Грција, а сега, инфекцијата е присутна и на наше тло.

Сите случаи на западно нилска треска кај нас се потврдени кај лица над 60 годишна возраст кои имаат коморбидитети. Досега овој вирус за една недела зеде два човечки животи, а според официјалните информации од Клиниката за инфективни болести, седум луѓе се на респиратор и се борат за живот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одговорноста за функционирањето на водоснабдителниот систем во Гостивар е во надлежност на локалното јавно претпријатие

Одговорноста за функционирањето на водоснабдителниот систем во Гостивар е во надлежност на локалното јавно претпријатие, и од овој момент па натаму грижата е целосно кај Водовод во Гостивар, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговорноста за функционирањето на водоснабдителниот систем во Гостивар е во надлежност на локалното јавно претпријатие

Институциите на централната власт, според него, презеле низа мерки за надминување на кризата со водата, а како Владата, водата ја прочистиле за неполн месец. За обвинувањата на опозицискиската СДСМ дека власта е одговорна за загадувањето на водата за пиење, Мицкоски рече дека градоначалникот на Гостивар е кадар што на последните избори бил поддржан од СДСМ.

-Јавното претпријатие има свое раководство. Раководството го поставува градоначалникот, а градоначалникот беше поддржан на вонредните избори од СДСМ. Затоа вие нема да слушнете од страна на СДСМ – одговорност од градоначалникот бидејќи тој е нивен кадар, туку ќе слушнете дека бараат одговорност од таму каде таа одговорност ја нема туку, напротив, од страна на Владата ние дадовме се што можевме состојбата да се нормализира како никогаш досега, односно за помалку од 4 недели комплетно е прочистен системот, изјави Мицкоски.

Од СДСМ, пак, прашуваат зошто и по пет недели од здравствената катастрофа во Гостивар досега не одговара никој од власта, а не е објавен, како што велат, ниту еден официјален извештај ниту анализа за водата во Гостивар. Го повикаа државниот обвинител Савески да постапи по кривичните пријави кои СДСМ ги поднесе.

-Доколку јавниот обвинител Ненад Савески се врати од екскурзија прашуваме дали постапи по кривичните пријави поднесени од СДСМ? Дали утврди кој ќе одговара за здравствената катастрофа во Гостивар? Ги повика ли на распит Клековски, Андоновска, Мицкоски, Тошковски? Кој ќе одговара за изјавите дека водата е исправна да се користи како „техничка“ а потоа дека има многу различни бактерии? Зошто досега ниту еднаш не беше објавен јавен документ за анализата на водата во Гостивар, изјави Штерјова од СДСМ.

Премиерот Мицкоски, коментирајќи го случајот со дезинформациите дека водата во Скопје е загадена со ешерихија коли кажа дека Владата имала информации ден претходно дека опозициски партии подготвувале обид за ширење на хистерија преку социјалните медиуми, а паралелно, за лажните вести гледа и комерцијална заднина.

- Јас се надевам дека со новите измени на Кривичниот законик ќе има и казнена одредба за ваквите лица кои свесно создаваат хистерија, односно вршат еден своевиден хибриден напад, создаваат чувство на немир, чувство на страв кај граѓаните. Но, она што мене посебно ме загрижува е мислам дека тука има и некои други, би рекол, повеќе комерцијални обиди, бидејќи за еден ден најненадејно голем дел од маркетите ги испразнија своите резерви на и количини на флаширана вода, Мицкоски.

За ширењето на лажни вести за водата во Скопје досега на разговор во полициска станица се повикани повеќе од 10 лица, но МВР засега нема поднесено пријава против никого. Предмет засега нема отворено ниту Обвинителството од каде велат дека се чека полицијата да утврди дали во конкретните случаи постојат елементи за понатамошно постапување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер