Молк од МНР по информациите за одбиениот предлог Теута Арифи да биде амбасадор во Турција - Канал 5

Молк од МНР по информациите за одбиениот предлог Теута Арифи да биде амбасадор во Турција

Молк по информациите во некои медиуми, дека поранешната градоначалничка на Тетово Теута Арифи, не добила одобрение од властите во Анкара да биде наш нов амбасадор во Турција. 

Молк од МНР по информациите за одбиениот предлог Теута Арифи да биде амбасадор во Турција

Молк од Министерството за надворешни работи по информациите за одбиениот предлог Теута Арифи да биде амбасадор на Македонија во Турција. Канал 5 побара официјален став од МНР и лично од поранешната градоначалничка на Тетово, но не доби одговор дали е точно дека по Вашингтон и Брисел, и Анкара не одобрила агреман за неа.

Повикувајќи се на сигурни извори, весникот Коха пишува дека Владата и МНР имале трет обид да ја испратат Теута Арифи во дипломатска мисија, но наводно добиле експресен одговор од Турција- дека акредитивните писма на амбасадорот нема да бидат одобрени.

Пред само два дена медиумите пишуваа дека Арифи не го помина филтерот на Европската Унија за амбасадор во Брисел, но по неколку часа се огласија од МНР од каде демантираа и кажаа дека се работело за шпекулација. Нивното образложение е дека Македонија досега воопшто не испратила предлог до ЕУ за да добие агреман, бидејќи се уште немало усогласено решение.

Останува непознато дали Арифи била одбиена од Претседателот Пендаровски кој дава согласност по предлог на Владата. Од Вила Водно за Канал 5 велат дека

„ Претседателот дава согласност согласно проценките и неговите надлежности во надворешната политика. Имињата на кандидатите, како и претставништвата за кои се даваат предлози не се објавуваат сè до завршувањето на постапката за упатување, согласно Законот за надворешни работи.“

Од друга страна лидерот на ДУИ Али Ахмети пред еден месец потврди дека Арифи е предлог за амбасадор, бранејќи ја пред медиумите дека неговата сопартијка има долгогодишно искуство и може да помогне во дипломатијата.

„Арифи беше заменик премиер за евроинтеграции, го познава процесот на интеграција. Проценивме дека госпоѓата Арифи може да даде придонес, поради нејзиното искуство, односи коишто ги имала преходно и во регионот и со Европската Унија. “

Откако почна да се споменува името на порамешната градоначалничка на Тетово за предлог-амбасадор на Македонија, реагираа опозициските политички партии. ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците оценија дека е навредливо и скандалозно ако функционерката од ДУИ се постави на амбасадорско место во странство да ја претставува државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разбојници ограбиле музеј во катедрала во Италија- влегле низ прозорецот на тоалетот

Крадци синоќа го ограбиле музејот на катедралата во Пјаченца, Италија, и избегале со пленот. 

Разбојници ограбиле музеј во катедрала во Италија- влегле низ прозорецот на тоалетот

Разбојниците влегле во зградата на Виа Превостура низ прозорец од тоалетот, а целата операција траела само 90 секунди, што сугерира дека крадците точно знаеле што бараат. Алармот се огласил предоцна, пишува Раи њуз.

Целта на кражбата била витрина со заветен накит. Украдени се околу двесте предмети, прстени, ѓердани и нараквици, кои верниците ги дале како знак на благодарност за услишените молитви. Иако првично штетата била проценета на 50 илјади евра, новите проценки укажуваат на вредност што би можела да достигне милион евра. Точната сума сè уште се утврдува.

Истрагата ја водат карабињерите, на кои им помага одделот за заштита на културното наследство од Болоња. Истата ноќ, катедралата Корпус Домини била провалена, но полицијата брзо интервенирала таму. Уапсени се двајца мажи, а украдените предмети биле вратени. Истражителите сега истражуваат дали постои врска помеѓу двата случаи.

„Чувствуваме голема горчина. Значењето на украдените предмети е неизмерно поголемо од нивната материјална вредност“, рече Мануел Ферари, директор на Музејот Кронос. „Станува збор за заветни дарови што верниците ги оставиле од благодарност“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во експлозијата во училиште во Авганистан загинаа 10 ученици, 110 се повредени- објавени се официјални податоци

Десет лица загинаа, а 110 други се повредени во експлозија во основно и средно училиште во покраината Кунар во источен Авганистан, соопштија официјални лица.

Во експлозијата во училиште во Авганистан загинаа 10 ученици, 110 се повредени- објавени се официјални податоци

Десет лица загинаа, а 110 други се повредени во експлозија во основно и средно училиште во покраината Кунар во источен Авганистан, соопштија официјални лица, додавајќи дека несреќата најверојатно е поврзана со блискиот магацин за експлозиви.

Директорот за култура и информации на покраината Кунар, Сами ул Хак Бајан, изјави дека првичните информации укажуваат дека експлозијата во училиштето на периферијата на главниот град на покраината Асадабад е предизвикана од небрежност во магацин во кој се складираат експлозиви што им припаѓаат на рударски компании, објави Ал Џезира.

Тој рече дека истрагата за инцидентот е во тек.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Абдул Матин Кани, изјави дека бројот на жртви се искачил на 10, а 110 лица се ранети.

Снимките од болничкото одделение покажуваат повредени деца, од кои неколку имале преврзано глава.

Портпаролот на полицијата на покраината Кунар, Фарид Дехкан, изјави дека експлозијата се случила во саботата во 10 часот по локално време во училиште во областа Андар Сер на периферијата на Асадабад.

Снимките од училиштето покажуваат дека дел од зградата се срушил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тест за безбедност на 10 нови автомобили- резултатите изненадуваат, Шкода со одлични оценки

Десет нови автомобили беа тестирани во најновата рунда тестови за безбедност на Euro NCAP, а резултатите донесоа неколку изненадувања. 

Тест за безбедност на 10 нови автомобили- резултатите изненадуваат, Шкода со одлични оценки

Шкода постави нов рекорд, BMW и Mercedes покажаа одлични резултати, додека Nissan беше единствениот што не успеа да ги постигне максималните пет ѕвездички.

Најголемиот успех го постигна Škoda Peaq, новиот електричен SUV од чешкиот производител, кој постигна 94 проценти за заштита на патниците за време на судир. Ова е најдобриот резултат постигнат од кој било автомобил според новите правила на Euro NCAP воведени на почетокот на 2026 година.

Peaq освои максимални поени на неколку тестови за фронтален и страничен удар. Сепак, резултат од 65 проценти во категоријата безбедно возење покажува дека дури и носителот на рекордот не е без недостатоци.

Mercedes-Benz GLE се покажа како најдобар во спречувањето на несреќи, со 87 проценти поени во таа категорија. SUV-от на Mercedes веќе ги исполнува барањата за пет ѕвезди според дополнително заострените критериуми што стапуваат на сила во 2027 година.

BMW X5, исто така, забележа одличен резултат. Неговиот систем за препознавање на ограничувањето на брзината правилно ги чита знаците во 91 процент од времето за време на возење низ Шпанија, Италија и Франција. Кога точноста се мери со километража, стапката на успех достигнува 97 проценти.

Кинеските производители, исто така, покажаа сериозен напредок. GWM ORA 5 постигна 91 процент за заштита од судир, додека GWM H7 и три модели на Lepas добија максимални пет ѕвездички. Lepas L6 и L8 PHEV возилата особено се издвоија со 95 проценти за безбедност по судир.

Како се рангирани сите 10 автомобили?

Škoda Peaq: 5 ѕвезди, 94% за заштита од судир

Mercedes-Benz GLE: 5 ѕвезди, 90%

BMW X5: 5 ѕвезди, 87%

GWM ORA 5: 5 ѕвезди, 91%

GWM H7: 5 ѕвезди, 88%

Lepas L4: 5 ѕвезди, 90%

Lepas L6: 5 ѕвезди, 87%

Lepas L8 PHEV: 5 ѕвезди, 87%

Kia Seltos: 5 ѕвезди, 84%

Nissan Leaf: 4 ѕвезди, 78%

Nissan Leaf беше единствениот автомобил во тестот што не доби оценка од пет ѕвезди. Новиот електричен модел доби оценка од 58% за избегнување судир, првенствено поради недостатокот на стандардни радари за предни кривини. Исто така, нема централно воздушно перниче како стандард, иако е достапно како опција.

Важно е да се напомене дека дадените проценти претставуваат резултати во категоријата заштита од судир, а не целокупна безбедносна оценка. Почнувајќи од оваа година, Euro NCAP конкретно ги оценува безбедното возење, избегнувањето несреќи, заштитата од судир и безбедноста по несреќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер