3Вандализам на Шар Планина: Уништена зимската маркација од проектот „Славков“ на патеката Попова Шапка – Титов Врв
Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
2Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
3Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
СветМолдавскиот тајкун Плахотњук осуден на 19 години затвор поради финансиски малверзацииСудот во Кишињев денеска го осуди молдавскиот тајкун Владимир Влад Плахотњук на 19 години затвор поради финансиски малверзации, банкарски измами, перење на пари и за злосторничко здружување.Обвинителството бараше затворска казна од 25 години за Плахотњук. Тој има право на жалба на денешната пресуда. Против Плахотњук се води и истрага за фалсификување на документи односно имал 18 лажни документи, што укажува дека користел различни идентитети. Плахотњук од 2016 година беше претседател на Демократската партија на Молдавија, но откако во 2019 година не успеа да формира влада, побегна од земјата. Неколку години не се знаеше каде престојува, а во јули минатата година е уапсен во Грција, а од септември е во затвор во Молдавија. Тој се декларираше за проевропски политичар, но обвинет е и дека учествувал во проруски кампањи за време на избори и се обидувал да го попречи европскиот пат на Кишињев. Се проценува дека Плахотњук преку банкарски измами присвоил најмалку 850 милиони евра, што е една осмина од бруто домашниот производ на Молдавија. Вашингтон во 2020 година го прогласи молдавскиот тајкун за „персона нон грата“ од Вашингтон, а две години подоцна е ставен на црната листа и на СаД и на Велика Британија. Бизнис империјата на Плахотњук вклучуваше нафта, финансии, хотели, медиуми и недвижности, а беше и сопственик на една од најголемите банки во Молдавија, „Викторија банка“. Тагови: Плахотњук Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИстиот познат вкус, со освежен изгледСкопско го претстави освежениот изглед на своите етикети и новиот Скопско муралСо одлична енергија и супер дружење во препознатлив шмек, СКОПСКО го одбележа освежувањето на изгледот на своето портфолио со отворен настан на 20-ти август, во Дебар Маало, на кој се собраа сите пријатели и љубители на СКОПСКО. Освежениот изглед на етикетите ја задржува длабоката врска со традицијата и клучните симболи што го дефинираат брендот низ децениите и истовремено воведува современ израз, што е прилагоден на времето што доаѓа. Како дел од прославата присутните имаа можност да го видат уникатниот СКОПСКО мурал, потпишан од уметникот Драш и специјалната СКОПСКО фонтана, која донесе вистинско, но и визуелно освежување. За спектакуларната завршница на настанот беа задолжени дечките од Дупер, кои со својот енергичен настап ја кренаа атмосферата на следно ниво и ја затворија оваа незаборавна вечер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо вторник во владата ќе се носи одлуката што точно ќе содржи училиштата кошничкаУчилишна кошничка со попуст до 15 % - чии состав и крајна цена ќе се разликуваат од книжарница до книжарница во зависност од изборот, квалитетот и брендот – ова е предлог одлуката која министерството за економија ќе ја достави до владата. Одлуката е направена во консултации со трговците на големо и мало кој продаваат училишен прибор. Од ресорното министерство појаснуваат дека кошничките ќе бидат јасно означени и поставени на видно место во книжарниците со прецизно наведен состав и цени на производите, а попустот до 15 % ќе се пресметува директно на каса и ќе биде прикажан на фискалните сметки... Премиерот Христијан Мицкоски и денеска повтори одлуката ќе биде донесена во вторник на владина седница, а веќе, како што рече, по ова прашање во рамки на Владата имало согласност. „Ние имаме во рамките на Владата согласност на следната владина седница во вторник да донесеме таква одлука со која ќе се формира училишната кошничка и мислам дека во рамки на можностите сето тоа ќе биде атрактивно за родителите и учениците така што во вторник тоа ќе се донесе како одлука....“ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Граѓаните оптимисти очекуваат најавената кошница да донесе значително пониски цени, бидејќи велат секогаш пред старот на училишната година цените растат, а голем дел од семејствата се со ниски примања и тешко може да ги купат макар и основните работи... „Јас како професор на универзитет мислам дека треба да има попуст за образованието. И не се како со квалитет како што беа порано и мислам дека треба да има ... “ „Имам помал брат и сум упатена. Мислам дека да се бара малку повеќе од нив и сепак е тоа основно училиште и некој работи за основни потреби треба да се подостапни и има луѓе кои имаат пониски примања и некој основни рбаоти не треба да се толкав трошок.“ „Мислам дека треба да има и попуст а мислам дека може и секоја општина да изводвои од својот буџет и барем за првачињата конкретно основните работи ранците и приборот да бидат бесплатни. “ Од друга страна, лидерот на опозицијата Венко Филипче смета дека највената кошничка ќе биде само како што вели уште еден ПР трик од кои граѓаните нема да имаат никаков бенефит. „Според досегашната пракса нешто што може да констатираме е дека повторно ќе излажат и нема да излезат во пресрет со никаква мерка. Гледам дека чето целокупниот наратив е да се споредува тоа што сега се случува со 2021 година....“ - Венко Филипче – претседател на СДСМ. И додека се чека конечната одлука за училишната кошничка, според пресметките во моментов за основен прибор, како тетратки, моливии, гуми, блок, боици, како и ранец потребни се минимум 5 илјади денари. Само ранец во актуелните понуди може да се најде по цени од 1 300 па се до 5 000 денари. Тетратки 15 денари до 250 денари Молив 20 денари до 150 денари Гуми и острилки 20 денари до 150 денари Сет линијари 200 денари до 300 денари Футрола за училишен прибор 400 денари до 1.200 денари Блок 60 денари до 100 денари Боици 140 денари до 700 денари Ранец 1.300 денари до 5.000 денари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВандализам на Шар Планина: Уништена зимската маркација од проектот „Славков“ на патеката Попова Шапка – Титов ВрвПовеќе од 45 од вкупно 112 поставени столбови се уништени, оштетени или отстранети. Причинета е голема финансиска штета, но последиците би можеле да бидат многу посериозни. Со големо разочарување ја информираме јавноста дека значителен дел од новопоставената опрема за зимска планинарска маркација на патеката Попова Шапка – Титов Врв, долга приближно 11 километри, е уништен, оштетен или отстранет. Директна финансиска и морална штета Зимската маркација беше дел од проектот „Славков – Маркација на планинарски патеки во Македонија“, финансиски поддржан од амбасадите на Австрија, Чешка и Словачка, како и од Скопска Пивара, а имплементиран и финансиски поддржан од компанијата Одржливи Авантуристички Патувања и Организацијата за одржлив развој САТ Скопје, во соработка со Планинарската федерација на Македонија (ФПСМ). Зимската маркација беше поставувана во периодот од ноември 2025 година до крајот на јули 2026 година, со учество на повеќе од 25 локални волонтери и мали бизниси од општините Тетово и Боговиње, кои во исклучително тешки планински услови вложија значителен број работни часови во транспортот, подготовката и поставувањето на опремата. Финансиската вредност на штетата се проценува на најмалку 8.000 евра (500.000 денари). Но, ова не е само материјална штета. Зад уништената опрема стои нешто многу поважно – трудот на луѓето кои работеа за Шар Планина да биде побезбедна и подобро подготвена за планинарите и локалните заедници. Уништувањето директно ја загрозува безбедноста на планинарите и го попречува локалниот развој. Во услови на снег, магла, силен ветер и намалена видливост, летната маркација честопати е покриена или воопшто не е видлива. Тогаш зимските столбови претставуваат клучни точки за ориентација и следење на безбедната рута. Кога маркацијата исчезнува, не исчезнува само еден столб. Исчезнува точката што може да му покаже на човекот каде да продолжи кога планината околу него повеќе не е препознатлива. Столбовите на зимската маркација се означени со црвена и жолта боја бидејќи овие бои обезбедуваат најсилен визуелен контраст на зимски терен – практика што се применува во многу европски планински региони и е застапена и во националните правила за планинарски патеки. Уништувањето на планинарската маркација воедно претставува уништување на туристичка инфраструктура неопходна за развојот на планинскиот и активниот туризам. Тоа директно се спротивставува на целта на Националниот парк Шар Планина и локалните општини, прекрасната Шар Планина да ја направат атрактивно, одржливо и безбедно место за посетителите, кое ќе придонесува за локалниот економски развој и ќе биде од корист за селата во околината. Уништувањето дополнително ги доведува во прашање меѓународниот ангажман и поддршка. Случајот е пријавен во Полициското Станица Попова Шапка. На 19.08.2026 година, стручен тим на полицијата, во присуство на претставници на Националниот парк Шар Планина, изврши увид на теренот и ги документираше локациите на кои беше утврдено оштетување и отстранување на опремата. Очекуваме надлежните институции да ги утврдат сите околности и да постапат согласно со закон, со сериозни последици за оние што го сториле ова кривично дело. Ова е штета за целата планинарска заедница, за Националниот парк Шар Планина, за планинарите, туристите, водичите, спасувачите и за сите што ја користат планината. Затоа, апелираме до сите посетители да ја почитуваат и заштитуваат планинарската инфраструктура и секое оштетување или отстранување на маркацијата да го пријават кај надлежните институции. Им благодариме на волонтерите, донаторите, институциите, компаниите и поединците кои помогнаа во реализацијата на проектот, како и на планинарите кои навремено го забележаа и пријавија уништувањето. Планинарската маркација не е само столб или знак. Во услови на снег, магла и невреме, таа може да ја направи разликата помеѓу безбедното враќање и губењето во планината, што може да заврши со сериозни и несакани последици. Здружение за Одржлив Развој САТ – СкопјеТагови: Шар Планина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05