Русики дрон удри во украински воз кратко откако Борис Џонсон, Карл Билд и високи европски претставници ја напуштија станицата
2Русики дрон удри во украински воз кратко откако Борис Џонсон, Карл Билд и високи европски претставници ја напуштија станицата
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
2Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
3 Осаменоста го менува мозокот и ја зголемува желбата за алкохол? Научници открија изненадувачки механизам
ЗабаваМоќта на шминката – за само неколку часа од баба се претвора во убава тинејџеркаЕдна инфлуенсерка на Тикток, која себеси се нарекува Принцезата Глитерхед, (Светка) ги шокираше своите придружници на оваа социјална мрежа со својата трансформација на лицето. Имено, оваа жена за себе вели дека без шминката и вештачките заби изгледа како нејзината баба, но кога на сопственото лице ќе ги примени техниките за шминкање на вистинските мајстори, за само неколку часа се претвора во убава тинејџерка. А, за да изгледа привлечно и заносно, таа става навлаки со неколку бисерно бели вештачки заби, а потоа стручно се шминка додека не се „претвори“ во девојка. Својата прилично лоша и уништена коса ја надополнува со прамени, па така добива бујна фризура како да била во најдобриот фризерски салон. Глитерхед на ТикТок ја следат над 500.000 фанови, кои секогаш се шокирани од нејзината умешност да се дотера. Коментарите, сосема очекувано, се поделени. Еве како изгледа нејзината трансформација: @princxssglitterhead Let me prove it to you🤗#getreadywithmechallenge #toothlessprincess #snapindentures #catfishqueen #withorwithoutmakeup #imperfect #CinderellaMovie ♬ Oh No - Kreepa изворКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисЗверев на тронот во Њујорк за втора Грен слем крунаГерманскиот тенисер Саша Зверев го освои Ју-Ес Опен, триумфирајќи во финалето над Бен Шелтон – 6:3, 7:6 (2), 5:7, 6:2.Со победата во Њујорк, Зверев ја освои втората Грен слем титула во кариерата, по онаа освоена во Париз оваа година. Ова беше негово второ финале во Њујорк во кариерата. Пред шест години загуби од Доминик Тим, иако водеше со 2-0 во сетови. На патот до трофејот, Зверев ги победи и Лоренцо Сонего и Квентин Алис – и двајцата по пет сета – како и Алехандро Табило, Лучано Дардери, Ботик ван де Зандшулп и Карен Хачанов со максимален резултат. Најдобриот резултат во кариерата на Шелтон на Грен слем турнирите ќе му донесе највисок пласман во кариерата – четвртото место – почнувајќи од понеделник. HE DIDN'T REALIZE HE'D WON 🏆 Alexander Zverev exorcises his 2020 demons and defeats Shelton 6-3, 7-6, 5-7, 6-2 to win his first US Open title! https://t.co/f0Cnl2xvgI — US Open Tennis (@usopen) September 13, 2026 „Сè до оваа година не освоив ниту една титула, а сега освоив две во истата година. Мислам дека Бог виде колку напорно работевме и низ каква болка поминавме. 2026 година е резултат на сите претходни години. Ви благодарам на сите; немаше да бидам овде без вас. Сакам да ѝ се заблагодарам и на уште една личност која никогаш не ги гледа моите натпревари – тоа е најважната личност во мојот живот. Кога на четиригодишен син ќе му дијагностицираат дијабетес, потребна е силна мајка за да излезе од таа ординација и да каже: ’Мојот син ќе биде она што сака да биде; ако сака да биде тенисер, ќе биде тенисер‘. Среќен сум поради она што го правиме. Мајка ми е најважната и најсилната личност што ја познавам; потребна е навистина силна личност за да се направи она што го направи таа“, рече емотивниот Зверев во шампионскиот говор.Тагови: Зверев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во КочаниДенеска во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со вкрстено испрашување од одбраната на тимот градежни вештаци, кои го изработиле градежното вештачење на обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00
СветРусики дрон удри во украински воз кратко откако Борис Џонсон, Карл Билд и високи европски претставници ја напуштија станицатаРуски дрон удрил воз во близина на украинско-полската граница, кратко откако поранешниот британски премиер Борис Џонсон и поранешниот премиер на Шведска Карл Билд и високи европски безбедносни претставници поминале низ неа.Нема информации за жртви по ударот кај Јаходин, во кој беше погодена локомотивата на возот. Сите патници се евакуирани, соопштија украинските власти. Билд,Џонсон и други европски советници за национална безбедност, вклучувајќи го и британскиот советник Џонатан Пауел, поминале по истата линија во друг воз на враќање од конференција во Киев. Русија соопшти дека погодила „железничка инфраструктура“ во западна украина, но украинската државна железничка компанија соопшти дека „сосема е можно целта на овој дрон да бил дипломатскиот воз“. Поранешниот шеф на ЦИА, Дејвид Петреус, кој во времето на нападот се наоѓал во друг воз на станицата Јаходин, рече дека инцидентот бил „застрашувачки“. Возот „ја напуштил станицата порано од очекуваното поради промената на возниот ред... Поради постојаните закани за руски напади“.исто така, се наведува дека наредба за евакуација на патниците во погодениот воз била дадена „само 15 минути“ пред нападот од страна на руски дрон со млазен погон.украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха рече дека „варварските напади“ на украинско-полската граница во Јаходин се еднакви на „терористичко тропање директно на вратите на ЕУ и НАТО“„Тагови: дрон русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter