Манасиевски: Филипче и СДС лажат, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ и не можела да биде спречена да влезе во Македонија
1Манасиевски: Филипче и СДС лажат, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ и не можела да биде спречена да влезе во Македонија
ЗабаваМоќни совети од Сигмунг Фројд: Што треба да направат мажите за да го остварат својот потенцијалЛичниот раст бара соочување со болката.Познатиот австриски психијатар Сигмунд Фројд, кој се смета за „татко на психоанализата“, додека ги испитувал аспектите на човечката психа, дошол до многу интересни согледувања. Тој ги открил симболичните значења скриени во однесувањето, и саморазбирањето го издигна на едно ново ниво. Некои од неговите запазувања и денес предизвикуваат контроверзии, особено кога станува збор за жените. Меѓутоа, кога се применуваат разумно, некои од неговите теории можат да им помогнат на мажите подобро да се справат со анксиозноста, личниот раст, односите и да пронајдат цел, пишува newtraderu.com. Фројд ја пронашол врската помеѓу нашето минато, нагоните и внатрешните борби со одлуките и благосостојбата. Тој се обидел да објасни како постигнувањето рамнотежа и одржливо задоволство бара храбро соочување со нашата болка, противречностите и вистините. Еве ги неговите важни лекции што секој маж треба да ги совлада. Разберете го вашето его, супер его и ИД (стожерот на нашите нагони/импулси) Тој ги издвои овие три компоненти на човечката психа како најважни бидејќи тие го поттикнуваат нашето однесување. Несвесниот ид работи според принципот на задоволство и нè движи кон она што е добро, но без да се грижиме за последиците. Логичкото его ги балансира импулсите на ИД со реалноста, но дејствува преку принципите на реалноста, управува со однесувањето. Морално свесното его или суперегото подоцна се развива за да ги вклучи родителските и општествените вредности и се стреми кон идеална верзија на себеси. Оваа „психичка напнатост“ дава увид во тоа зошто понекогаш се однесуваме контрадикторно или ирационално. Се справувате со анксиозноста преку самосвеста Потиснувањето на емоциите, како што истакнал Фројд, создава внатрешен немир кој се манифестира како анксиозност. Освестувајќи ги чувствата на болка, гнев или сексуалност се бориме против желбите на егото. За да ја совладате оваа техника, потребно е длабоко познавање на себеси преку анализа. Мажите кои учат да ги признаат емоциите наместо да ги потиснуваат, можат да го намалат стресот. Тие можат да го направат тоа преку водење дневник, медитација фокусирана на длабоко размислување и барање доверлив пријател, или терапевт со кого би разговарале за својата ранливост. Личен раст и справување со болката Како што нагласил Фројд, прифаќањето на страдањето е неопходно за личен развој, особено за оние луѓе кои се навикнати на удобност и самозадоволство без надворешен притисок. Тој тврдел дека не можеме да ја цениме радоста ако не доживееме тага. Посилниот пол може повеќе да се потпира на физичкото задоволство отколку на постигнувањето на целта. Меѓутоа, потрагата по површни задоволства дава само привремено ослободување од незадоволството преку избегнување на некои ситуации со кои треба да се соочите, пишува овој портал. Мажите треба да им дадат приоритет на напорите и достигнувањата пред пасивната удобност бидејќи така тие стекнуваат сила да издржат разни неволји и да го зголемат својот потенцијал доживувајќи подлабоко исполнување. Здравите врски бараат емоционална зрелост Работата на Фројд се заснова на разбирање на несвесните нагони и развојните фази во создавањето здрави меѓучовечки односи. Тој нагласува дека совладувањето на сексуалните нагони, препознавањето на нарцисоидните тенденции и правилната грижа за другите во зрелоста е важно и дека тоа е клучот во наоѓањето рамнотежа. На пример, Фројд тврди дека мажите кои не се соодветно одвоени од нивните мајки во младоста се борат да изградат интимност како возрасни. Напредокот кај мажите се огледува во отфрлање на однесувањето како што е дефанзивноста, нечесноста и агресијата, а наместо тоа треба да негуваат слушање, компромис и поддршка во партнерските односи. Развијте увид во вашето минато и мотивации Раното детство длабоко влијае на животот на возрасните. Одбранбените механизми кои најчесто се развиваат во детството за да се справат со емоционални рани или незадоволените потреби ги активираат нашите реакции децении подоцна. Понекогаш дури и суптилните забелешки на наставникот кои имаат особено влијание може да формираат доживотни комплекси кои ја обликуваат самодовербата, самопочитта и способноста за донесување одлуки. Анализата на сеќавањата, соништата и тековното однесување од страна на професионалци или преку дневник може да даде увид во критичните случувања кои предизвикуваат несразмерни емоции. Стремете се кон рамнотежа и смисла во животот Подоцна во својата кариера, Фројд се фокусирал на неопходноста од негување на принципот на воздржаност за да се постигне среќа, бидејќи луѓето никогаш не ги отфрлале агресивните и пријатните желби. Човекот кој нема граници бара доминација над другите и е премногу подложен на хедонизам. Затоа тој нагласил дека е потребно да се најде хоби уште во раната фаза од животот пред да исчезнат амбициите. Тој го балансирал задоволувањето на уметничките и интелектуалните цели со татковството и другите придонеси за општеството. Барањето на сопствените таленти кои можат да донесат задоволство или волонтирањето им дава на мажите најдобрата шанса да се чувствуваат исполнето. Задржете го духот на доживотно учење Фројд практикувал љубопитност секојдневно тренирајќи ја својата моќ на запазување. Луѓето, следејќи го неговиот пример, сфатија дека умот мора постојано да работи и дека учењето практично никогаш не завршува, без разлика колку години имате. Читањето книга, патувањето, новите интелектуални сознанија и искуства можат да го хранат и збогатуваат човечкиот ум. Ваквите навики можат да бидат непроценливи и, според Фројд, укажуваат на тоа дека човечкиот ум е бесконечен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Филипче и СДС лажат, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ и не можела да биде спречена да влезе во МакедонијаВо текот на вчерашниот ден, претседателот Мицкоски го матираше Венко Филипче. Вистината излезе на виделина околу случајот со Алта банка, односно претседателот Мицкоски јасно презентираше документ, а тоа е извадок од Нацрт записник од 194 седница на владата одржана на 24 октомври 2023 година. Тогаш претседател на Владата бил Димитар Ковачевски и на самата седница на владата се отворила темата за Алта Банка АД Белград, односно тогашниот министер за финансии, Фатмир Бесими, излегува со информација во која бара од Владата да му се одобри на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка- Србија. Значи, уште во 2023 година владата на СДС и на ДУИ на владина седница му дале насока на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка со истиот овој сопственик, Давор Мацура. Денес, ќе ми дозволите да разобличиме уште една лага, а таа е за наводите на Венко Филипче и СДС дека Алта банка и нејзиниот сопственик имале некаква забрана за работа во ЕУ. Се што кажа СДС за Алта банка е лага. Не само што Алта банка не била санкционирана од ЕЦБ, туку напротив до самиот чин на нејзино затворање таа имала удел во банка во ЕУ. Токму ова е извадок од официјалната страна на Адико банка од Виена, од кое се гледа дека токму Алта банка поседува 9,63% од акциите на Адико банка. Патем, овој удел Алта банка го поседува и ден денес и се уште е во сопственост на Алта банка Србија. Алта банка влегува во Македонија како банка која што има удели во банка во ЕУ. Осум месеци, откако Алта банка влегла во Македонија, матичната банка од Србија склучува договор со Рајфајзен банка од Виена, која е една од најголемите и најпознатите банки во ЕУ. Алта банка и Рајфајзен банка прават договор дека по преземањето на Адико банка, од страна на Рајфајзен банка истата ќе и ги продаде филијалите на Адико односно на Алта банка во БиХ, Србија и Црна Гора. Еве токму ова е извадoк од нивната веб страница односно од соопштение, а е напишано врз база на одлука на бордот на директори на банката, во кое јасно се гледа, стои во соопштението, Рајфајзен банка на две страни. Оваа одлука е активна се до згаснувањето на Алта банка во Србија, по што истите донесуваат нова одлука по згаснувањето, дека трансакцијата којашто требале да ја направат со Алта банка ја откажуваат, а тоа е токму ова соопштение коешто го изнесуваат, дека Рајфајзен банка ја прекинува соработката со Алта банка. Почитувани граѓани, Со ова, директно се докажува дека македонскиот регулатор и институции, немале апсолутно никаква можност да забранат Алта банка да влезе во Македонија, затоа што истата не само што не била забранета во ЕУ, туку била дел од сопственичките структури на банка на токму ЕУ. Ова се многу сериозни докази, кои водат до заклучок дека СДС и Венко Филипче како нејзин претседател, свесно манипулира и креира хистерија со цел да направи потрес на финансискиот пазар, што патем не им успеа, но не ги пере од одговорност. Ова се доволно силни основи ЈО да истражи и поведе постапка против Венко Филипче. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Кралицата на облините Ријана повторно провоцираКралицата на прекрасните облини , светската музичка ѕвезда Ријана повторно провоцира, нејзиниот буен задник во танга повторно ги „запали'“ мрежите.Атрактивното издание на мегапопуларната Ријана ни овој пат не разочара. Нејзиниот гол задник стана главна тема на интернет. Позната по своите атрактивни, често и провокативни изданија, Ријана и овој пат ја разгори имагинацијата на многумина. Таа се потруди својот бренд за убавина „Savage X Fenty“ да го претвори во главна тема на социјалните мрежи, а за таа цел ги искористи своите вештини за заведување, како и своите облини. Имено, Ријана објави неколку промотивни фотографии за новогодишната колекција долна облека. Како што може да се види, фотографиите откриваат повеќе отколку што би требало, што предизвика големо внимание, но и збунетост кај корисниците на интернет.Тагови: Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЗидан: Би сакал да го тренирам ЈувентусПред дербито од петтото коло во Лигата на нации против Италија, селекторот на Франција, Зинедин Зидан, се осврна и на можноста за враќање на Апенинскиот полуостров. Поточно во Јувентус, клубот каде што францускиот виртуоз настапуваше од 1996 до 2001 година. Селекторот на „триколорите“ откри дека би бил отворен за преземање на кормилото на „Старата дама“. „Би сакал еден ден да го тренирам Јувентус. Би ми било драго. Но, во фудбалот никогаш не се знае што може да се случи“, изјави Зидан. Франција и Италија ќе се соочат на Апенинскиот Полуостров во дуел што ќе одлучува за првото место во групата А од највисоката дивизија на Лигата на нации. „Знаеме дека кога ќе се фокусираат, Италијанците можат да одиграат на високо ниво – особено во одбраната“. Зидан исто така откри дека Килијан Мбапе нема да настапи. „Чувствуваше болка, а ние генерално се обидуваме да избегнуваме ризици со нашите играчи. Сепак, се надевам дека ќе биде на располагање за недела (против Турција)“, истакна легендарниот предводник на триколорите. Италија и Франција играат во четврток во 20:45 часот.Тагови: Зинедин Зидан Јувентус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter